Македонија
Регистрирани 511 нови случаи на Ковид-19, пријавени 10 починати лица
Министерството за здравство информира, во согласност со податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа направени се 3.622 тестирања, а регистрирани се 511 нови случаи на Ковид-19:
Скопје – 247, Куманово – 54, Велес – 29, Кочани – 21, Битола – 20, Тетово, Прилеп, Кавадарци и Штип – по 15, Крива Паланка – 10, Делчево – 9, Гевгелија – 8, Кичево – 7, Неготино и Свети Николе – по 6, Виница – 5, Охрид и Богданци – по 4, Струмица, Радовиш, Валандово и Кратово – по 3, Ресен и Демир Хисар – по 2, Гостивар, Берово, Пробиштип, Крушево и Македонкса Каменица – по 1 лице.
Регистрирани сe 497 оздравени пациент, и тоа од: Скопје – 255, Куманово – 65, Велес и Штип – 21, Прилеп – 17, Тетово – 14, Струмица – 13, Битола – 12, Охрид – 10, Кавадарци и Гевгелија – по 8, Кичево и Пробиштип – по 7, Струга и Кочани – по 6, Радовиш и Македонска Каменица – по 5, Крива Паланка и Виница – по 3, Ресен, Кратово, Богданци и Дојран – 2, Демир Хисар, Свети Николе и Дебар – по 1 лице.
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 10 починати лица: 4 од Скопје (82, 79, 64 и 51), 2 од Куманово (81 и 49) и по едно починато лице од Битола (71), Велес (75), Штип (67) и од Македонска Каменица (69). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.
Направени се 3.622 теста преку: ИЈЗ – 343, ЦЈЗ Скопје – 61, ЦЈЗ Битола – 57, ЦЈЗ Прилеп – 42,
ЦЈЗ Тетово – 63, ЦЈЗ Куманово – 73, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби – 0, Судска медицина – 0, лабораторија во болницата во Козле – 20, УК Пулмологија со алергологија – 0, ГОБ „8 Септември“ – 0, Институт за микробиологија – 9, „Жан Митрев“ („Филип Втори“) – 71, „Авицена“ – 180, „Биотек“ – 242, „Систина“ – 84, лабораторија „Лаор“ – 224, „Синлаб“ – 23, „Ремедика“ – 21, „Плодност“ – 31, „Генеа“ – 7, „Никоб лаб“ – 312, „ВФВ медикал“ – 31, „Ели медика“ – 22, „Ројал медика“ – 12, „Спектра-ММ“ – 0, „Рапид лаб“ – 1, ЈЗУ и ПЗУ (рапид-тест) – вкупно 1.693.
Досега во земјата се направени вкупно 1.369.624 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 200.412, бројот на оздравени пациенти е 187.149, на починати е 7.072, а бројот на активни случаи изнесува 6.191.
Според епидемиолошки анализи, во моментот дистрибуцијата по градови е следна:
Скопје 87.721, Активни 3.177
Куманово 12.158, Активни 433
Тетово 10.964, Активни 105
Прилеп 9.393, Активни 243
Гостивар 7.998, Активни 25
Битола 7.361, Активни 207
Велес 6.720, Активни 316
Кавадарци 6.209, Активни 196
Охрид 6.133, Активни 183
Штип 6.081, Активни 191
Струмица 5.892, Активни 134
Кичево 4.081, Активни 69
Струга 3.836, Активни 40
Кочани 3.514, Активни 166
Гевгелија 2.533, Активни 80
Неготино 2.364, Активни 33
Свети Николе 1.993, Активни 78
Крива Паланка 1.594, Активни 118
Радовиш 1.585, Активни 45
Ресен 1.576, Активни 36
Дебар 1.453, Активни 5
Берово 1.228, Активни 16
Делчево 1.151, Активни 31
Виница 1.083, Активни 35
Пробиштип 995, Активни 54
Валандово 848, Активни 21
Кратово 637, Активни 31
Богданци 582, Активни 25
Крушево 546, Активни 15
Демир Хисар 480, Активни 37
Македонски Брод 476, Активни 2
Демир Капија 410, Активен 1
Македонска Каменица 354, Активни 38
Пехчево 319, Активни 3
Дојран 144, Активни 2
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Повредата на данскиот скијач не се случила на патека под наша надлежност, велат од Ски центарот „Попова Шапка“
Повредата на скијачот од Данска не се случила на официјална патека администрирана од „Попова Шапка“, бидејќи ски-лифтот „Церипашина“ не бил во функција поради силните ветрови и неповолни временски услови, информираат од Ски Центарот.
