Македонија
Разрешена судијката Софија Лаличиќ

Судскиот совет ја разреши Софија Лаличиќ од судиската функција.
11 членови на Судскиот совет се изјасниле „за“ нејзиното разрешување, а двајца биле „против“.
Лаличиќ е најмладата судијка во скопскиот Основен суд 1, која својата кариера ја почнала на 28 години.
Таа беше истражувана и од некогашното Специјално јавно обвинителство, бидејќи поседуваше телефонски разговори и смс комуникација помеѓу разрешената судијка и ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков. Поради ова, таа беше изземена и од одлучувањата за предметите на СЈО.
„Донесена е одлука со која е продолжена постапката по едно барање за утврдување на одговорност на судија/претседател на суд. Донесена е одлука со која еден судија се разрешува од вршење на судиската функција поради нестручно и несовесно вршење на судиската функција и истовремено донесена е одлука со која времено се оддалечува од вршење на судиската функција до правосилно завршување на постапката“, велат од Судскиот совет.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Забрана за камиони на регионалниот пат Дебар – Маврово

Од 06:50 часот поради врнежи од снег, воведена е забрана за сообраќај на товарни моторни возила на регионалниот пат Дебар – Маврово, извести АМСМ.
Од 06:45 часот сообраќајот на патниот правец село Живалево – село Туралево е нормализиран.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патниот правец Живалево – Туралево

Од 06:45 часот сообраќајот на патниот правец село Живалево – село Туралево е нормализиран, извести АМСМ.
Од 05:00 часот, поради одрон, сообраќајот на тој патен правец беше во прекин и се одвиваше наизменично, по една коловозна лента.
Македонија
Одрон на патниот правец Живалево – Туралево, сообраќајот се одвива по една коловозна лента

Од 05:00 часот на патниот правец село Живалево – село Туралево има одрон, сообраќајот се одвива наизменично по една коловозна лента.
Во 03:40 часот се укинува забраната за тешки товарни возила према превој Стража, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.