Македонија
Регистрирани се 16 нови случаи на Ковид 19, починати се 7 лица
Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа се направени 3.109 тестирања, а регистрирани се 16 нови случаи на Ковид-19 од: Скопје – 8, Куманово – 2, Битола, Тетово, Гостивар, Струга, Гевгелија и Свети Николе – по 1 лице.
Регистрирани се 38 оздравени пациенти од: Скопје – 17, Велес и Радовиш – по 4, Охрид – 3, Тетово, Кавадарци, Кичево и Македонски Брод – по 2, Пробиштип и Македонска Каменица – по 1 лице.
Пријавени се вкупно 7 починати лица: 2 лица од Скопје (77г и 73г) и по едно лице од Битола (67г), Тетово (71г), Кичево (80г), Кавадарци (86г) и Кочани (70г).
Од пријавените, 2 лица се починати во домашни, а останатите 5 во болнички услови.
Направени се 3.109 тестови преку: ИЈЗ-458, ЦЈЗ Скопје-47, ЦЈЗ Битола-70, ЦЈЗ Прилеп-47, ЦЈЗ Тетово–24, ЦЈЗ Куманово–47, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-4, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија 0, ГОБ 8-ми Септември-11, Институт за микробиологија–85, МАНУ-40, Жан Митрев (Филип Втори)-221, Авицена-339, Биотек-526, Систина-175, лабораторија Лаор-287, Синлаб-121, Ремедика-51, Плодност–45, Генеа–41, Никоб лаб-140, ВФВ Медикал-22, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 308.
Досега во земјата се направени вкупно 807.837 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.379, бројката на оздравени пациенти е 148.910, на починати е 5.442, а бројот на активни случаи изнесува 1.027.
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
Скопје 68555, Активни 427
Куманово 8840, Активни 109
Прилеп 8307, Активни 57
Тетово 7218, Активни 43
Битола 6296, Активни 51
Велес 5468, Активни 10
Гостивар 5177, Активни 26
Кавадарци 5153, Активни 8
Охрид 5006, Активни 51
Штип 4959, Активни 16
Струмица 4111, Активни 37
Струга 2981, Активни 23
Кочани 2789, Активни 13
Кичево 2568, Активни 41
Гевгелија 2194, Активни 10
Неготино 2184, Активни 8
Свети Николе 1523, Активни 10
Ресен 1234, Активни 9
Крива Паланка 1219, Активни 3
Радовиш 1159, Активни 22
Берово 1029, Активни 2
Делчево 971, Активни 9
Дебар 940, Активни 1
Виница 882, Активни 18
Пробиштип 789, Активни 0
Валандово 666, Активни 1
Богданци 494, Активни 2
Крушево 490, Активни 4
Демир Хисар 399, Активни 5
Демир Капија 396, Активни 0
Кратово 374, Активни 7
Македонски Брод 359, Активни 1
Пехчево 268, Активни 0
Македонска Каменица 249, Активни 3
Дојран 132, Активни 0
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен сообраќаен режим утре и задутре во Тетово поради предизборни митинзи
СВР Тетово информира дека поради одржување на митинзи на политичките партии во рамки на предизборната кампања во следните два дена (недела и понеделник) ќе има посебен сообраќаен режим во центарот на градот.
– Ќе се воведе посебен режим на сообраќајот и тоа по булевар „Илирија“од влезот на Тетово сè до плоштадот, односно кружниот тек со булевар „Илинденска”, при што нема да се дозволува паркирање на возилата низ булеварот. Исто така, за време на митинзите сообраќајот ќе биде пренасочен по другите улици, и тоа по улиците „ЈНА“, „Тодор Ципоски-Мерџан”, „Јане Сандански“ и улица „Никола Тесла“, се вели во соопштението на СВР Тетово.
Отттаму со апел возачите да бидат трпеливи и да ги почитуваат наредбите што ќе ги издаваат полициските службеници.
Македонија
Ковачевски: Имаме задача да не се откажеме од европскиот сон за подобра и просперитетна држава за идните генерации
„Нашата генерација има задача да не се откаже од европскиот сон на земјата и да направи сè за Македонија да стане рамноправна членка на Европската Унија“, порача претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, на митингот на Коалицијата за европска иднина во Кичево.
Ковачевски истакна дека денеска кога чествуваме 121 година од смртта на македонскиот револуционер, идеолог и учител, Гоце Делчев, важно е да се потсетиме дека низ историјата нашиот народ не се откажувал дури ни пред најтешките предизвици. Порача дека 8 мај е нов историски крстопат, денот кога сите прогресивни и демократски сили во државата треба да одлучат државата одлучно да продолжи на патот кон Европската Унија.
„Само така ќе изградиме подобра и просперитетна држава за идните генерации. Држава со европски животен стандард, европски вредности, европски правила на игра“, рече Ковачевски.
Ако ВМРО ДПМНЕ и Силјановска се дограбат до власта, ќе стават рампа на патот на Македонија кон Брисел и ќе можеме да се збогуваме од ЕУ, истакна Ковачевски.
„Не смееме да ја повториме грешката од минатото и да дадеме преголема моќ во рацете на десничарска партија како ВМРО ДПМНЕ. Уште се свежи раните што ѝ ги нанесоа на државата за време на нивното 11-годишно владеење на Македонија. Сетете се на заробените медиуми, замолчените вработени во јавниот сектор, натепаните студенти во библиотеките и плоштадите. Сетете се на милионите потрошени за жални врби, лажен барок, евтин стиропор само за да се богатат поединци од ВМРО – ДПМНЕ“, истакна Ковачевски.
Лидерот на СДСМ пред граѓаните на Кичево најави повисоки плати и пензии, пакети за поддршка на учениците и студентите, одговорна социјална политика и одлучна борба против криминалот и корупцијата.
Македонија
Проданоски: Експресниот пат Градско-Прилеп ни од далеку не е готов, да ставиме крај на лагите на СДСМ на 8 мај
Тука сме на лице место за да ги разобличиме лагите кои што СДСМ се обидуваат да ги пласираат до јавноста, рече Дејан Проданоски, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.
– Овде во Дреновската клисура каде што сме на самиот старт на почетни градежни активности, а за кои што слушнавме дека во 90 % експресниот пат е завршен. Овие се истите лаги исто како оние на почетокот на нивниот мандат кога Фејсбук и Гугл чекаа на граница, истите лаги како фабриката за автомобили во Тетово. Но, македонските граѓани треба да видат и да знаат дека овде на ова место е сам старт на почеток на градежни активности, а не е видлив ниту крајот на она како што тие сакаат да го пласираат. Да не зборувам тука и за третата фаза од експресниот пат за која што има обезбедено средства и за која што можеше исто да биде завршена ако не беа платени пеналите кон компанијата на која што и се бараше рекет за да остане да го гради автопатот и се изгуби значително голем период од изградба на патот и барање на друга компанија, рече тој.
На лагите од СДСМ им нема крај, овие лаги мора да завршат, затоа на 8-ми мај ве повикувам сите да заокружите број 2 за да и ова автопатско решение биде завршено и биде ставено во функција на секој граѓанин на Република Македонија, додаде Проданоски.