Македонија
Регистрирани 198 нови случаи на Ковид-19 и девет починати
Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа направени се 1.996 тестови, а регистрирани се 198 нови случаи на КОВИД-19:
Скопје – 120, Битола – 15, Прилеп – 11, Охрид – 7, Куманово и Виница – по 6, Кавадарци – 5, Тетово, Велес, Штип и Кичево – по 4, Дебар и Кратово – по 2, Гостивар, Струмица, Кочани, Струга, Гевгелија, Свети Николе, Делчево и Демир Хисар – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (198), регистрирана е 31 реинфекција.
Регистрирани сe 276 оздравени пациенти од: Скопје – 251, Куманово – 9, Битола – 4, Кичево и Ресен – по 3, Кратово – 2, Тетово, Штип, Демир Хисар и Радовиш – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 4 починати лица: две починати лица од Скопје (70г и 92г) и по едно починато лице од Прилеп (73г) и Битола (74г). Пријавените лица се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени 5 починати лица од: Скопје (2), Тетово (1), Охрид (1) и Гевгелија (1). Починатите лица се на возраст од 53г до 92г. Лицата за починати се пријавени во период од 27.02.2022 до 02.03.2022 година. Сите пријавени лица се починати во домашни услови.
Од вкупно регистрираните починати лица (9), кај 8 лица се регистрирани коморбидитети, а едно лице е пријавено без коморбидитети.
Направени се 1.996 тестови преку: ИЈЗ-180, ЦЈЗ Скопје-112, ЦЈЗ Битола-62, ЦЈЗ Прилеп-44, ЦЈЗ Тетово-0, ЦЈЗ Куманово-52, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–76, Жан Митрев (Филип Втори)-32, Авицена-67, Биотек-57, Систина-28, лабораторија Лаор-109, Синлаб-3, Ремедика-1, Плодност-24, Генеа-7, Никоб Лаб-172, ВФВ Медикал-29, Ели Медика Плус-18, Ројал Медика–6, Спектра-ММ-9, Рапид Лаб–6, Жан Митрев Струмица–9, Нова Лаб Дијагностика–1, Рамус-11, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 881.
Досега во земјата се направени вкупно 1.922.182 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 301.491, бројот на оздравени пациенти е 290.254, на починати е 9.146, а бројот на активни случаи изнесува 2.091.
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)
Скопје 140854, Активни 1094
Куманово 16391, Активни 90
Битола 14458, Активни 135
Прилеп 13776, Активни 148
Тетово 13378, Активни 57
Кавадарци 10266, Активни 86
Велес 9592, Активни 101
Гостивар 9485, Активни 30
Охрид 8582, Активни 50
Струмица 7939, Активни 24
Штип 7935, Активни 22
Кичево 5490, Активни 46
Кочани 5001, Активни 22
Струга 4664, Активни 10
Гевгелија 4299, Активни 21
Неготино 3631, Активни 15
Ресен 2637, Активни 32
Свети Николе 2607, Активни 4
Радовиш 2490, Активни 13
Крива Паланка 2393, Активни 15
Делчево 1901, Активни 1
Дебар 1658, Активни 13
Берово 1631, Активни 3
Валандово 1463, Активни 5
Виница 1363, Активни 15
Пробиштип 1258, Активни 2
Богданци 1010, Активни 7
Кратово 948, Активни 11
Крушево 912, Активни 5
Демир Хисар 823, Активни 7
Македонски Брод 732, Активни 2
Демир Капија 582, Активни 3
Македонска Каменица 521, Активни 2
Пехчево 482, Активни 0
Дојран 339, Активни 0
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: До 13 часот за претседател гласале 302.158, на парламентарните 312.070 граѓани
До 13 часот пристигнати се податоци за одѕивот на гласачите за претседателските избори од 2.472 избирачки места. Од вкупно запишани 1.261.526 гласачи на овие избирачки места, гласале 302.158, односно 23,95 %.
Најголем одѕив во моментот за претседателските избори има во Крива Паланка – 46,44 %. Најмал одѕив за претседателските избори има во Липково – 3,28 %.
Во споредба со вториот куг од претседателските избори во 2019 година имаме зголемување на одѕивот од 3,49 % на овие избори, А во споредба со првиот круг од претседателските избори во 2024 имаме намалување од 0,7 %.
До 13 часот пристигнати се податоци за одѕивот на гласачите за парламентарните избори од 2.348 избирачки места. Од вкупно запишани 1.207.922 гласачи на овие избирачки места, гласале 312.070, односно 25,84 %.
Најголем одѕив во моментот за парламентарните избори има во Кривогаштани – 48,65 %. Најмал одѕив за парламентарните избори има во Маврово и Ростуше – 11,91 %.
Во споредба со парламентарните избори во 2020 година имаме зголемување на одѕивот од 2,03 % на овие избори.
