Македонија
Регистрирани 19 нови случаи на коронавирус, нема починати
Во последните 24 часа се направени 2.518 тестирања, а регистрирани се 19 нови случаи на Ковид-19: Тетово – 11, Скопје – 8.
Регистрирани се 4 оздравени пациенти од: Скопје – 2, Прилеп и Тетово – по 1.
Не се регистрирани починати пациенти.
Направени се 2.518 теста преку: ИЈЗ – 137, ЦЈЗ Скопје – 33, ЦЈЗ Битола – 35, ЦЈЗ Прилеп – 20, ЦЈЗ Тетово – 22, ЦЈЗ Куманово – 13, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби – 0, Судска медицина – 2, лабораторија во болницата во Козле – 0, УК Пулмологија со алергологија – 13, ГОБ „8 Септември“ – 7, Институт за микробиологија – 17, МАНУ – 0, „Жан Митрев“ („Филип Втори“) – 43, „Авицена“ – 136, „Биотек“ – 163, „Систина“ – 58, лабораторија „Лаор“ – 115, „Синлаб“ – 16, „Ремедика“ – 14, „Плодност“ – 20, „Генеа“ – 10, „Никоб лаб“ – 553, „ВФВ медикал“ – 30, ЈЗУ и ПЗУ (рапид-тест) – вкупно 1.061.
Досега во земјата се направени вкупно 900.165 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.760, бројката на оздравени пациенти е 150.118, на починати е 5.486, а бројот на активни случаи изнесува 156.
Според епидемиолошки анализи, во моментот дистрибуцијата по градови е следна:
Дистрибуција по градови Заболени (вкупно) Активни случаи (вкупно)
Скопје 68.693, Активни 56
Куманово 8.884, Активни 11
Прилеп 8.328, Активни 5
Тетово 7.274, Активни 34
Битола 6.309, Активни 5
Велес 5.474, Активни 2
Гостивар 5.185, Активни 4
Кавадарци 5.155, Активни 2
Охрид 5.021, Активни 11
Штип 4.960, Активни 0
Струмица 4.123, Активни 6
Струга 2.982, Активни 1
Кочани 2.792, Активни 0
Кичево 2.600, Активни 13
Гевгелија 2.195, Активни 0
Неготино 2.184, Активни 0
Свети Николе 1.524, Активни 0
Ресен 1.234, Активни 0
Крива Паланка 1.227, Активни 1
Радовиш 1.161, Активни 0
Берово 1.032, Активни 3
Делчево 973, Активни 0
Дебар 942, Активни 1
Виница 886, Активни 0
Пробиштип 789, Активни 0
Валандово 667, Активни 0
Богданци 494, Активни 0
Крушево 490, Активни 0
Демир Хисар 400, Активни 0
Демир Капија 396, Активни 0
Кратово 377, Активни 0
Македонски Брод 359, Активни 0
Пехчево 269, Активни 1
Македонска Каменица 249, Активни 0
Дојран 132, Активни 0
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Променливо облачно со повремен локален дожд
Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 11, а максималната ќе достигне од 11 до 14 степени.
Во Скопје, променливо облачно со услови за повремен дожд. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Вo среда ќе има врнежи од дожд, локално пообилни (над 25 l/m²), особено попладне и во текот на ноќта, кога во западните делови ќе преминуваат во снег. Ќе дува засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h). Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер во четврток врнежите ќе бидат претежно од снег. Во западните делови се очекува да се формира нова снежна покривка. Во петок ќе има преодно стабилизирање на времето, а во деновите од викендот повторно ќе има локални врнежи од дожд и снег.
Македонија
Посебен сообраќаен режим денеска во Скопје
Денеска, по повод големиот христијански празник Бадник на подрачјето на град Скопје ќе се одржи „Бадникова манифестација“ во склоп на „Бадникови Поворки“ со траса на движење од пред општинската зграда на општина Кисела Вода, по ул.„Борис Трајковски“, лево по бул.„Македонија“, во продолжение по ул.„Св. Кирил и Методиј“ до пред Музеј на град Скопје, потоа на ул.„Македонија“ во продолжение се до плоштад „Македонија“ каде што ќе се одржува централната манифестација.
Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за пренасочување на сообраќајот како и мерки за посебен режим на сообраќај на сообраќајниците каде што ќе се движат Бадниковите Поворки и околу верските објекти.
– Апелираме до сите учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници, велат од МВР.
Македонија
Бесплатен превоз за сите граѓани до ски центрите кај Нижеполе и кај хотелот „Молика“
Општина Битола и јавното претпријатие „Пелалинк“ и оваa зима за време на зимскиот распуст за учениците, но и за сите граѓани ќе обезбеди бесплатен превоз до ски центрите на Баба Планина.
„На 8 и 9 јануари ( четврток и петок ) бесплатно можете да одите до ски центрите кај Нижеполе и кај хотелот „Молика“ и да уживате во убавините на планината“, велат од Општината.
Линијата број 1 за до Нижеполе тргнува во 8:00 часот од паркингот кај Спортската сала, а линијата број 2 е за до хотелот „Молика“ и тргнува во 8:00 часот од паркингот кај Новиот пазар.
Враќањето на двете линии е во 13:00 часот.

