Контакт

Македонија

Реакција на „Меѓаши“: Со конкурсот за есеи на НАТО се манипулираат децата

Објавено пред

Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“ со реакција до медиумите за конкурсот за творби на тема НАТО за деца од 7 до 14 години. Од „Меѓаши“ велат дека се загрижени, затоа што темата од оваа област не соодветствува на возраста на децата и сметаат дека на овој начин се врши манипулација и индоктринација на деца од основните и средни училишта во државата.

dobivaj vesti na viber

„Првата детска амбасада во светот ‘Меѓаши’ остро реагира на активноста на ‘ГАУС институт – фондација за нови технологии, иноваации и трасфер на знаење’  на последната активност за одбележување на годишнината на НАТО  во основните и средните училишта. Формата е класичен начин на одбележување годишнина преку раскази, есеи и цртежи каде се дава можност дури и за критики, но сепак забележлив е позитивниот контекст кој се дава на НАТО и одбележување на годишнината.

Во соопштението до медиумите „Меѓаши“ ја прозва министерката за одбрана, Радмила Шеќеринска, која преку „Фејсбук“ ги повикува децата да се вклучат во конкурсот и ги охрабрува учениците пред да конкурираат прво да се информираат за негативните последици, па потоа да се пријават.

„Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, ги повикува учениците да се вклучат во пишувањето на есеи преку својот фејсбук-профил притоа не потенцирајќи дали да пишуваат за последиците или за причините за формирање, за позитивните ефекти или негативните или, пак, за статистиките на загинати деца во конфликтите во кои учествувала алијансата? Можеби се работи за тема која ќе ја разбуди емпатијата кај средношколците и би пишувале за децата чии родители загинале во воените конфликти и животот по загубата на родител, или, пак, за животот на родители по загубата на дете во еден таков воен конфликт од кој НАТО било дел.Првата детска амбасада во светот ‘Меѓаши’ ги повикува и поттикнува учениците кои решиле да конкурираат на овој конкурс добро да се запознаат со НАТО-алијансaта, со сите негативни импликации, да ги согледаат поготово последиците и да се обидат да ги почуствуваат болката и тагата од војната и да ги пресликаат тие чувства на есеите со кои ќе аплицираат. Бидејќи ние сме луѓе, а луѓето треба меѓусебно да се почитуваат, сакаат и разбираат“, порачуваат од првата детска амбасада.

Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“ цврсто верува и се залага за промоција на мирот и ненасилната трансформација на конфликти, воедно верувајќи дека свет без алијанси кои промовираат моќ, демонстрираат сила и сеат страв, би бил подостоен за живеење, велат од Меѓаши.

„Идејата за заштита и промовирањето на заштитата како основа за формирање на вакви алијанси не ги исклучуваат можностите за агресија и напад преку што се нанесуваат неизмерни штети со бројни жртви. Едукацијата за формите за одбрана и агресија преку соработки меѓу земјите во светот треба да се изучува во наставните програми и јасно да се даде на знаење на децата за ефектите и бројот на жртви како последица од активностите на ваквите воени алијанси. Поради страотните информации и слики, како и видеоприлози од ефектите на делувањето на овие алијанси децата во училиштата ги учат причините за формирање, но не толку и последиците од формирањето, и со право е тоа така. Сакаме да ги заштитме децата од трауми!“, апелираат од Меѓаши.

„Меѓаши“ потсети дека и порано укажувала на политичка, партиска и воена злоупотреба на децата за агитирање и кампања за влез на Македонија во НАТО.

„Повторно сметаме дека со вклучувањето на децата во политички цели се повредени следните права од членовите од Уставот и Законот за заштита на децата. Во сите активности кои се однесуваат на децата, од примарно значење се интересите на детето , без оглед на тоа дали ги спроведуваат јавните или приватните институции за социјална заштита, судовите, административните органи или законодавните тела. Државите членки се обврзуваат на детето да му обезбедат таква заштита и грижа кои се неопходни за неговота благосостојаба, замајќи ги во вид правата и обврските на неговите родители, законските старатели или на други поединци кои се правно одговорни за детето и за таа цел ги праземаат сите потребни законодавни мерки“, велат од „Меѓаши“.

„Меѓаши“ на крајот упатија уште еден апел до политичките партии за внимателно и промислено однесување при поставување  теми кои ќе промовираат соживот и позитивни вредности кај децата и младите без присуство на воени структури и воени дејствија.

