Македонија
Регистрирани 223 нови случаи на коронавирус, починаа 4 лица
Согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа направени се 2.365 тестови, а регистрирани се 223 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 131, Прилеп – 19, Битола – 15, Тетово – 11, Куманово и Велес – по 7, Штип, Неготино и Ресен – по 4, Кичево, Струга и Кратово – по 3, Гостивар, Охрид и Свети Николе – по 2, Кавадарци, Струмица, Гевгелија, Крива Паланка, Дебар и Демир Хисар – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (223), регистрирана е 37 реинфекција.
Регистрирани сe 174 оздравени пациенти од: Скопје – 128, Кавадарци и Гевгелија – по 7, Куманово – 6, Битола и Велес – по 4, Ресен и Крива Паланка – по 3, Гостивар и Неготино – по 2, Штип, Кичево, Свети Николе, Пробиштип, Богданци, Кратово, Демир Хисар и Демир Капија – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 3 починати лица: две починати лица од Скопје (74г и 75г) и едно починато лице од Струмица (82г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително е пријавено едно починато лице од Тетово (78г). Починатиот е пријавен на 24.02.2022. Пријавеното лице е починато во болнички услови.
Од вкупниот број на починати лица, кај сите лица се регистрирани коморбидитети.
Направени се 2.365 тестови преку: ИЈЗ-137, ЦЈЗ Скопје-61, ЦЈЗ Битола-75, ЦЈЗ Прилеп-39, ЦЈЗ Тетово-3, ЦЈЗ Куманово-35, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –2, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–95, Жан Митрев (Филип Втори)-36, Авицена-64, Биотек-72, Систина-30, лабораторија Лаор-120, Синлаб-10, Ремедика-3, Плодност-15, Генеа-4, Никоб Лаб-180, ВФВ Медикал-82, Ели Медика-17, Ројал Медика–16, Спектра-ММ-4, Рапид Лаб–9, Жан Митрев Струмица–8, Нова Лаб Дијагностика–7, Рамус-6, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.235.
Досега во земјата се направени вкупно 1.906.808 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 299.642, бројот на оздравени пациенти е 287.692, на починати е 9.079 а бројот на активни случаи изнесува 2.871.
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)
Скопје 139819, Активни 1546
Куманово 16303, Активни 137
Битола 14351, Активни 166
Прилеп 13668, Активни 169
Тетово 13343, Активни 94
Кавадарци 10198, Активни 100
Велес 9507, Активни 113
Гостивар 9457, Активни 48
Охрид 8538, Активни 61
Струмица 7919, Активни 29
Штип 7919, Активни 36
Кичево 5449, Активни 60
Кочани 4982, Активни 20
Струга 4655, Активни 30
Гевгелија 4278, Активни 48
Неготино 3620, Активни 34
Свети Николе 2606, Активни 11
Ресен 2610, Активни 45
Радовиш 2479, Активни 10
Крива Паланка 2381, Активни 22
Делчево 1900, Активни 9
Дебар 1645, Активни 12
Берово 1628, Активни 4
Валандово 1459, Активни 3
Виница 1350, Активни 5
Пробиштип 1259, Активни 6
Богданци 1002, Активни 9
Кратово 941, Активни 11
Крушево 908, Активни 4
Демир Хисар 814, Активни 11
Македонски Брод 731, Активни 4
Демир Капија 581, Активни 8
Македонска Каменица 521, Активни 4
Пехчево 482, Активни 1
Дојран 339, Активни 1
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Здружението на судии загрижено за изјавите за Управниот суд: со нив се врши притисок врз судиите и судиското одлучуваљње
Здружението на судии во врска со реакцијата на Управниот суд на РСМ, ја искажува својата загриженост за изјавите на поединци со кои, како што се истакнува во соопштението, директно или индиректно се врши притисок врз судиите и судиското постапување и одлучување.
Како што велат, припадноста кон одредена политичка партија и можноста за идно владеење односно учество во извршната власт, не смее да се користи за коментирање, заканување или влијание врз судиското одлучување.
Оценуваат дека таквите изјави се штетни пред се за политичките субјекти кои ги пласираат во јавноста, а истовремено може да се разберат и како обид да се поткопа непристрасноста и интегритетот на судиите.
„Во однос на неоснованите обвинувања кои беа упатени на адреса на Претседателот на Управниот суд на РСМ, како Здружение на судии даваме целосна поддршка на колегите од именуваниот суд и напоменуваме дека секој избран судија е независен во своето одлучување и таа независност му е Уставно загарантирана. Па во тој правец и при најмал сомнеж за евентуален обид за притисок или влијание врз неговата работа, без разлика од кого доаѓа, е должен да ги извести надлежните судиски инстанци. Воедно, сите останати општествени чинители, а особено претставниците на политичките партии се должни да ја почитуваат загарантираната судиска независност што е во духот и на демократскиот развој и Европскиот просперитет на земјата“, потенцираат од ова здружение.
Македонија
Одбиена тужбата на „Европскиот фронт“ за избирачкото место во Долнени
Управниот суд ја одби како неоснована тужбата од Коалицијата „Европски фронт“ на решението на Државната изборна комисија (ДИК) за прифаќање на приговорот од Коалицијата „Твоја Македонија” за избирачкото место 1470 во Долнени на Парламентарните избори 2024.
„Европскиот фронт“ поднесе седум тужби против решенија на ДИК на Парламентарните избори 2024.
Досега Управниот суд ja одби како неоснована и тужбата за избирачкото место 1194, во Општина Крушево.
Македонија
Мицотакис со предупредување: Ако некои веруваат дека можат да го игнорираат Договорот, треба да разберат дека нивниот пат кон Европа ќе остане затворен
Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис уште еднаш ја предупредува Македонија дека прекршувањето на Договорот од Преспа, со кој се реши долгогодишниот спор за името меѓу двата соседа, ќе ги загрози амбициите на балканската земја за членство во ЕУ, пишува грчки „Катимерини“
Говорејќи од градот Верија во северна Грција за време на неговата кампања пред изборите за Европскиот парламент во јуни, Мицотакис изјави дека трите меморандуми за разбирање поврзани со договорот од 2018 година нема да бидат ратификувани од Парламентот се додека новото раководство во Скопје продолжи со прекршување на договорот.
„Ако некои веруваат дека можат да го игнорираат договорот, треба да разберат дека нивниот пат кон Европа ќе остане затворен, а меморандумите нема да бидат ратификувани освен ако не се почитува она што го предвидува договорот“, рече тој.