Македонија
Регистриран земјотрес меѓу Штип и Кочани, но не е поврзан со оние во Хрватска

Земјотрес со јачина од 3,1 степен според Рихтер бил регистриран денеска во 12.34 часот. Потресот е регистриран во делот на Карбинци.
Според Михаил Гаревски, директор на Институтот за земјтресно инженерство и климатски промени, Македонија припаѓа на друго епицентрално подрачје и кај нас земјотресите што ја погодија Хрватска не се почувствувани.
„Земјотресот меѓу Штип и Кочани не е во никаква корелација со земјотресите во Хрватска“, рече Гаревски.
Земјотреси ја тресат Хрватска од вчера, но најсилниот, со разорна моќ, беше денес во 12.19 часот, со магнитуда од 6,4 степени според Рихтер, со епицентар на два километра од Петриња, а бил почувствуван во целиот регион.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Нормализиран сообраќајот на автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца, соопшти МВР

Министерството за внатрешни работи известува дека е пуштен за сообраќај автопатот од наплатната рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правци.
Истиот поради пожар кој настана попладнево (17.07.2025) беше затворен за сообраќај.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патниот правец од Скопје кон патарина Миладиновци

Во 21.25 часот сообраќајот на патниот правец од Скопје кон патарина Миладиновци е нормализиран, соопшти АМСМ.
Сообраќајот во спротивниот правец ќе биде пуштен штом се создадат услови.
Македонија
МВР: Поради пожар, затворен за сообраќај автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека поради пожар кој настана попладнево (17.07.2025), затворен за сообраќај е автопатот од наплатната рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правци.
Возилата се пренасочуваат кон Петровец.
МВР со апел до граѓаните, да не се упатуваат кон овој дел од автопатот се додека не се создадат услови за повторно пуштање на сообраќајот.