Македонија
Регистрирани 1.117 нови случаи на Ковид-19 и 22 починати лица
Министерството за здравство информира, во согласност со податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа направени се 3.513 теста, а регистрирани се 1.117 нови случаи на Ковид-19, и тоа во: Скопје – 575, Велес – 63, Куманово – 56, Битола – 54, Кавадарци – 44, Струмица – 38, Кичево – 33, Тетово – 32, Прилеп – 29, Гостивар – 24, Охрид – 20, Радовиш – 17, Гевгелија – 16, Штип и Неготино – по 15, Кочани – 12, Струга и Дебар – по 11, Ресен – 10, Крива Паланка – 9, Кратово – 5, Свети Николе, Берово и Валандово – по 4, Делчево и Богданци – по 3, Виница, Пробиштип и Крушево – по 2, Демир Хисар, Демир Капија, Македонски Брод и Пехчево – по 1.
Од вкупниот број позитивни (1.117), регистрирани се 154 реинфекции.
Регистрирани сe 1.059 оздравени пациенти, и тоа од: Скопје – 735, Куманово – 70, Битола – 49, Прилеп – 36, Тетово – 31, Охрид – 23, Гостивар – 20, Кичево – 17, Струга – 14, Штип – 13, Ресен и Радовиш – по 9, Кочани – 8, Струмица и Крива Паланка – по 6, Дебар и Демир Хисар – по 4, Делчево и Крушево – по 2, Валандово – 1.
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 14 починати лица: 8 од Скопје (66, 75, 75, 76, 77, 81, 82 и 85), две од Битола (68 и 78) и по едно од Куманово (89), Прилеп (80), Виница (72) и од Неготино (65). Од пријавените лица, 13 се починати во болнички услови, а едно во домашни услови.
Во согласност со регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од „Мој термин“, дополнително се пријавени 8 починати лица од: Скопје (2), Штип (1), Радовиш (1), Битола (1), Тетово (1), Делчево (1) и Богданци (1). Починатите лица се на возраст од 66 до 86 години. Лицата се пријавени во периодот од 3.2. до 15.2.2022. Од починатите лица, 4 се починати во домашни услови, а 4 во болнички услови.
Од вкупниот број починати лица, кај 21 лице се регистрирани коморбидитети.
Направени се 3.513 теста преку: ИЈЗ – 445, ЦЈЗ Скопје – 87, ЦЈЗ Битола – 111, ЦЈЗ Прилеп – 42, ЦЈЗ Тетово – 1, ЦЈЗ Куманово – 116, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби – 0, Судска медицина – 0, лабораторија во болницата во Козле – 20, УК Пулмологија со алергологија – 0, ГОБ „8 Септември“ – 0, Институт за микробиологија – 180, „Жан Митрев“ („Филип Втори“) – 80, „Авицена“ – 100, „Биотек“ – 153, „Систина“ – 69, лабораторија „Лаор“ – 63, „Синлаб“ – 16, „Ремедика“ – 14, „Плодност“ – 45, „Генеа“ – 6, „Никоб лаб“ – 259, „ВФВ медикал“ – 60, „Ели медика“ – 32, „Ројал медика“ – 8, „Спектра-ММ“ – 20, „Рапид лаб“ – 20, „Жан Митрев Струмица“ – 9, „Нова лаб дијагностика“ – 5, „Рамус“ – 29, ЈЗУ и ПЗУ (рапид-тест) – вкупно 1.523.
Досега во земјата се направени вкупно 1.859.233 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 290.915, бројот на оздравени пациенти е 273.243, на починати е 8.851, а бројот на активни случаи изнесува 8.821.
