Македонија
(Видео) Ременски во одбрана на Димитров – не бил политичар, туку визионер

Димитров прати порака дека е крај на ерата на поделбите и конфликтите, рече Фросина Ременски на собраниската седница, на која на дневен ред е интерпелацијата за министерот за надворешни работи, Никола Димитров.
„Оваа дебата е добра да видиме дали сме излегле од роговите на патриотизмот. Улогата на министерот во градење на угледот на Македонија никој не може да го оспори. На многу настани сме се разминувале, но имаме исти мислења. Можете да му залепите епитети, но не можете да му ја оспорите работата во кариерата“, рече Ременски.
Таа додаде дека Димитров има визионерство и знаење да затвори еден децениски проблем.
„Тој не е класичен политичар, туку познавач на пробемите, тој ги знаеше тие нарушени односи. Тој кажа вистини, ние како политичари не излегуваме од тие почитички рогови. Тој ги следи идејата и визионерството. Во 21 век не ја прифаќам поделбата на предавници и патриоти. Министерот треба да се гордее за сето она што го направи. Тој научи да ги надмине предрасудите и да стави крај на реториката што оди во конфликт“, рече Ременски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Герасимовски: Отворен Јавен повик за „Нож и виљушка на европска чинија“, да се поврземе со светот

По повод Меѓународниот ден на семејството 15 Мај, Општина Центар распишува Јавен повик за реализација на проектот „Нож и виљушка на европска чинија“, како дел од Годишната програма за култура на општината. Во рамките на овој проект, планирано е претставување на карактеристични производи од традиционалната македонска и европска храна.
„Ги повикувам сите заинтересирани да се пријават на повикот за организирање на оваа веќе традиционална манифестација во срцето на Центар, во Паркот на франкофонија. Овој настан e можност за поврзување на различни култури, запознавање со европските гастрономски кујни и нивниот начин и стил на живеење”, порача градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски.
„Право на учество имаат сите регистрирани здруженија, организации и правни субјекти со седиште на територијата на Општина Центар, кои имаат искуство во областа на културата, туризмот и маркетингот. За пријавата потребно е да се достават: опис на концептот, агенда, портфолио од досегашна работа, финансиска конструкција и соодветни документи (тековна состојба, доказ за искуство и активна сметка).
Учесниците е потребно да понудат двочасовна програма со низа активности насочени кон унапредување на меѓународната соработка, промоција на локалните производители и анимација на сите возрасни категории. Избраниот организатор ќе добие финансиска поддршка во износ до 300.000 денари. Крајниот рок за пријавување е пет работни дена од денот на објавата на веб-страницата на Општината“.
Македонија
Судот – мафија!, извика таткото на Кулакова по пресудата од 12 години затвор за Јованов

„Судот – мафија“ извика таткото на Фросина, Тодор Кулаков, по изрекувањето на пресудата за Васил Јованов.
На 20-годишниот Јованов, кој смртно ја прегази Фросина Кулакова на пешачки премин, денес судот му изрече затворска казна од 12 години.
Tој на 29 јануари, без возачка дозвола, управуваjќи возило со брзина од 91 километар на час под дејство на алкохол, на пешачки премин удри во Фросина Кулакова, која ја минувала улицата на зелено светло. Кулакова од силината на ударот почина на самото место.
Македонија
Дванаесет години затвор за Васил Јованов, кој ја усмрти Кулакова на пешачки премин

Судот изрече 12 години затворска казна за 20-годишниот Васил Јованов, кој смртно ја прегази Фросина Кулакова на пешачки премин.
Во образложението, судијката Снежана Марковска кажа дека при одлучувањето судот ги земал во предвид сите олеснувачки и отежнувачки околности. Јованов доби и забрана за управување на возило од Б категорија во времетраење од пет години, а ќе треба и да ги надомести сите трошоци на кривичната постапка.
Во судската сала, беше присутно семејството на загинатата Фросина Кулакова, а нејзиниот татко извика „Судот-мафија“ по изрекувањето на пресудата.
Јованов претходно призна вина за сообраќајната несреќа, која се случи во јануари годинава на булеварот Партизански одреди во Скопје.
Tој на 29 јануари, без возачка дозвола, управуваjќи возило со брзина од 91 километар на час под дејство на алкохол, на пешачки премин удри во Фросина Кулакова која ја минувала улицата на зелено светло. Кулакова од силината на ударот почина на самото место.