Македонија
Регистрирани рекордни 1.725 нови случаи на коронавирус во Македонија
Согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа направени се 7.472 тестирања, а регистрирани се 1.725 нови случаи на КОВИД-19:
Скопје – 1028, Битола – 148, Прилеп – 112, Охрид – 61, Куманово – 52, Кавадарци – 43, Гевгелија – 32, Штип – 31, Струмица – 24, Тетово – 22, Гостивар – 21, Кичево – 20, Велес – 16, Кочани – 14, Делчево – 13, Крушево – 12, Струга – 10, Радовиш и Валандово – по 8, Ресен – 7, Неготино – 6, Свети Николе, Крива Паланка, Берово, Пробиштип и Македонски Брод – по 4, Кратово и Богданци – по 3, Виница, Демир Хисар, Македонска Каменица и Пехчево – по 2, Дебар, Демир Капија и Дојран – по 1.
Регистрирани сe 332 оздравени пациенти од: Скопје – 185, Битола – 27, Прилеп – 26, Кавадарци – 15, Велес и Ресен – по 11, Куманово – 9, Македонски Брод – 7, Охрид, Тетово и Кичево – по 5, Богданци – 4, Гевгелија, Штип, Струмица и Кочани – по 3, Делчево, Струга и Пробиштип – по 2, Гостивар, Радовиш, Валандово и Кратово – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 2 починати лица: по едно починато лице од Скопје (66г) и Неготино (76г). Пријавените лица се починати во болнички услови.
Направени се 7.472 тестови преку: ИЈЗ-432, ЦЈЗ Скопје-109, ЦЈЗ Битола-125, ЦЈЗ Прилеп-73, ЦЈЗ Тетово–22, ЦЈЗ Куманово-137, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-1, Судска медицина-1, лабораторија болница Козле-4, УК Пулмологија со алергологија –4, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–196, Жан Митрев (Филип Втори)-279, Авицена-506, Биотек-600, Систина-112, лабораторија Лаор-356, Синлаб-154, Ремедика-20, Плодност-117, Генеа-42, Никоб лаб-788, ВФВ Медикал-108, Ели Медика-75, Ројал Медика–66, Спектра-ММ-47, Рапид Лаб–51, Жан Митрев Струмица–18, Нова Лаб Дијагностика–20, Рамус-48, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 2.961.
Досега во земјата се направени вкупно 1.633.936 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 230.265, бројот на оздравени пациенти е 214.054, на починати е 8.002, а бројот на активни случаи изнесува 8.209.
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)
Скопје 102196, Активни 4711
Куманово 13277, Активни 181
Тетово 11490, Активни 93
Прилеп 11126, Активни 490
Битола 9767, Активни 665
Гостивар 8129, Активни 54
Кавадарци 7615, Активни 269
Велес 7595, Активни 142
Охрид 6996, Активни 324
Штип 6852, Активни 133
Струмица 6405, Активни 183
Кичево 4381, Активни 92
Кочани 4152, Активни 63
Струга 3972, Активни 48
Гевгелија 3048, Активни 155
Неготино 2682, Активни 65
Свети Николе 2168, Активни 26
Крива Паланка 1988, Активни 43
Ресен 1941, Активни 109
Радовиш 1852, Активни 59
Делчево 1500, Активни 48
Берово 1488, Активни 12
Дебар 1462, Активни 4
Виница 1185, Активни 7
Пробиштип 1157, Активни 15
Валандово 1078, Активни 70
Кратово 794, Активни 5
Богданци 708, Активни 36
Демир Хисар 661, Активни 25
Крушево 630, Активни 30
Македонски Брод 556, Активни 29
Демир Капија 440, Активни 7
Македонска Каменица 432, Активни 8
Пехчево 363, Активни 4
Дојран 179, Активни 4
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Херојот кој беше убиен во Вејце – Бобан Трајковски, доби споменик
Со почит кон споменот на бранителот Бобан Трајковски, на 28 април, во центарот на Куманово, во 12 часот, ќе биде откриен мурал со неговиот лик, во пресрет на 23-годишнината од неговата херојска смрт.
Бобан Трајковски, припадник на Баталјонот за специјални намени „Волци“ на Армијата на Република Македонија на 28 години го положи својот живот на олтарот на татковината против терористите од ОНА во 2001 година кај Вејце.
Муралот е изработен од талентираните уметници Младен Трендевски – Трендо, Горан и Дејвид (сограѓани на Бобан).
Организатори на настанот се Здружението СИЛА и колегите од специјалната единица ВОЛЦИ.
Скопје
Муцунски: Аеродром го заслужува најдоброто, започнува реализацијата на голем капитален проект
Градоначалникот на Општина Аеродром, заедно со претседателот на советот, Дејан Митески и директорката на основното училиште „Блаже Конески“ утрово на работен состанок ја утврдија динамиката по која до крајот на оваа школска година треба да започне реконструкцијата и доградбата на основното училиште „Блаже Конески“.
„Станува збор за важен инфраструктурен проект, онаков каков што заслужуваат граѓаните на Аеродром. По неговото финализирање, Аеродром ќе добие модерно и современо училиште, направено согласно сите европски стандарди, училиште кое ќе биде пример за квалитетна градба, одржливост и енергетска ефикасност“, истакна градоначалникот Муцунски во својата објавата на Фејсбук.
Тој додаде дека најважно од се е што реконструкцијата и доградбата нема да го наруши нормалното функционирање на училишните активности, а нивната организација ќе биде направена во консултација и согласно барањата на родителите, со кои утрово Муцунски одржа состанок.
Македонија
(Видео) Ковачки: Со над 800 милиони евра владата од ВМРО-ДПМНЕ ќе ги решава проблемите на земјоделците
„Благодарност за поканата на нашиот градоначалник Виктор Паунов, тука сме заедно и со кандидатот за пратеник Гордана Барбашка. Како што нашиот градоначалник работи и покрај опструкциите од централната власт, гледате дека се развива и се гради. Во иднина ние планираме да дадеме 250 милиони евра за сите општини во Република Македонија без разлика кој е на власт. Само во Карбинци ќе доделиме 1,8 милиони евра за сообраќајна и комунална инфраструктура, значи дополнително општините ќе се градат и дополнително ќе се развиваат“, рече Драган Ковачки, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и носител на Изборна единица 3.
„Како што работи нашиот градоначалник во Карбинци, така ќе работиме и ние на централно ниво. Дополнително за жителите од овој крај предвидуваме над 800 милиони евра во 4 годишен мандат за земјоделците што значи реконструкција на сите водоводни канали, да го решиме проблемот со водоснабдувањето, да го решиме проблемот со загарантираниот откуп, и да го решиме проблемот со загарантираната цена. Значи ќе отвораме и нови откупни центри.
Земјоделците од овој крај заслужуваат внимание, заслужуваат да си ја работат земјата тие, а не земјата да ја поседуваат феудалци како Љупчо Николовски и сличните на него.
Македонија е одлучна за промени, Македонија сака да биде горда, и Македонија заслужува да биде повторно твоја.
Затоа ги повикувам сите граѓани на 8 мај масовно да ни се приклучат да излеземе заеднички, да ставиме крај на овие црнила и овие сивила кои ги донесоа СДС и ДУИ“, изјави Драган Ковачки, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и носител на Изборна единица 3.