Одѕивот по изборни единици за парламентарните избори е следен:
Изборна единица 1 – 31,18 %
Изборна единица 2 – 23,91 %
Изборна единица 3 – 29,18 %
Изборна единица 4 – 26,40 %
Изборна единица 5 – 25,04 %
Изборна единица 6 – 16,71 %
До овој момент до ДИК се доставени вкупно 313 приговори за заштита на личното избирачко право. Од нив, 105 приговори се усвоени и на избирачите им е овозможено да го остварат своето право на глас, 9 приговори се отфрлени како неуредни, а 40 приговори се одбиени. Другите приговори се во обработка.
Овој изборен ден го набљудуваат 1.303 домашни набљудувачи, 860 меѓународни набљудувачи и 83 странски новинари.
Активен е и бесплатниот телефонски број 0800 555 44, на кој заинтересираните граѓани може да постават прашање или да пријават неправилности до Државната изборна комисија.
Исто така, активна е и видеолинијата на бројот 076 488 360, преку која граѓаните со оштетен слух и говор ќе може во текот на изборниот ден преку видеоповик да постават прашање до Државната изборна комисија и да добијат одговор на знаковен јазик.
Македонија
Засега мирен изборен ден и за обвинителствата, Бајрами чека кривични пријави по сомнежите за изборен поткуп во Охрид и Крива Паланка
Во согласност со информациите добиени од јавните обвинителства во целата држава, денешниот изборен ден, на кој се гласа на парламентарните и на вториот круг од изборите за претседател, до овој момент, генерално, поминува мирно и без поголеми нарушувања на изборниот процес, рече Џељаљ Бајрами, претседател на Комсијата на Обвинителството за следење евентуални кривични дела поврзани со изборите. Од почетокот на гласањето утрово до јавните обвинителства и на посебната електронска адреса [email protected] не се пријавени инциденти или неправилности на гласачките места, а кои би имале елементи на кривично дело.
„Во текот на вчерашниот ден веќе известивме дека по поднесена пријава во ОЈО Велес, со сомненија за изборен поткуп и пронајдено оружје и муниција, беше оформен предмет во ОЈО Велес за две лица. За едното веќе има итна постапка со предлог за притвор за поголемо количество оружје и муниција, кои беа пронајдени кај него. За второто лице предметот ќе оди во редовна постапка, а во исто време ОЈО Велес веќе презема дејства за проверка на наводите што се однесуваат на изборен поткуп. Исто така, известувања за сомненија за поткуп на гласачи беа примени и во Охрид и во Крива Паланка, меѓутоа до овој момент за овие настани не е поднесена кривична пријава до надлежните обвинителства. Доколку биде поднесена пријава, обвинителствата веднаш ќе преземат дејства на проверки“, вели обвинителот Бајрами.
Поради малиот број настани кои би можеле да имаат обележја на кривично дело, Бајрами цени дека може да се даде генерална оценка дека целиот изборен процес до овој момент минува без поголеми нарушувања од аспект на јавнообвинителското постапување.
Привремената комисија на Јавното обвинителство за следење евентуални изборни нерегуларности продолжува да го следи целиот тек на изборниот процес. Електронска адреса [email protected] останува отворена за сите евентуални пријави на сомненија за кривично дело, кое би можело да го наруши текот на изборите. И денеска се организирани вонредни дежурства во сите основни јавни обвинителства, а координации се прават и со други институции надлежни за следење на изборниот процес. Сите евентуални сомненија за кривични дела, кои би можеле да го нарушат изборниот процес, ќе бидат испитани, а предметите ќе имаат приоритет на постапување во јавните обвинителства.
Македонија
(Видео) МВР: Изборниот ден тече мирно, со регистрирани помали инциденти
До сега Министерството за внатрешни работи нема регистрирано посериозни нарушувања на јавниот ред и мир во текот на гласањето, кое, генерално, се одвива мирно, без проблеми, соопшти портпаролот на МВР, Тони Ангеловски, на денешната прес-конференција.
„Од отворањето на гласачките места до 11 часот регистрираме две пријави за поставен штанд на политичка партија во близина на гласачко место во Шуто Оризари, како и за залепени плакати и расфрлани летоци на подрачјето на Чаир во Скопје и се преземааат мерки за расчистување на случаите. Исто така, имаме пријави за агитирање во Тетово, Скопје, Куманово, село Баница, Струмичко, и во општина Боговиње, но по преземените мерки од страна на полициските службеници, тие наводи до сега не се потврдени“, соопшти Ангеловски.
Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните и до учесниците во изборите и во преостанатиот дел од гласањето да се воздржат од инциденти, а доколку има какво било нарушување на изборниот процес, граѓаните веднаш да ја известат полицијата на броевите 192 и 112 или да пријават во најблиската полициска станица.