Македонија
Рангелова: Ја докажав правдата и слободно можам да се пресметам со тие кои ме обвинуваа
Експратеничката Даниела Рангелова, која е ослободена во предметот „Насилство во Центар“, по судењето, на сведоците кои лажно сведочеле против неа им порача да им служи на чест. Таа не очекува напад од ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи, како што рече, слободно ќе може да возврати на сите кои ќе ја нападнат.
„Ако не бев во овој обвинителен акт, послободно ќе можев да делувам. Бев обвинувана дека ќе се пазарам, сега ја докажав правдата и слободно можам да се пресметам со тие кои ме обвинуваа. Вербално, секако. Жал ми е што 4 години требаше да се докажуваме. Со овие аргументи, се докажа спротивното од тоа што го тврдеше Мицкоски и компанија, па сега, можеме лично да се пресметаме на еден дуел, ако мисли да треба да излезе со мене. Можеби не се чувствува достоинствено да излегува со некои бивши функционер од партијата, но со оглед на моето партиско искуство, би сакала очи во очи да се пресметаме кој одработувал за оваа власт, дали ние или тој“, рече Рангелова.
Сега, во предметот остануваат обвинети Миле Јанакиески, Никола Груески, кој е амнестиран од експретседателот на државата, Ѓорѓе Иванов и уште неколкумина кои се товарат дека го извршиле насилството пред општината.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја делови од Центар и Аеродром
Без струја денеска ќе останат дел од корисниците од општините Центар и Аеродром.
„Од ЕВН Македонија АД добивме известување дека на ден 14.01.2026 година ( среда ) без електрична енергија ќе останат: – во периодот од 09.00 до 11.00 часот, корисниците од ул. Наум Наумовски Борче бр. 65 и околните стамбени објекти околу него. (општина Центар). Во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од дел од ул.Ѓорѓи Андеевиќ Кун во близина на училиштето Димитар Македонски (општина Аеродром)“, информира РЦУК – Скопје.
Македонија
Сообраќајот на патот Скопје – Штип е во целосен прекин поради запалено товарно возило
Сообраќајот на патниот правец Скопје – Штип е во целосен прекин, поради опожарено тешко моторно возило, четири километри пред патарината „Преод“, информира АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Лидерска средба за техничката влада, СДСМ одби да учествува
Во Клубот на пратениците денеска треба да се одржи лидерска средба на премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, со претседателите на парламентарните партии кои имаат пратенички групи во Собранието.
На средбата треба да се разговара за реформските закони од правосудството, за изборот на народен правобранител, за Изборниот законик и за укинување на техничката влада, но и за други прашања.
СДСМ одби да учествува на средбата. Левица најави присуство, како и коалициските партнери во Владата – ЗНАМ и и ВРЕДИ.
Вчера попладне, своето присуство го потврди и лидерот на ДУИ, Али Ахмети.
Претседателот на СДСМ Венко Филипче, ја одби поканата со образложение дека се против тоа во иднина да нема техничка влада која, како што образложи е гаранција за фер избори, а дека за реформските закони ќе гласаат во Собрание.