 

 

Македонија

(Видео) Маричиќ-Стевановиќ: На Собранието му требаат современи патриоти и борци за еднаквост, права и слободи

Објавено пред

Во заедничката изјава за медиумите, Милена Стевановиќ и Бојан Маричиќ од листата на кандидати за пратеници во Изборната единица 1, порачуваат дека „реформите ни носат системски промени и европски фондови“, но и „демократски вредности со кои се пробиваат границите за еднакви можности за жените како докажана заложба на СДСМ.

dobivaj vesti na viber

Милена Стевановиќ во својот дел на изјавата истакнува дека „СДСМ, Ковачевски, Пендаровски, Маричиќ и другарите социјадемократи се оние кои со знаење и капацитет можат да ја придвижат земјата напред“.

„Нам ни требаат луѓе како Бојан. Со исклучително познавање на институциите на ЕУ, со чиста и прогресивна мисла, вистински современи патриоти кои додека ја внесуваат земјата во ЕУ го штитат и промовираат македонскиот идентитет“, истакнува Стевановиќ.

Tаа ги повикува сите македонски демократи „во среда на 8 мај сите кои се за подобра, современа и демократска Македонија да го заокружат бројот 1 за европска Македонија“.

Бојан Маричиќ ја посочува Милена Стевановиќ како „претставник на прогресивното женско движење“.

Маричиќ порачува дека со Стевановиќ, Македонија и македонското општество ќе имаат „напредок на полето на јавното здравје, на полето на женското здравје и машкото здравје“.

„На Собранието и треба Милена Стевановиќ, врвен професионалец кој го предводеше целиот тим на инфективната криза за време на пандемијата од ковид и која во исто време се докажа како храбар и непоколеблив борец за постојано унапредување на правата на жените“, истакнува Маричиќ.

Порачува дека е важен гласот на жените, девојките, демократи и демократки.
„Вашиот глас за СДСМ и за Милена Стевановиќ на овие избори е глас за жените како еднаква силна движечка сила на општеството“, нагласува Маричиќ во заедничката изјава со Милена Стевановиќ, како кандидати за пратеници на СДСМ и на Коалицијата за европска иднина во изборната единица 1.

Прикажи повеќе...

Македонија

Сообраќајка на патот Радовиш – Штип, сообраќајот во прекин

Објавено пред

Од 18:05 ч. сообраќајот на магистралниот пат Радовиш – Штип, во близина на „Алкопласт“, е во прекин поради сообраќајна незгода, соопшти АМСМ.

dobivaj vesti na viber

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Прикажи повеќе...

Македонија

Владата ќе ја одбележи 121 годишнината од смртта на Гоце Делчев

Објавено пред

Владата на Република Северна Македонија, на 04.05.2024 година (сабота), ќе ја одбележи 121 годишнината од смртта на Гоце Делчев со положување свежо цвеќе на неговото вечно почивалиште, во црквата „Св.Спас“,Скопје.

dobivaj vesti na viber

По тој повод, во 10:30 часот, свежо цвеќе ќе положи претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, владина делегација предводена од Славјанка Петровска, министерка за одбрана во Владата на Република Северна Македонија, Каја Шукова, министерка за животна средина и просторно планирање во Владата на Република Северна Македонија.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион2 часа

„Никогаш нема да ја заборавам бабата која стои, чека и го повторува името на внуката“: Мајорката која меѓу првите влезе во „Рибникар“

„Траума што се уште ја минувам и денес“, „Сигурна сум дека добро ќе се сеќаваме на тој кобен 3-ти мај,...

Македонија5 часа

„Поединци на Европскиот фронт избегаа од Али и се во секојдневна комуникација со Мицкоски“, рече Изет Меџити

Лидерот на Демократското движење и носител на Листата за пратеници во првата единица на коалицијата ВЛЕН, Изет Меџити изјави дека...

Македонија6 часа

„Дека ДУИ полнеле кутии на денот на изборите е докажано од суд“, кажа Мицкоски и повика на будност

Не се само информации тоа дека ДУИ полнеле кутии на денот на изборите, имаме и потврден случај тоа е во...

Македонија8 часа

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Репортери без граници денеска го објавија својот годишен извештај за слободата на медиумите во светот, според кој Македонија се наоѓа...

