Македонија
Регистрирани 83 нови случаи на Ковид-19, починати се 2 лица
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.704 тестирања, а регистрирани се 83 нови случаи на Ковид-19, и тоа во: Скопје – 40, Прилеп – 8, Куманово и Охрид – по 6, Тетово и Радовиш – по 5, Битола – 3, Струга и Кичево – по 2, Кавадарци, Струмица, Свети Николе, Берово, Демир Хисар и Пехчево – по 1 лице.
Регистрирани се 259 оздравени пациенти, и тоа од: Скопје – 128, Куманово – 25, Битола – 21, Тетово и Струмица – по 10, Виница – 9, Прилеп – 8, Штип – 7, Кичево – 6, Велес – 5, Гостивар – 4, Ресен, Радовиш и Дебар – по 3, Кавадарци, Кочани, Гевгелија, Неготино, Берово и Пробиштип – по 2, Охрид, Свети Николе, Крива Паланка, Богданци и Демир Хисар – по 1 лице.
Пријавени се вкупно 2 починати лица: 1 лице од Скопје (67) и 1 лице од Кавадарци (80). Од пријавените, двете лица се починати во болнички услови.
Направени се 2.704 теста преку: ИЈЗ – 252, ЦЈЗ Скопје – 67, ЦЈЗ Битола – 70, ЦЈЗ Прилеп – 40, ЦЈЗ Тетово – 8, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби – 3, Судска медицина – 0, лабораторија во болницата во Козле – 0, УК Пулмологија со алергологија – 2, ГОБ „8 Септември“ – 7, Институт за микробиологија – 57, МАНУ – 90, „Жан Митрев“ („Филип Втори“) – 146, „Авицена“ – 218, „Биотек“ – 406, „Систина“ – 212, лабораторија „Лаор“ – 304, „Синлаб“ – 42, „Ремедика“ – 26, „Плодност“ – 29, „Генеа“ – 7, ЈЗУ и ПЗУ (рапид-тест) – вкупно 718.
Досега во земјата се направени вкупно 760.498 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 154.804, бројката на оздравени пациенти е 146.302, на починати е 5.232, а бројот на активни случаи изнесува 3.270.
Според епидемиолошки анализи, во моментот дистрибуцијата по градови е следна:
Скопје 68.298, активни 1.312
Куманово 8.784, активни 303
Прилеп 8.272, активни 160
Тетово 7.194, активни 116
Битола 6.271, активни 214
Велес 5.463, активни 86
Гостивар 5.159, активни 55
Кавадарци 5.148, активни 48
Охрид 4.989, активни 203
Штип 4.955, активни 67
Струмица 4.101, активни 89
Струга 2.972, активни 74
Кочани 2.776, активни 52
Кичево 2.540, активни 81
Гевгелија 2.190, активни 33
Неготино 2.179, активни 21
Свети Николе 1.519, активни 42
Ресен 1.233, активни 41
Крива Паланка 1.218, активни 7
Радовиш 1.140, активни 58
Берово 1.027, активни 8
Делчево 967, активни 27
Дебар 938, активни 5
Виница 874, активни 58
Пробиштип 789, активни 16
Валандово 665, активни 6
Богданци 493, активни 7
Крушево 488, активни 22
Демир Хисар 397, активни 21
Демир Капија 396, активни 2
Кратово 367, активни 15
Македонски Брод 356, активен 1
Пехчево 267, активни 3
Македонска Каменица 247, активни 17
Дојран 132, активни 0
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Мицкоски: Пораките на Марко Рубио од Минхенската безбедносна конференција се јасен сигнал за сите сојузници
Пораките на американскиот државен секретар Марко Рубио од Минхенската безбедносна конференција се јасен сигнал за сите сојузници, светот веќе не функционира по старите правила. Како Влада, продолжуваме посветено да го зајакнуваме нашето место во трансатлантската заедница.
Подготвени сме да одговориме на предизвиците, да ја модернизираме нашата одбрана и да обезбедиме сигурна иднина за нашите граѓани, објави премиерот Христијан Мицкоски, од Минхен.
Мицкоски од вчера престојува во повеќедневна посета на Сојузна Република Германија, каде што учествува на 62. Минхенска безбедносна конференција, на која, како што соопшти владината прес-служба, ќе ја реафирмира определбата на државата за предвидлив и фер процес на интеграција во Европската Унија, без дополнителни билатерални условувања.
Македонија
Убиство во Челопек, 78-годишна жена задушена со перница
Полицијата уапси дваесет и петгодишен жител на село Малотино од општина Старо Нагоричане, осомничен за убиство на седумдесет и осумгодишна жителка на село Челопек, соопшти денеска СВР Куманово. Како што наведуваат од кумановската полиција, на 12-ти февруари, осомничениот влегол во нејзиниот дом, физички ја нападнал и со перница ја задушил жената.
-Вчера во 19:30 часот во село Драгоманце, општина Старо Нагоричане, полициски службеници од Полициското одделение Старо Нагоричане го лишиле од слобода Т.Б.(25) од с. Малотино, општина Старо Нагоричане, поради сомнение дека сторил кривично дело по член 123 од Кривичниот законик. Тој се сомничат дека на 12-ти февруари во нејзиниот дом физички ја нападнал и задушил со перница М.С.(78) од село Челопек, општина Старо Нагоричане, по што таа починала на местото, соопшти полицијата.
Тој се сомничи дека извршил повеќе кривични дела „тешка кражба“ во повеќе села на подрачјето на општина Старо Нагоричане. Известен е јавен обвинител, а лицето било задржано во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против него биде поднесена соодветна пријава.
Македонија
СДСМ: Две недели без одговор како 5 тони дрога поминале преку граница, бараме одговорност од Мицкоски
СДСМ обвинува дека и по 14 дена нема одговор од институциите за, како што велат, „најголемиот нарко-скандал во регионот“, поврзан со транспорт на пет тони дрога преку државната граница.
Од партијата посочуваат дека молчат премиерот Христијан Мицкоски, како и повеќе функционери, оценувајќи дека тоа отвора сомнежи за одговорност на власта.
„Овој гласен молк е најсилна потврда дека скандалот води до врвот на Владата“, се наведува во соопштението.
СДСМ реагира и на изјавите дека биле запленети 100 тони марихуана, оценувајќи дека доколку постоело толкаво производство, тоа претставува сериозен пропуст на институциите.
Според нив, за такво количество би била потребна површина од над 30 хектари, поради што прашуваат дали биле извршени контроли од надлежните служби, вклучително и полицијата, инспекторатите и безбедносните агенции.
Партијата дополнително прашува како пет тони дрога биле транспортирани со товарни возила покрај системите за надзор, камерите и граничните контроли.

