Македонија
Расправата за нацрт-амандманите на Уставот продолжува утре

Собраниската расправата уставните амандмани продолжува утре во 11 часот, откако на денешната 64-та седница не беше исцрпена листата на околу четириесетина пратеници пријавени за збор.
За секој од четирите амандмани предвидена е дебата во траење од три дена, а пленарната седница би можела да трае 12 дена.
Во оваа фаза за усвојување на амандманите потребен ќе биде 61 глас.
По усвојувањето на уставните амандмани во Собранието, Владата ќе треба да организира јавна расправа од три дена, по која што ќе треба да достави извештај до Собранието.
Финалното носење на амандманите ќе следи по владиниот извештај, кога претседателот на Собранието, Талат Џафери е должен во рок од 30 дена да закаже нова седница, за која повторно ќе биде потребно двотретинското мнозинство.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Нормализиран сообраќајот на автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца, соопшти МВР

Министерството за внатрешни работи известува дека е пуштен за сообраќај автопатот од наплатната рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правци.
Истиот поради пожар кој настана попладнево (17.07.2025) беше затворен за сообраќај.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патниот правец од Скопје кон патарина Миладиновци

Во 21.25 часот сообраќајот на патниот правец од Скопје кон патарина Миладиновци е нормализиран, соопшти АМСМ.
Сообраќајот во спротивниот правец ќе биде пуштен штом се создадат услови.
Македонија
МВР: Поради пожар, затворен за сообраќај автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека поради пожар кој настана попладнево (17.07.2025), затворен за сообраќај е автопатот од наплатната рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правци.
Возилата се пренасочуваат кон Петровец.
МВР со апел до граѓаните, да не се упатуваат кон овој дел од автопатот се додека не се создадат услови за повторно пуштање на сообраќајот.