Според епидемиолошките анализи, во моментот дистрибуцијата по градови е следна:
Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)
Скопје 134.504, Активни 4.974
Куманово 15.903, Активни 392
Битола 13.905, Активни 413
Прилеп 13.349, Активни 254
Тетово 13.216, Активни 339
Кавадарци 9.906, Активни 345
Гостивар 9.292, Активни 179
Велес 9.184, Активни 339
Охрид 8.391, Активни 153
Штип 7.836, Активни 98
Струмица 7.787, Активни 214
Кичево 5.284, Активни 146
Кочани 4.889, Активни 93
Струга 4.589, Активни 77
Гевгелија 4.123, Активни 128
Неготино 3.539, Активни 148
Свети Николе 2.596, Активни 58
Ресен 2.525, Активни 57
Радовиш 2.449, Активни 61
Крива Паланка 2.338, Активни 57
Делчево 1.875, Активни 24
Берово 1.697, Активни 21
Дебар 1.578, Активни 36
Валандово 1.507, Активни 40
Виница 1.354, Активни 20
Пробиштип 1.281, Активни 10
Богданци 980, Активни 41
Кратово 920, Активни 18
Крушево 869, Активни 16
Демир Хисар 805, Активни 14
Македонски Брод 680, Активни 17
Демир Капија 536, Активни 20
Македонска Каменица 519, Активни 3
Пехчево 455, Активни 12
Дојран 254, Активни 4
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Облачно со дожд и засилен јужен ветер, заладување кон крајот на неделата
Времето денес ќе биде облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен, а наместа засилен ветер од јужен правец. Минималните температури ќе се движат од 3 до 9 степени, додека максималните дневни ќе достигнат од 6 до 14 степени.
Во Скопје се очекува променливо облачно време со услови за повремен дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 3 степени, а максималната ќе достигне до 10 степени.
Под влијание на нестабилна воздушна маса, до крајот на неделата времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, кои наместа ќе надминат 20 литри на метар квадратен. До среда ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од јужен правец.
Во четврток и петок ветерот ќе го промени правецот во северен, што ќе услови пад на температурите.
Македонија
Денес ќе биде погребан Зоки Панкер
Последното збогување со Зоран Тодоровски – Панкер, сопственик на клубот „Балет“ ќе се одржи денес, 5 јануари, на Градските гробишта Бутел.
Капелата ќе биде отворена од 13:00 до 14:30 часот, а погребот ќе се одржи по завршувањето на обредот во капелата.
„Скопје се простува со човек кој остави трага, дух и став. Нека почива во мир“, наведуваат неговите пријатели на социјалните мрежи.
Македонија
Мицкоски за Венецуела: Апсолутно стоиме до потезите на САД
Ние како Влада апсолутно стоиме до аргументите и потезите на нашиот стратешки партнер – Соединетите Американски Држави. Мене најмногу ме зaгрижува громогласната тишина на истите тие европски и светски земји во минатото кога меѓународното право се кршеше на грбот на Македонија и македонскиот народ.
Ова го изјави премиерот Христијан Мицкоски денеска прашан за позицијата на нашата држава во однос на приведувањето на венецуелскиот претседател Николас Мадуро од страна на САД, кое министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски вчера го поздрави, наспроти воздржаноста на земјите во Европа кон оваа акција и нивниот став дека со неа се поткопува меѓународното право.
Во изјава за медиумите при посетата на Сопиште денеска Мицкоски кажа дека „таквиот коментар би им го оставил на експертите по меѓународно право“.
– И како тогаш сите тие се оглувеа и никој од нив не го коментираше сето тоа. И како сега наеднаш, сите тие коментираат дали било тоа меѓународно право или не било меѓународно право итн., имајќи предвид дека познавам голем дел од тие што коментираат, а не се меѓународноправни експерти. Јас тоа би им го оставил на експертите по меѓународно право. Но, еднаш кога во животот ќе направите исклучок, тој потоа станува пракса и е прашање на време кога ќе се удри од вашиот грб, рече Мицкоски.
На прашање дали е тоа преседан што отсега може да се случи каде било, Мицкоски повторно укажа на случајот со нашата земја и одговори дека „преседанот е направен уште кога се менуваше знамето на оваа држава за да биде земја членка на ОН“.
– Кога се менуваше Уставот, кога се менуваше уставното име и се лажеа луѓето дека за рок од три-четири години ќе станеме членка на Европската Унија, членка на НАТО итн. Тоа се вистински преседани… Имаше и Хашка пресуда дека не треба да се блокира Македонија, па се блокираше и тогаш имаше громогласна тишина од сите тие што денеска коментираат… А дали ова е преседан или не е, ние како Влада апсолутно стоиме до аргументите и потезите на нашиот стратешки партнер – Соединетите Американски Држави, изјави Мицкоски.

