Македонија
Рот: Добро е да се вратиш во предизвикувачки, фрустрирачки времиња за Македонците
Пратеникот од германскиот Бундестаг воедно и претседател на тамошната Комисија за надворешна политика Михаел Рот, на Твитер напиша дека доаѓа во предизвикувачко и фрустрирачко време за Македонците. Тој денеска е во посета на зејмава, при што ќе се сретне со државниот врв.
„ Добро утро Скопје! Добро е да се вратиш во предизвикувачки, фрустрирачки времиња за Македонците! Но, вие никогаш нема да чекорите сами… Надежта е клучот! И патем: Македонскиот е јазик во Европа на културни различности!“, напиша Рот.
Добро утро Скопје! Good to be back in challenging, frustrating times for the Macedonians. But you’ll never walk alone… Hope is key! And by the way: Macedonian is a language in a Europe of cultural diversity! ???? ????????????????????????
— Michael Roth MdB ???????????????? (@MiRo_SPD) August 31, 2022
Пред да биде избран за пратеник во Бундестагот, Михаел Рот ја извршуваше функцијата државен министер за Европа во германското МНР.
Рот последен пат беше во земјава во мај лани кога беше министер за Европа, а во пресрет на минатогодишниот јунски состанок на Советот на ЕУ за општи работи кога се правеа напори за усогласување на преговарачката рамка и почеток на преговорите на Северна Македонија со ЕУ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од општината Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 16.00 часот корисниците на улиците Борис Сарафов и Атанас Иљоски (општина Ѓорче Петров).
Македонија
Магла на два патни правци, најавен собир на регионалниот пат Берово – Струмица, сообраќајот ќе биде блокиран
Поради појава на магла се бележи намалена видливост од 50 – 60 магла има на патните правци Неготино – Градско и Неготино – Демир Капија, извести АМСМ.
Најава за прекин на сообраќај: На 19.12.2025 година во 10.00 часот од страна на Месно население на село Двориште, најавен е јавен собир на Регионален пат П-1302 (Берово – Струмица) на место викано „Студенецо“, при што сообраќајот ќе биде блокиран, а возачите кои сообраќаат по патен правец Струмица – Берово, да ги користат алтернативните патни правци, соопшти АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, претпладне магла
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне наместа ќе има појава на магла. Во југоисточниот дел од земјата ќе дува слаб ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 1, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, променливо облачно и тивко. Во делови од котлината ќе има појава на магла. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на стабилна воздушна маса до понеделник ќе се задржи стабилно и тивко време. Наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност. Во вторник кон крајот на денот ќе има услови за локален слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