Македонија9 часа

„За избор на Владата нема двојно гласање (Бадентер), тоа не е предвидено ниту со Уставот, ниту со било каков договор или закон“, вели Демократскиот сојуз

Демократскиот сојуз ги потсетува партиите, посебно ДУИ, но и сите граѓани, дека соглано член 99 од Уставот на Република Македонија,...

Македонија11 часа

„ДКСК да покрене постапка против Битиќи, бара од фирмите на кои им исплаќал државна помош да гласаат за него“, вели ВМРО-ДПМНЕ

„ДКСК да покрене постапка против Битиќи, бара од фирмите на кои им исплаќал државна помош да гласаат за него, им...

Свет12 часа

Израелските медиуми ги објавија трите барања на шефот на Хамас за ослободување на заложниците

Лидерот на палестинската исламистичка организација Хамас во Појасот Газа, Јехја ал Синвар, и понатаму има три барања во преговарачката понуда...

Европа12 часа

(Видео) Украинците објавија снимка: Го уништивме рускиот систем Бук, не можеа да го изгаснат пожарот

Украинските сили за специјални операции тврдат дека го уништиле лансерот на рускиот противвоздушен ракетен систем Бук на линијата на фронтот...

Свет12 часа

Турција ја прекина целата трговија со Израел

Турција од вчера го прекинува целиот извоз и увоз со Израел, соопшти турското Министерство за трговија, наведувајќи ја како причина...

Македонија23 часа

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април, одлучи Владата

Владата ја разгледа и усвои Информацијата со Предлог- измени и дополнувања на Тарифата на премии за осигурување на сопствениците на...

Македонија1 ден

„Влен“: Влада и Бадентер да, но без ДУИ и Левица

ДУИ ги напушти вредностите за кои се залагаше во 2001 кога наместо за Албанската кауза почна да се грижи единствено...

Македонија1 ден

Чекајте, па ние сме на избори конкуренти, одговори Ковачевски прашан дали би им помогнале на ВМРО-ДПМНЕ ако не можат да формираат Влада

Чекајте, па ние сме на избори конкуренти, првин да ги видиме резултатите на 8 мај. Вака лидерот на СДСМ, Димитар...

Македонија1 ден

ДСЗИ ќе забрани на Токсикологија да работат лица со истечени договори оти  директорката, која не зборува македонски, не им ги одзела пристапите

Организациската директорка на Клиниката за токсикологија Бесија Иљази, не постапила и не ја потпишала опомената од Државниот санитарен и здравстве...

Македонија1 ден

Османи: Со Рамковниот договор неопходни се две мнозинства за формирање Влада – парламентарното од 61 плус Бадентеровото

Со Рамковниот договор неопходни се две мнозинства за формирање Влада – парламентарното од 61 плус Бадентеровото, вели портпаролот на ДУИ,...

Македонија1 ден

Почина таткото на Тоше Проески

Почина Никола Проески – татко на музичарот Тоше. Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави Дора, неговата ќерка....

Македонија1 ден

Десна објави наводно писмо од Љупчо Палевски: Министерот Лога лаже за екстрадицијата

Политичката партија Десна на својот Фејсбук профил објави писмо од својот лидер Љупчо Палевски Палче, кој чека екстрадиција во Македонија...

Свет1 ден

Кулеба: Повеќе од половина од енергетскиот систем на Украина е оштетен во нападите на руските сили

Повеќе од половина од енергетскиот систем на Украина е оштетен во нападите на руските сили, изјави министерот за надворешни работи...

Свет1 ден

Полицијата во САД уби ученик пред училиште во Висконсин по пријава за пукање

Американската полиција  убила ученик пред средно училиште во Висконсин, откако добила дојава дека таму има вооружено лице, изјави Џош Кол,...

Македонија1 ден

Каевски од голтар до милионер, фатен како прави милионски проневери како директор на Агенцијата за млади и спорт, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Каевски од голтар до милионер, фатен како прави милионски проневери како директор на Агенцијата за млади и спорт, велат од...

Свет1 ден

При уривање на автопат во јужна Кина загинаа 36 лица

Бројот на загинати во уривањето на дел од автопатот во јужната кинеска провинција Гуангдонг се искачи на 36, соопштија локалните...