Македонија
Родители на невакцинирани деца: Нема да плаќаме даноци за парите да се трошат на „ѓубре од вакцини“
Здружението „Здравје со игла не влегува“ жестоко реагираше на препораките од Министерството за здравство за вакцинација на децата по прогласената епидемија на морбили. Родителите чии деца не се вакцинирани повикуваат на граѓанска непослушност преку неплаќање даноци, со цел нивните пари да не се трошат на милионски тендери за купување на, како што велат, „најевтино ѓубре од вакцини“. Тие сметаат дека со задолжителното вакцинирање се кршат основните човекови права.
Денес – гордите родители на невакцинираните деца од Македонија решија да станат и да му покажат среден прст на…
Gepostet von Здравје со игла НЕ влегува am Freitag, 4. Januar 2019
„Нема повеќе да ви дозволуваме да ги користите нашите сопствени пари за наше угнетување.
Недостигот на вистински податоци од регистрирани случаи на морбили, конкретна и релевантна анализа на генотипот на вирусот на морбили можеби се само начин успешно да го сокриете фактот дека за вашата епидемија се виновни токму вакцинираните индивидуи и дека ‘епидемијата’ ви е индуцирана со вакцина.
Заинтересирани сме исто и за тоа како ќе го оправдате вашето фашистичко кршење на човековите права и тоталното лудило пред Европа и Стразбур кон кои демек се стремите. Во целата Европска Унија вакцините се исклучително право на избор на родителот. Воедно и ви честитаме на најголемиот правен гаф и преседан достоен за светските насловни страници“, се пишува во објавата на социјалните мрежи.
Од здружението најавуваат изготвување прокет за отворање градинки и училишта во Македонија каде што нивните деца кои не се вакцинирани ќе бидат примени.
„Ќе се ангажираме во изготвување проект и бизнис-планови за отворање Валдроф градинки и училишта во Македонија (покрај поднесување претставка до Народниот правобранител, поради дискриминација преку необезбедување простор за невакцинираните и психичка пропаганда) каде што дечињата нема да се малтретирани од вашите фашистички војници, туку нежно ќе се работи на развивање на нивната личност и вистински спообности. Градинки и училишта каде што нема да се хранети со вашата отровна процесирана храна туку со органски произведено овошје и зеленчук“, додаваат од здружението „Здравје со игла не влегува“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Потпишан Меморандум со највисоко рангираните универзитети во Македонија за соработка во рамки на проектот „Европска престолнина на културата – Скопје 2028“, објави Ѓорѓиевски
Градоначалникот на Град Скопје, заедно со највисоко рангираните универзитети во Македонија потпишаа Меморандум за соработка во рамки на проектот „Европска престолнина на културата – Скопје 2028“, со што академската заедница официјално се вклучува како активен и рамноправен партнер во овој значаен европски културен процес, информираат од Град Скопје.
Со Меморандумот се потврдува јасната европска ориентација на универзитетите и нивната улога како двигатели на знаење, креативност и иновации, како и нивната општествена одговорност во развојот на заедницата. Вклучувањето во „Скопје 2028“ отвора можности за интеграција на културата во наставните и истражувачките програми, поттикнување на студентската креативност и младинскиот ангажман, развој на интердисциплинарни и меѓународни партнерства и зголемување на академската видливост на европско ниво.
Академската заедница останува посветена на активна, професионална и визионерска улога во реализацијата на „Скопје 2028“, со цел зајакнување на европските вредности, продлабочување на интеркултурниот дијалог и создавање одржлива, солидарна и креативна иднина за Скопје и Македонија.
Македонија
Сиљановска-Давкова: „Извозот на мозоци“ остава длабоки лузни, најдобрите си заминуваат поради недостиг на правдата при вработувањето и напредувањето
Претседателката на државата, Гордана Сиљановска -Давкова денеска присуствуваше на презентацијата на проектот „Партнерства за вештини за одржливи и праведни модели на миграција“ (Skills4Justice), спроведен во рамките на програмата на ЕУ за истражување и иновации Хоризонт Европа (HORIZON Europe). Настанот се одржа на Економскиот факултет при УКИМ, како национален координатор на истиот.
Во своето воведно излагање, таа истакна дека одливот на младите високообразовани и компетитивни македонски кадри е една од најголемите закани за македонскиот општествен развој, со сериозни демографски, економски, политички, научни и културни последици.
Според неа, со сè помалубројна и послаба епистемолошка заедница (професори, истражувачи, новинари-аналитичари, културни дејци), тешко е да се креираат добри политики во различни области.
Најдобрите си заминуваат во потрага по подобар живот, но и заради недостиг на меритократија (потценето знаење, талент, вештина и креативност), како и отсуството на владеење на правото и правдата при вработувањето и напредувањето, смета таа.
За неа, напливот на високообразовни институции со сомнителен квалитет, како и партизацијата и непотизмот, продуцираат некритична и послушна ,,интелигенција”.
Таа истакна дека борбата со егзодусот на најдобрите треба да почне со реформи во основното и средно образование, преиспитување на високообразовната мрежа и заострени критериуми при избор и кариера.
На крајот, претседателката укажа на потребата од воведување дуално образование во сите степени, преиспитување на преоптоварената високообразовна мрежа, организирање заеднички студии и проекти со други универзитети, ангажирање на македонските умови од дијаспората со помош на вештачката интелигенција и дигитализација.
Македонија
СДСМ: Македонија сака во ЕУ а ВМРО изолација
Македонските граѓани во големо мнозинство, над 70% сакаат членство во ЕУ. Додека Мицкоски и ВМРО намерно ја туркаат земјата кон изолација, далеку од ЕУ, истакнуваат од СДСМ.
„Известувачот за Македонија, Томас Вајс денеска изјави дека мора да се исполнат реформи и условот со уставни измени за да продолжи европскиот пат на земјата, при презентирањето на нацрт-извештајот за 2025 година.
Евроамбасадороот Михалис Рокас вчера беше дециден дека нема членство во ЕУ без право на глас и без право на вето.
Со ова, приказните на Мицкоски се разобличени целосно.
Исто како и празната националистичка реторика која веќе не поминува“.
Граѓаните, додаваат од СДСМ, го гледаат Мицкоски седнат во авион како се лукзуора на нивна сметка, со скапи часовници од 60.000 евра, со тендери како томбола за бизнис.
Тоа, како што оценуваат, е личен финаниски патриотизам.
„Зборува за меко ткиво а не знае дека и мозокот е меко ткиво.
Мицкоски, граѓаните имаат мозок“.

