Македонија
Резолуцијата во која се колне СДС, ѝ порачува да се бори против корупцијата и криминалот, а никаде не се спомнуваат Македонци, велат од ВМРО-ДПМНЕ
Резолуцијата во која се колне СДС, и порачува да се бори против корупцијата и криминалот, а никаде не се спомнуваат Македонци, обвини ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата додаваат дека Резолуцијата на Бундестагот во едно е децидна, а тоа е дека владата мора да ја зајакне борбата против корупцијата, и да работи на засилување довербата во судството.
„Реалноста е дека владата не само што не се бори против корупцијата, туку и ја спроведува, а за судството, таа е прва која го партизира и која го донесе до оваа состојба на недоверба. Резолуцијата порачува дека власта треба да се бори против криминалот, тоа е факт кој и ВМРО-ДПМНЕ го нотира со години.
Резолуцијата со која се фали СДС и порачува на власта сето она што ВМРО-ДПМНЕ го зборува со години. Нема извештај или документ на меѓународна организација на било кое ниво, кој не ја потенцира потребата власта да ја зајакне борбата против корупцијата“ велат од партијата.
Оттаму додаваат дека СДСМ наместо да турка уставни измени под бугарски диктат, да се зафати со подобрување на состојбата во институциите, во периодот кој им остана. А потоа ќе следи одговорност и за криминалот, но и за деградирањето на институциите кое систематски го спроведоа, порачуваат од опозициската партија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Карпош и Кисела Вода денеска без вода
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради отстранување дефект на водоводна мрежа со пречник од ф-100 мм на ул. Нобелова крстосница со ул. Хелсинки, од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците: Нобелова, Виенска, дел од ул. Хелсинки и дел од ул. Лондонска. (Општина Карпош)
· поради изведување приклучок на водоводна мрежа со пречник од ф-100 мм на ул. Жил Верн бр. 10, од 10:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул. Жил Верн и ул. Есенинова. (Општина Кисела Вода)
Македонија
Делови од неколку скопски општини денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:00 до 14:00 часот, корисниците од дел од с. Ќојлија. (Општина Петровец)
· од 08:30 до 09:30 часот, корисниците од селата: Драчевица и Цветово. (Општина Студеничани)
· од 08:55 до 09:55 часот, корисниците од селата: Горно Соње, Долно Соње , Чифлик и Света Петка. (Општина Сопиште)
· од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Веле Марков. (Општина Ѓорче Петров)
· од 12:30 до 14:30 часот, корисниците од дел од улиците: Димо Хаџидимов и Христо Татарчев. (Општина Кисела Вода)
Македонија
Претпладне сончево со умерена облачност, попладне зголемување на облачноста
Претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне и кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми и ќе има услови за слаб локален снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 0, а максималната ќе достигне од 3 до 11 степени.
Во Скопје, претпладне сончево, попладне ќе има зголемување на облачноста. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне до 10 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на студена воздушна маса во среда ќе дува засилен до силен северен ветер што ќе услови и дневната температура на повеќе места да остане под нула. Во четврток ќе дува умерен до засилен северен ветер, а во петок ветерот ќе го смени правецот во јужен и ќе има услови за слаб дожд и снег на планините. За време на викендот ќе биде претежно сончево со пораст на температурата.

