Македонија
Регистрирани 18 нови случаи на Ковид-19, нема починати лица
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.798 тестирања, а регистрирани се 18 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 11 , Тетово – 6 и Свети Николе – 1 лице.
Регистрирани сe 7 оздравени пациенти од: Скопје – 3, Битола, Струмица , Кичево и Берово – по 1 лице.
Не се регистрирани починати пациенти.
Направени се 2.798 тестови преку: ИЈЗ-142, ЦЈЗ Скопје-45, ЦЈЗ Битола-29, ЦЈЗ Прилеп-28, ЦЈЗ Тетово–18, ЦЈЗ Куманово–22, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-2, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија 9, ГОБ 8-ми Септември-7, Институт за микробиологија–29, Жан Митрев (Филип Втори)-54, Авицена-169, Биотек-147, Систина-79, лабораторија Лаор-119, Синлаб-146, Ремедика-7, Плодност–25, Генеа–2, Никоб лаб-461, ВФВ Медикал-57, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.201.
Досега во земјата се направени вкупно 917.179 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.840, бројката на оздравени пациенти е 150.146, на починати е 5.487, а бројот на активни случаи изнесува 207.
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
Скопје 68722, активни 74
Куманово 8887, активни 12
Прилеп 8328, активни 3
Тетово 7312, активни 70
Битола 6310, активни 4
Велес 5474, активни 0
Гостивар 5189, активни 8
Кавадарци 5155, активни 2
Охрид 5021, активни 11
Штип 4961, активни 1
Струмица 4123, активни 4
Струга 2985, активни 4
Кочани 2792, активни 0
Кичево 2600, активни 11
Гевгелија 2195, активни 0
Неготино 2184, активни 0
Свети Николе 1525, активни 1
Ресен 1234, активни 0
Крива Паланка 1227, активни 0
Радовиш 1161, активни 0
Берово 1032, активни 1
Делчево 973, активни 0
Дебар 942, активни 1
Виница 886, активни 0
Пробиштип 789, активни 0
Валандово 667, активни 0
Богданци 494, активни 0
Крушево 490, активни 0
Демир Хисар 400, активни 0
Демир Капија 396, активни 0
Кратово 377, активни 0
Македонски Брод 359, активни 0
Пехчево 269, активни 0
Македонска Каменица 249, активни 0
Дојран 132, активни 0
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Четириесет дена откако почина Панчо од „ДНК“, колегите од македонската сцена со трогателни пораки
Четириесет дена по смртта на Владимир Блажев, познат на јавноста како Панчо од хип-хоп дуото „ДНК“, социјалните мрежи повторно се исполнети со неговото име. Колегите, пријателите и неговите најблиски денеска споделија спомени, фотографии и емотивни пораки, покажувајќи колку силна празнина остави неговото заминување.
Една од најемотивните објави дојде од пејачката Ана Костадиновска, која долги години беше дел од придружните вокали на ДНК. Таа на Инстаграм сподели неколку заеднички моменти со Панчо, придружени со кратка, но искрена порака што допре многумина: „40 дена. Недостасуваш… Многу!“.
Фотoгрaфиите покажуваат сцени од настапи, патувања и задкулисни моменти – сведоштво за една силна професионална и пријателска врска.
Своја приказна сподели и Елена Ристеска. Таа објави стара фотографија од нивната прва успешна соработка, кога во 2016 година заедно освоија три награди на Македонскиот радиски фестивал – МАРС.
Пејачката Теа Трајковска, која исто така имала свои проекти со ДНК, сподели фотографија со Панчо, со кратка порака дека спомените вечно ќе останат живи.
Панчо, кој трагично ги загуби битките со тешките повреди по пожарот во дискотеката „Пулс“, останува силно присутен меѓу неговите колеги. Тој почина по тешка борба во болница со повредите кои ги доби во трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани.
Македонија
700 наместо 200 луѓе на концертот на Аца Лукас , СДСМ бара истрага и одговорност
СДСМ реагира поради приведувањето на српскиот пејач Аца Лукас, потенцирајќи дека на концертот имало преку 700 посетители во локал кој по закон не смее да прими ниту 200 лица. Според партијата, ова покажува дека и полицијата на Тошковски и општината на Митко Јанчев биле запознати со настанот, знаеле дека нема безбедносни услови за негово одржување, но не презеле ништо, дозволувајќи концертот да се случи, кој бил прекинат дури во текот на настанот.
Од СДСМ поставуваат повеќе прашања до надлежните: зошто настанот воопшто бил дозволен и биле пуштени 700 луѓе во ризик, зошто организаторите и сопственикот на локалот не се повикани на одговорност, дали дискотеката ги запазила сите прописи, и дали МВР не повторува ризични практики како во Кочани.
Според информации, полицијата го прекинала настанот дури после полноќ, во 00:10 часот, откако локалот со часови бил преполн.
СДСМ бара итна истрага и санкционирање на сите кои дозволиле да се одржи настанот, од МВР до организацијата, со повик до министерот Тошковски да излезе со одговорност.
Македонија
Владата ги отфрла тврдењата на опозицијата за наводна нетранспарентност околу ИПАРД
Владата категорично ги отфрла тврдењата на опозицијата за наводна нетранспарентност околу скандалот со ИПАРД програмата.
-Апсолутно го отфрлам ова тврдење дека се крие нешто во однос на таа постапка. Знаете дека сме максимално транспарентни, изјави на денешната прес-конференција портпаролката Марија Митева, одговарајќи на новинарски прашања.
Таа дополни дека очекува Министерството за земјоделство и сите надлежни институции, вклучително и судските органи кои постапуваат надвор од извршната власт, да ги дадат своите информации за состојбите.
Портпартолката на СДСМ Богданка Кузеска денеска на прес-конференција обвини дека „две недели по скандалот за ИПАРД, наместо да даде одговор на клучните прашања, министерот Цветан Трипуновски бега од одговорност, од вистината за суспензијата на парите а бега и од одговори“.
Средствата од ИПАРД 3 програмата (2021–2027) во Македонија се привремено суспендирани поради проблеми и сомнежи околу работењето на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, што предизвика прекин на исплатите како превентивна мерка за заштита на европските фондови.

