Македонија
Регистрирани 9 нови случаи на Ковид-19, нема починати лица
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.743 тестирања, а регистрирани се 9 нови случаи на Ковид-19: Тетово – 6, Гостивар – 2 и Охрид – 1 лице.
Регистрирани се 10 оздравени пациенти, и тоа од: Скопје – 5, Струмица – 3, Крива Паланка и Кичево – по 1 лице.
Не се регистрирани починати пациенти, соопштија од Министерството за здравство.
Направени се 2.743 теста преку: ИЈЗ – 437, ЦЈЗ Скопје – 37, ЦЈЗ Битола – 40, ЦЈЗ Прилеп – 38, ЦЈЗ Тетово – 25, ЦЈЗ Куманово – 23, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби – 0, Судска медицина – 6, лабораторија во болницата во Козле – 0, УК Пулмологија со алергологија – 1, ГОБ „8 Септември“ – 7, Институт за микробиологија – 21, МАНУ – 0, „Жан Митрев“ („Филип Втори“) – 48, „Авицена“ – 137, „Биотек“ – 143, „Систина“ – 78, лабораторија „Лаор“ – 94, „Синлаб“ – 185, „Ремедика“ – 9, „Плодност“ – 18, „Генеа“ – 12, „Никоб лаб“ – 382, „ВФВ медикал“ – 16, ЈЗУ и ПЗУ (рапид-тест) – вкупно 986.
Досега во земјата се направени вкупно 897.647 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.741, бројката на оздравени пациенти е 150.114, на починати е 5.486, а бројот на активни случаи изнесува 141.
Според епидемиолошки анализи, во моментот дистрибуцијата по градови е следна:
Скопје 68.685, активни 50
Куманово 8.884, активни 11
Прилеп 8.328, активни 6
Тетово 7.263, активни 24
Битола 6.309, активни 5
Велес 5.474, активни 2
Гостивар 5.185, активни 4
Кавадарци 5.155, активни 2
Охрид 5.021, активни 11
Штип 4.960, активни 0
Струмица 4.123, активни 6
Струга 2.982, активен 1
Кочани 2.792, активни 0
Кичево 2.600, активни 13
Гевгелија 2.195, активни 0
Неготино 2.184, активни 0
Свети Николе 1.524, активни 0
Ресен 1.234, активни 0
Крива Паланка 1.227, активен 1
Радовиш 1.161, активни 0
Берово 1.032, активни 3
Делчево 973, активни 0
Дебар 942, активен 1
Виница 886, активени 0
Пробиштип 789, активни 0
Валандово 667, активни 0
Богданци 494, активни 0
Крушево 490, активни 0
Демир Хисар 400, активни 0
Демир Капија 396, активни 0
Кратово 377, активни 0
Македонски Брод 359, активни 0
Пехчево 269, активен 1
Македонска Каменица 249, активни 0
Дојран 132, активни 0
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
До ДИК поднесени приговори за резултатите во Брвеница, Шуто Оризари и Карпош
До претпладнево, во Државната изборна комисија (ДИК) се поднесени вкупно 16 приговори во врска со постапката за сумирање и утврдување на резултатите од вториот круг на локалните избори, одржан во неделата, на 2 ноември.
Хаким Рамадани кој беше поддржан од коалицијата Влен за градоначалник на Брвеница, поднел приговори за постапката за сумирање и утврдување на резултатите на избирачките места 2034, 2033, 2032 и 2035 во Брвеница.
Коалицијата „Твоја Македонија“ поднела десет приговори за избирачки места во Шуто Оризари, а приговори поднел и Сојузот на Ромите.
Приговори поднела и коалицијата „Искуство за успех“ за две избирачки места во Карпош.
Рокот за поднесување на приговори истекува денеска во 16:30 часот, односно 48 часа по објавувањето на првичните резултати.
Македонија
„Влен“: Ако за ДУИ промената значи само смена на координаторот Беџети, тогаш го запечати својот политички крај
Движењето ВЛЕН во соопштение оцени дека дебаклот бил јасен како ден и дека ДУИ е избришана од политичката карта.
„Сите го видоа, сите знаат дека ДУИ е избришана од политичката карта. Само оние што ја уништија, денес се прават дека не разбираат. Наместо да го прифатат крајот, тие измислуваат теории на заговор како што некогаш правеше нивниот пријател кој сега живее во егзил, Никола Груевски. Тие измислуваат имагинарни непријатели и следни ‘виновници’, но никогаш себеси. Две децении ја хранеа власта со лаги и страв, а денес, кога народот им ја затвори вратата, немаат ни минимално достоинство да молчат. ДУИ не падна случајно, туку беше соборена од ароганцијата, измамата и кражбата што ја претворија во партиска култура,“ се наведува во реакцијата.
Од ВЛЕН додаваат дека најавите за анализа во партијата не се искрени:
„Велат дека ќе ‘анализираат’. Но, каква анализа е ова, кога пред јавноста се појавуваат истите лица што ја уништија партијата? Наместо размислување, тие продолжуваат со пропаганда. Блерим Беџети повторно се појавува на сцената, човекот кој симболизира сè што Албанците го отфрлија: ароганција, неморал и навреда на интелигенцијата на граѓаните. Со секое јавно појавување, ДУИ уште еднаш го запечатува својот неуспех, докажувајќи дека повеќе нема идеи, нема морал и нема луѓе што можат да ја спасат од колапс.“
Во соопштението се вели и дека најавените реформи во ДУИ се само формални:
„Сега дури се двоумат да го употребат зборот ‘реформа’ и да го заменат со формулата ‘да им се даде простор на новите генерации’. Но, како го започнуваат ова? Со тоа што како знак на промена објавуваат дека Блерим Беџети повеќе нема да биде координатор на пратеничката група! Ова е ‘реформата’ што ДУИ ја ветува за поместување на столчињата, но не и на луѓето кои две децении станаа синоним за ароганција и злоупотреба. Ако за нив ‘промената’ започнува и завршува со Блерим Беџети, тогаш ДУИ го запечати својот политички крај,“ завршува соопштението на ВЛЕН.
Македонија
Министерството за дигитална трансформација со јавен повик за изработка официјални веб-страници
Како дел од иницијативата за дигитализација на локалната самоуправа, но и подобрување на комуникацијата на јавниот сектор со граѓаните преку современи дигитални решенија, Министерството за дигитална трансформација објавува Јавен повик до единиците на локална самоуправа и институциите од јавниот сектор во Република Северна Македонија за изработка на официјални веб страници.
Јавниот повик е во насока на унапредување на дигиталната инфраструктура и зголемување на транспарентноста и пристапноста на локалните самоуправи.
Право на пријавување имаат сите општини и институции од јавниот сектор во Република Северна Македонија, без разлика на нивната големина, број на жители или моменталниот статус на нивната веб страница.
Пријавите може да се достават најдоцна до 31.12.2025, електронски: [email protected] или на адреса: Министерство за дигитална трансформација, бул. Филип Втори Македонски, бр. 11, 1000 Скопје.
Пријавите ќе се обработуваат по принципот „прв дојден прв услужен“ се до пополнување на расположливиот број на општини и институции што можат да бидат опфатени. Министерството ќе ги известува пријавените општини и институции за статусот на нивната апликација.
Подетални информации на следниов линк
Министерството за дигитална трансформација ја охрабрува секоја општина и институција од јавниот сектор, да аплицира и да ја искористи можноста за модерна и интерактивна комуникација со своите граѓани.

