Македонија
Регистрирани нови 442 случаја на Ковид-19, починале 10 луѓе
Министерството за здравство информира, во согласност со податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа направени се 2.939 тестирања, а регистрирани се 442 нови случаја на Ковид-19:
Скопје – 168, Битола – 41, Прилеп – 31, Кавадарци – 24, Охрид – 15, Куманово, Велес, Штип, Струмица и Кочани – по 13, Делчево – 11, Ресен и Валандово – по 10, Демир Хисар – 9, Неготино и Берово – по 8, Гевгелија, Свети Николе, Крива Паланка и Радовиш – по 7, Тетово – 3, Македонска Каменица – 2, Гостивар, Кичево, Струга, Виница, Пробиштип, Кратово, Богданци, Македонски Брод и Пехчево – по 1.
Регистрирани сe 373 оздравени пациенти, и тоа од: Скопје – 165, Прилеп – 36, Битола – 27, Крива Паланка – 15, Куманово – 14, Кочани – 13, Охрид – 11, Кавадарци и Кратово – по 9, Струмица и Неготино – по 8, Демир Хисар – 7, Штип, Ресен и Кичево – по 6, Гевгелија – 5, Велес, Берово и Радовиш – по 4, Тетово, Струга и Пробиштип – по 3, Виница – 2, Свети Николе, Богданци, Пехчево, Крушево и Демир Капија – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 5 починати лица: 2 од Скопје (57 и 78) и по едно починато лице од Делчево (83), Кочани (77) и Крива Паланка (84). Од пријавените, сите лица се починати во болнички услови.
Дополнително, во согласност со регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од „Мој термин“, пријавени се 5 починати лица со датум на смрт од 11.11.2021 до 22.11.2021. Регистрирани се починати лица од Охрид (1), Делчево (1), Македонска Каменица (1), Тетово (1) и од Кочани (1). Починатите лица се на возраст од 65 до 86 години, од кои едно лице е починато во домашни услови, а 4 лица во болнички услови.
Направени се 2.939 теста преку: ИЈЗ-338, ЦЈЗ Скопје-73, ЦЈЗ Битола-69, ЦЈЗ Прилеп-45, ЦЈЗ Тетово–35, ЦЈЗ Куманово-57, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8 Септември-0, Институт за микробиологија–179, Жан Митрев (Филип Втори)-100, Авицена-151, Биотек-125, Систина-40, лабораторија Лаор-115, Синлаб-12, Ремедика-17, Плодност–51, Генеа-7, Никоб лаб-261, ВФВ Медикал-43, Ели Медика-24, Ројал Медика–15, Спектра-ММ-7, Рапид Лаб–2, Жан Митрев Струмица–0, Нова Лаб Дијагностика–0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.173.
Досега во земјата се направени вкупно 1.456.023 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 213.307, бројот на оздравени пациенти е 197.493, на починати е 7.474, а бројот на активни случаи изнесува 8.339.
Според епидемиолошки анализи, во моментот дистрибуцијата по градови е следна:
Дистрибуција по градови Заболени (вкупно) Активни случаи (вкупно)
Скопје 93.200 3.832
Куманово 12.791 266
Тетово 11.279 152
Прилеп 10.071 419
Битола 8.447 685
Гостивар 8.057 37
Велес 7.229 363
Кавадарци 6.837 311
Штип 6.529 204
Охрид 6.373 258
Струмица 6.053 150
Кичево 4.212 88
Кочани 3.940 210
Струга 3.891 59
Гевгелија 2.761 156
Неготино 2.544 85
Свети Николе 2.094 72
Крива Паланка 1.854 141
Ресен 1.715 105
Радовиш 1.704 77
Дебар 1.454 0
Берово 1.395 100
Делчево 1.350 140
Виница 1.140 43
Пробиштип 1.103 34
Валандово 912 49
Кратово 750 61
Богданци 636 40
Демир Хисар 595 84
Крушево 575 23
Македонски Брод 487 8
Демир Капија 421 7
Македонска Каменица 401 62
Пехчево 347 16
Дојран 159 2
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сиљановска-Давкова со раководството на Факултетот за музичка уметност: потенцирана важноста на едукативната и педагошката работа
По повод големиот јубилеј 60 години постоење и дејност на Факултетот за музичка уметност, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ги прими деканката проф. м-р Дарија Андовска, продеканката за настава и наука, проф. д-р Соња Здравкова-Џепаровска и продеканката за концертна дејност, вонр. проф. м-р Марија Вршкова.
За деканката Андовска успехот на факултетот е резултат на големото музичко знаење, љубов, креативност, труд и посветеност на повеќето генерации наставен кадар.
Јубилејот добива на тежина и значење заради фактот дека за релативно кусо време, вработените постигнале далеку поголеми резултати од факултетите, односно музичките академии од регионот, стари и по стотина години.
Честитајќи им го роденденот, претседателката ја потенцираше важноста на едукативната и педагошката работа на Факултетот, којшто изнедрил музички и уметнички великани како Симон Трпчевски.
За Сиљановска-Давкова, неспорна и непроценлива е амбасадорската улога на нашите музички уметници во промоцијата на македонската држава ширум светот.
Таа со задоволство ја прифати поканата да биде покровителка на јубилејот на институцијата којашто е расадник на уметници без кои не може да се замисли успешната работа на Филхармонијата, Националната опера и балет, Националниот џез оркестар, како и на бројните ансамбли и оркестри.
Професорките ја запознаа претседателката со тешките предизвици од финансиска и просторна природа, хроничниот недостиг на инструменти и опасноста од згаснување на некои катедри во отсуство на кадар.
Тие очекуваат преиспитување и измена на низа предложени решенија од новиот Закон за високо образование во претстојната дебата.
Македонија
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по наместа влажни коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по наместа влажни коловози.
Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 година.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Сите патишта водат кон Будимпешта, со владин авион кај шефот и на море, велат од СДСМ
Главна дестинација на владинот авион е релацијата Скопје-Будимпешта. Дури седум пати летале до шефот, во главниот град на Унгарија, според информациите за летањето на владиниот авион кои ги објавија медиумите, велат од СДСМ.
„Сите во Будимпешта, со владин авион, на консултации и по работни задачи кај шефот.
Наместо да лежи во Идризово, ВМРО му подготвува враќање на Никола Груевски.
Затоа и беа тргнати потпретседателите.
Нема повеќе потпретседатели, нема внатрешна конкуренцијам се расчистува патот за единствениот претседател на ВМРО, Груевски.
Мицкоски е само чувар на фотелјата.
Мора да се обезбеди безбеден терен за враќање на газдата“.
Според опозиционата партија, Мицкоски, Николовски, Силјановска најмногу го користеле владинот авион.
„Толку многу се шета, Мицкоски дури и на Јадран оди со владин авион на капење.
Затоа мора да се купува нов авион, да се даваат милиони евра народни пари“, прашуваат од СДСМ.

