Македонија
СДСМ: Бараме одговори, дали актуелните командири и началници од МВР се изземени од истрага?
„И по 24 часа од поставените легитимни прашања на СДСМ кон МВР и Јавното обвинителство, одговор нема. Ова е крајно загрижувачки, ако се земе предвид сериозноста на на трагедијата за која мора да има целосна одговорност на сите сегашни и минати функционери, службеници и политичари“, велат од СДСМ.
СДСМ е многу загрижена дека оваа истрага е селективна и води само кон минати функционери и службеници, а воопшто не кон оние кои биле на функции денот кога се случила трагедијата. Ова е правна небулоза и искрено сакаме да веруваме дека истрагата ќе ги опфати сите кои се одговорни не само оние кои се политички подобни за власта.
СДСМ уште еднаш најостро укажува: селективната правда не е никаква правда. Ако се штитат поединци блиски до власта, довербата на граѓаните ќе биде целосно урната, а чувството на неправда – уште подлабоко.
„Уште еднаш ги поставуваме клучните прашања. Овој пат се надеваме на одговор од институциите, МВР и Јавното обвинителство, не од Бране Петрушевски и ВМРО-ДПМНЕ. Дали е точно дека ниту еден од командирите, инспекторите и раководството на БЈБ и МВР во ОВР Кочани и СВР Штип – кои биле одговорни по закон да го обезбедат настанот – не се во притвор?
Дали и против кого од нив се води истрага? Ако не се води, како е можно да не се истражуваат лица кои вечерта биле на одговорни позиции со законска должност да постапат – но не го сториле тоа?
Дали е точно дека сите седум вработени во МВР кои се приведени, не биле на функции вечерта на трагедијата?
Уште еднаш јасно порачуваме, ако наместо институциите почнува да зборува партијата, тогаш уште повеќе се подгрева сомнежот за селективна правда и политички манипулации со случајот. Јасно му порачуваме на ВМРО-ДПМНЕ да не одговара во име на независните институции“, посочуваат од СДСМ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Гази Баба и Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од ул. Товарник бр. 3, како и дел од корисниците од ул. Среќко Пужалка. (општина Гази Баба)
– во периодот од 09.00 до 16.00 часот, дел од корисниците од улиците Кичевска и Рафаел Батино. (општина Ѓорче Петров)
Македонија
Утрински минусни температури, кон крајот на денот се очекуваат локални врнежи од снег
Променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови ќе има локални врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -12 до -2, а максималната ќе достигне од -2 до 8 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -7, а максималната ќе достигне до 6 степени.
Времето во наредните денови
Денеска кон крајот на денот, во текот на ноќта и во среда се очекуваат повремени врнежи претежно од снег. Во четврток ќе биде претежно облачно, а во петок ќе преовладува умерено облачно време со сончеви периоди. По котлините ќе има услови за појава на магла. Од сабота, најпрво во западните делови, а потоа насекаде, повторно се очекуваат врнежи од дожд и снег
Македонија
Утре променливо облачно време со локални врнежи од снег
Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови ќе има локални врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, информира УХМР.
Минималната температура ќе биде во интервал од -12 до -2, а максималната ќе достигне од -2 до 8 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -7, а максималната ќе достигне до 6 степени.
Утре кон крајот на денот, во текот на ноќта и во среда се очекуваат повремени врнежи претежно од снег. Во четврток ќе биде претежно облачно, а во петок ќе преовладува умерено облачно време со сончеви периоди.
По котлините ќе има услови за појава на магла.
Од сабота, најпрво во западните делови, а потоа насекаде, повторно се очекуваат врнежи од дожд и снег.

