Македонија
Регистрирани нови 50 позитивни случаи на Ковид-19, нема починати
Во согласност со податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 523 теста, а регистрирани се 50 нови случаи на Ковид-19.
Во текот на изминатите 24 часа не се пријавени починати лица. Во согласност со регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од „Мој термин“, нема регистрирани починати лица.
Според епидемиолошките анализи, во моментот дистрибуцијата по градови е следна:
Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)
Скопје 162.117, Активни 209
Куманово 18.242, Активни 3
Битола 17.980, Активни 18
Прилеп 15.541, Активни 23
Тетово 14.475, Активни 2
Кавадарци 12.094, Активни 7
Велес 10.811, Активни 3
Охрид 10.320, Активни 6
Гостивар 10.277, Активни 2
Струмица 8.781, Активни 0
Штип 8.767, Активни 5
Кичево 6.075, Активни 0
Кочани 5.544, Активни 0
Струга 5.173, Активни 0
Гевгелија 4.884, Активни 0
Неготино 4.149, Активни 4
Ресен 3.029, Активни 0
Радовиш 2.836, Активни 0
Свети Николе 2.795, Активни 0
Крива Паланка 2.660, Активни 0
Делчево 2.183, Активни 0
Берово 1.875, Активни 0
Дебар 1.812, Активни 0
Валандово 1.600, Активни 0
Виница 1.478, Активни 0
Пробиштип 1.299, Активни 0
Кратово 1.132, Активни 1
Богданци 1.102, Активни 0
Крушево 1.039, Активни 1
Демир Хисар 929, Активни 0
Македонски Брод 800, Активни 0
Демир Капија 628, Активни 0
Македонска Каменица 534, Активни 0
Пехчево 519, Активни 0
Дојран 370, Активни 0
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

