Македонија
Реџепи: Наша цел е до полноќ да ја срушиме оваа власт
Опозиционерите не губат надеж дека до вечер ќе обезбедат мнозинство за да изгласаат недоверба на Владата. Пратеникот на Алтернативата, Скендер Реџепи, не е зачуден од постапката на пратеникот од Беса, Кастриот Реџепи, кој не се појави на денешната седница. Скендер Реџепи рече дека нема контакт со пратеникот од Беса веќе четири години и додаде: „Знаев дека тој што еднаш ќе те предаде, ќе те предаде секојпат“.
„Како понатаму, допрва ќе видиме. Еден час пауза. Ние дојдовме да гласаме за паѓање на Владата и нашиот став останува“, рече Скендер Реџепи и додаде: „Ние сме во опозиција и сѐ додека сме опозиција, битката ќе ја водиме како опозиција. Ако во иднина има понуда, ќе ја гледаат партиските органи. Наша цел е до 12 часот на полноќ да ја срушиме оваа власт. Имаме надеж до 12 часот на полноќ дека може да се направи што и да било“.
Седницата е паузирана веќе од нејзиниот почеток во 11 часот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Милионски загуби, долгови и блокирани сметки – финансиски биланси на локалните јавни претпријатија
Денеска, Центарот за граѓански комуникации ги објави истражувањето и базата на податоци за финансиските резултати на локалните јавни претпријатија во земјава.
Истражувањето открива дека:
· Загуба оствариле повеќе од половина од локалните јавни претпријатија во земјава, односно 71 од 128-те претпријатија.
· Вкупниот износ на загубите изнесува 17 милиони евра.
· На првите три места според загубите се скопски, а на третото и четвртото место се битолски јавни претпријатија.
· Во последните години растат и загубите и бројот на претпријатија со загуби.
· Само првите 10 претпријатија со најголеми загуби, прикажале 77 % од вкупните загуби.
· Вкупните долгови на локалните јавни претпријатија, мерени преку нивните краткорочни обврски, изнесуваат 193 милиони евра.
· Долговите на 10-те најзадолжени претпријатија се 40 % од вкупните долгови на сите претпријатија.
· На дури третина од локалните јавни претпријатија им е блокирана банкарската сметка.
· Во локалните јавни претпријатија работат повеќе од 12.000 луѓе, иако бројот на вработени во последните неколку години благо се намалува.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ со осуда за синоќешниот упад во студиото на „Инфомакс“
„ВМРО-ДПМНЕ го осудува синоќешниот упад во студиото на „Инфомакс“ и секој обид со сила да се загрози безбедноста на новинарите и медиумските работници. Ваквите инциденти се неприфатливи и претставуваат закана за основните демократски вредности кои треба да се заштитуваат и промовираат“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Слободата на медиумите, правото на информирање и независната новинарска работа се темелни принципи за кои како партија отсекогаш сме се залагале. Без оглед на разликите во ставовите или уредувачките политики, секој медиум мора да работи во средина која гарантира безбедност, достоинство и почитување.
Ја поздравуваме брзата и професионална интервенција на полицијата и очекуваме сите надлежни институции целосно и доследно да ја истераат постапката.
ВМРО-ДПМНЕ продолжува да биде посветена на заштитата на слободата на изразување и создавањето амбиент во кој јавната дебата може да се одвива без страв и притисок“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
(Видео) Ивановски: Пробиен претпоследниот тунел на железничката делница од Бељаковце до Крива Паланка
Директорот на МЖ Инфраструктура, Синиша Ивановски, нa својот фејсбук профил објави видео од пробивање на 14-от тунел на железничката делница Бељаковце-Крива Паланка која е во изградба.
„Добро е кога на крајот од тунелот ќе се појави светло. Рано изутринава го пробивме претпоследниот од вкупно 15 тунели на железничката делница од Бељаковце до Крива Паланка. Ова е вториот дел од градбата на пругата кон Бугарија.
Градбата на оваа траса изобилува со предизвици, а еден од поголемите се пробивањето и градбата на тунелите.
Прогресот на градбата на целиот проект не е на посакуваното ниво, но би го пофалил изведувачот за нивниот успех во градбата на тунелите.
Верувам дека и во другите сегменти од градбата за многу скоро од денес ќе почнат да бележат успех“, напиша Ивановски.

