Македонија
Поповски: Само Мијалков, Грујевски и Јакимовски оценуваа дали има потреба од набавка на опрема за прислушување
Рочиштето за случајот „Трезор“ за набавка на опрема за прислушување во УБК продолжи со вкрстено испрашување на поранешниот заменик-министер за внатрешни работи, Ѓоко Поповски, кој бил задолжен за набавките што ги прави Министерството за внатрешни работи.
Поповски во своето сведочење на прашање на обвинителот од СЈО, Артан Ајро, истакна дека само раководството на УБК и никој друг од МВР оценува дали има потреба од набавка на специфична опрема за потребите на Управата како во случајот со набавената опрема за прислушување.
„Ниту јас ниту кој било вработен од мојот сектор ценел дали има потреба за набавка на ваква специфична опрема. Тоа го цени УБК. Ние само ја спроведуваме постапката при набавка на ваква софистицирана опрема, а не одлучуваме што ќе се набави, од каде ќе се набави и дали има потреба од таква опрема“, рече Поповски.
Претседателката на судечкиот совет, Џенета Бектовиќ, го запраша експомошник-министерот на МВР, Ѓоко Поповски, на кого мисли кога вели раководство на УБК, на што тој одговори дека во 2010 година раководители со Управата биле тогашниот директор, првообвинетиот Сашо Мијалков, и обвинетите началници Тони Јакимовски и Горан Грујевски.
Во случајот „Трезор“ првообвинет е поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, поранешниот началник за координација и поддршка при УБК, Тони Јакимовски, поранешниот помошник-министер во МВР, Небојша Стајковиќ, и поранешениот началник на Петтата управа во МВР, Горан Грујевски.
Тие се товарат за злоупотреба на службената положба и овластувањата и предизвикување штета на буџетот во висина од 862.045 евра за набавката на електронско-комуникациска опрема за потребите на Петтата управа при УБК и обука за нејзино користење од фирма од Велика Британија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Мицкоски: Потребна е масовна излезност на 8 мај за да ги пратиме во опозиција ДУИ кои ја ограбуваат и ја ставаат Македонија на колена
Овој резултат од 24 април е и одговорност. Се што зборуваме треба и да примениме. Народот очекува и убеден сум дека во овие нешто повеќе од 10 дена народот ќе се приклучи, народот е обединет и сака промени и брзи резултати, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот митинг во Росоман.
Мицкоски информираше дека како коалиција внимателно е пристапено во креирање на програмата.
„Внимаваме што ќе ветуваме, не сакаме да ветуваме нешто што не може да се реализира, не сакаме народот да ја губи надежта. Си дадовме збор дека програмата ќе ја ревидираме за две години. Нема скандал за повеќе од две години во работата на градоначалниците. Затоа можам да кажам дека поучени од ова искуство имајќи во предвид дека најголем дел од проектите се веќе реализирани одлучивме по две години да направиме ревизија и на оваа програма. Сметаме дека можеме повеќе, ама не сакаме да ве разочараме“, кажа Мицкоски.
Мицкоски порача дека сега треба максимална мобилизација бидејќи како што рече „нема да остават да биде едноставно, мора да добиеме мнозинство во парламентот, да имаме наш претседател и заедно со градоначалниците да направиме трансформација на Македонија“, изјави Мицкоски.
Според него за ова треба масовност.
„Има центри на моќ кои не сакаат да ја видат успешна Македонија, имаме такви и тие беа клучен фактор до сега беа и во Владата, и тука мислам на ДУИ и Али Ахмети, тој сака да ја види осиромашена Македонија и слично. Тие не сакаат да ја видат успешна Македонија“, рече Мицкоски.
Мицкоски укажа дека овие избори се шанса криминалците да ги пратиме во опозиција.
„И ова го зборам само поради криминалот, не го зборам за ДУИ затоа што се Албанци, не, туку поради криминалот. Јас ја повикав опозицијата кај Албанците да се бориме заедно. Јас се борам против ДУИ кои ја ограбуваат и на колена ја ставаат Македонија“, заклучи Мицкоски.
Македонија
Николоски од Росоман: Идната влада на ВМРО-ДПМНЕ целосно ќе го изгради експресниот пат Прилеп-Градско до 2027 година
-Од Росоман можам да кажам дека за откупот на праските планираме изнаоѓање на нови пазари кои што ќе донесат подобри цени, понатаму поддршка за изградба на ладилници и за стимулирање на откупувачи, секако тука е делот на реконструкција на постојните водоводни системи за наводнување и изградба на нови системи и за тоа се предвидени големи средства во делот за земјоделие за двете ставки некаде по стотини милиони евра. Понатаму враќање на системот за субвенции кои што е правичен и кој што значи според она што го обработуваат земјоделците. Тука е и поделбата за земја, да завршиме со олигархиското и картелското делење на земја каде што огромни површини на земји ги земаат луѓе кои што не се по потекло од општината во која што добиваат земјиште и најчесто не ја работат таа земја. Така што бројни проекти планираме во земјоделието кое што треба да ја подобрат состојбите во земјоделството, истакна Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и носител на ИЕ 4 на денешниот митинг во Росоман во рамки на претседателската и парламентарната кампања.
Николоски во текот на своето обраќање пред граѓаните од Росоман се осврна и на експресниот пат Прилеп-Градско кој е многу значаен за овој регион. Николоски вети дека идната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе го заврши овој пат до 2027 година.
-Исто така тука е и инфраструктурата, тука поминува една од најзначајните артерии за целиот пелагониски регион, за цела централна Македонија, тоа е експресниот пат Прилеп-Градско кој што е симбол за неспособноста на СДС и ДУИ. 7 години не успеа да го изградат, но исто така е симбол и за криминалот на СДС и ДУИ затоа што бројни афери се поврзани за изградбата на овој пат. Ние ветуваме дека до 2026 година ќе се завршат двете фази од експресниот пат кој што требаше одамна да бидат завршени и третата фаза која што воопшто не е почната до сега, ќе биде завршена до 2027 година како би целосно се комплетирал овој експресен пат кој што треба да ја промени состојбата со економијата, со стопанството во целиот регион, потенцираше Николоски.
На крај тој вети дека ВМРО-ДПМНЕ има уште многу други бројни проекти кои се значајни за граѓаните од овој период.
-Имаме и бројни други проекти кои се поврзани со сите области кои се од витално значење за сите вас со цел тука да остануваат луѓето, а не да бегаат надвор и да останува полето необработено, порача тој.
Македонија
Левица ветува изградба на споменик за бранителите од Вејце
Политичката партија Левица вели дека ако дојде на власта ќе изгради во Вејце споменик во помен на загинатите бранители, кои несебично се жртвуваа во војната во 2001 година.
„Масакрот од 2001 година во село Вејце останува дел од колективната меморија на Македонците како најголем пораз на државните институции од група на терористи, кои ден денес немаат праведна судска разврска, туку напротив истите тие кои ги направија овие злосторства беа амнестирани и наградени со удобни фотелји.
Делегација на Левица на 28 Април ќе положи свежо цвеќе за сеќавање на жртвата на осуммина припадници на специјалната единица “Волци” кои беа убиени, масакрирани и живи запалени на истиот тој ден пред 23 години.
Проектот го изготви м-р Андреа Јанков, координатор на секторот за Урбанизам и локална самоуправа на Левица“, велат од партијата.