Македонија
РСБСП: Пешаците и понатаму се една од најзагрозените групи учесници во сообраќајот
Пешаците се најмасовна и најранлива група учесници во сообраќајот, а истовремено и најмалку контролирана и најмалку санкционирана. Искуствата и анализите покажуваат дека кај пешаците недостига чувство за нивното активно учество во сообраќајот и недостига одговорност дека и за нив важат сообраќајните правила и прописи, како и за сите други учесници во сообраќајот.
Ваквото однесување на пешаците во сообраќајот резултира со голем број загинати и повредени пешаци. Една од причините зошто пешаците толку многу страдаат во сообраќајот, покрај грешките на возачите и несоодветната сообраќајна инфраструктура, секако е непочитување на сообраќајните правила и прописи од нивна страна.
Црната статистика за 2017 година покажува дека 34 пешаци го загубиле животот во сообраќајни незгоди, од кои дури 17 се на возраст над 65 години, а 914 пешаци се сериозно повредени. Во 2018 година 27 пешаци го загубиле животот во сообраќајни незгоди, од кои 14 се на возраст над 65 години, а 861 пешак е сериозно повреден.
РСБСП потсетува дека пешакот е должен да ја помине улицата на пешачки премин кога ќе се увери дека тоа може да го направи без да го загрози безбедното одвивање на сообраќајот, односно кога ќе се увери дека возилата што се движат на коловозот се во можност безбедно и навреме да застанат.
РСБСП апелира: За да имаме побезбеден сообраќај, за во сообраќајот да нема жртви, крајно време е да почнеме да ги менуваме навиките и културата на однесување во сообраќајот. Да почнеме од себе за да придонесеме за безбедноста на сите учесници во сообраќајот!
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Аеродром и Шуто Оризари денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ке останат:
· од 09.00 до 11.00 часот корисниците, од булевар Јане Сандански бр. 30. (Општина Аеродром)
· од 09.00 до 11.00 часот дел од корисниците на ул. Индира Ганди. (Општина Шуто Оризари)
Македонија
Намалена видливост поради магла на Плетвар, Ѓавато и Пресека
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, на некои повисоки места со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП МакедонијаПат.
Намалена видливост до 100 метри поради магла има на планинскиот превој Плетвар, Ѓавато и Пресека, извести АМСМ.
Од 05:25 часот на патниот правец P1105 Удово-Валандово има излевање на Калковска Река на коловозот, се воведува забрана за сообракајот на тој патен правец и се пренасочува на патниот правец Р1401 село Марвинци-Валандово.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Променливо облачно со повремен слаб дожд и ветер
Времето денеска ќе биде облачно со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 2 до 9 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен слаб дожд. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 7 степени.
Времето во наредните денови
Денеска наместа ќе има услови за слаби врнежи од дожд и снег. Потоа во следните два дена времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Нови врнежи од дожд, а на планините снег се очекуваат од четврток.