Се додава дека скијачот бил гостин на приватен оператор кој работи надвор од патеките управувани од овој центар.
„Ски центарот сноси одговорност исклучиво за патеките и просторот што се под наша официјална администрација и управување, а не и за зоните каде што оперираат трети страни надвор од овие патеки“, се наведува во соопштението на Ски Центарот Попова Шапка..
И покрај тоа, веднаш по добивањето на информацијата за повредата, спасувачката единица излегла на терен за да обезбеди помош и да асистира при транспортот и третманот на повредениот.
Од Центарот посочуваат дека безбедноста на посетителите останува врвен приоритет и му се заблагодаруваат на спасувачкиот тим за брзата и професионална реакција.
„Макфакс“ претходно објави дека 24-годишниот скијач од Данска бил пронајден на Попова Шапка, а според информациите од полицијата тој бил повреден од снежна лавина и со повреди пренесен во болница во Скопје.
Македонија
Капиштец повеќе од шест часа без вода, дефект кај Цветен пазар ја поплавува улицата Народен фронт
Жителите на делови од скопски Капиштец повеќе од шест часа останаа без вода за пиење.
Кај Цветен пазар вечерва е забележан багер и ископана е голема дупка, додека во близина тече вода по коловозот.
Засега е познато дека станува збор за уличен дефект, но не е соопштено кога состојбата ќе биде целосно нормализирана.
„Поради уличен дефект на водоводна цевка Ф100мм на улица Народен Фронт 5 до цветен пазар, со прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците на улицата Васил Ѓоргов и Народен Фронт од бр.5 до бр.21“, велат од ЈП Водовод и канализација.
Од претпријатието попладнево известија дека водата кај корисниците е сопрена во 13.30 часот и ќе остане така се’ до поправка на дефектот. Жители на Капиштец за „Макфакс“ велат дека кога прашале кога ќе биде пуштена водата, од службата за известување во „Водовод“ им кажале дека нема изгледи оти ќе го поправат дефектот денес.
Македонија
Во подготовка закон за високите раководители во управата – професионализација наместо партизација
Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, оствари работна средба со Петер Ваги, виш советник во OECD/SIGMA, на која беа разгледани клучните реформски процеси во областа на јавната администрација, со посебен акцент на подготовката на Законот за високите раководители на органите на државната управа и фондовите, како и на Закон за организација и работа на органите на државната управа (ЗОРОДУ).
На средбата се дискутираше за принципите на професионализација, мерит систем, транспарентност и отчетност во именувањето и управувањето со високите раководни структури во државната управа, како и за потребата од јасно разграничување на надлежностите, унапредување на координацијата и зголемување на ефикасноста во функционирањето на институциите преку новото законско решение за организација и работа на органите на државната управа.
Министерот ја истакна важноста од континуираната експертска поддршка од страна на OECD/SIGMA во процесот на подготовка и усогласување на законските решенија со европските стандарди и добри практики.
„Реформата на јавната администрација претставува еден од нашите врвни приоритети. Со Законот за високите раководители поставуваме јасни, транспарентни и професионални критериуми за избор и одговорност на раководниот кадар. Нашата цел е администрација која работи во служба на граѓаните, заснована на знаење, интегритет и резултати“ истакна министерот.
Од страна на претставникот на OECD/SIGMA беше изразена подготвеност за натамошна поддршка, со цел обезбедување усогласеност со принципите на добро управување и европските административни стандарди.
Министерството за јавна администрација останува посветено на спроведување сеопфатни и одржливи реформи, насочени кон јакнење на институционалниот капацитет, департизација и зголемување на довербата на граѓаните во јавните институции.

