Македонија
СДСМ ветува шанса за свој бизнис во бесплатен деловен простор
СДСМ ветува дека ќе им помогне на граѓаните да можат да отворат сопствен бизнис, со тоа што ќе добијат бесплатен деловен простор.
„Тоа планираме да го направиме преку старт – ап центрите што планираме да ги отвориме во сите поголеми општини. Новите фирми, во првите години од основањето освен што нема да плаќаат за делоловен простор ќе имаат и бесплатно сметководство, архива, одржување. Нашата цел е младите луѓе да се охрабрат само да почнат сопствен бизнис. Ќе им олесниме да се чувствуваат заштитени од државата кога ќе ги преават првите чекори кон тоа“, се вели во соопштението од СДСМ.
Исто така, велат ќе овозможате отворање фирма со само 1 евро основачки влог.
Ќе овозможат кредити до 15.000 евра, со само 1 процент камата за отворање микро бизнис.
„Граѓаните знаат дека досегашната власт не им помогна со реални политики да можат да отворат стабилни бизниси и воопшто не се грижеше за домашните фирми на кои им даваше по две евра годишно државна помош. Како што знаат граѓаните нашата цел е силна поддршка на мали и средни претрпијатија за што испланиравме 140 милиони евра државна помош. На овој начин ќе обезбедиме вистински економски раст во Македонија“, се вели во соопштението./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Трајановски: Паметно осветление во сите паркови и дворови на градинките и училиштата
Во нашата програма предвивуваме низа на реални и остварливи проекти кои значително ќе го подобрат квалитетот на живот во нашата општина. Старото јавно осветлување го заменуваме со ново СМАРТ економично јавно осветлување, со цел да добиеме модерен систем за јавно осветлување што ќе креира заштеда на средства, вели Александар Трајановски, кандидат за градоначалник на општина Аеродром од редовите на СДСМ.
Како што појасни на почетокот овој проект ќе се имплементира во јавните паркови, дворовите на сите детски градинки и основни училишта низ општината.
Потоа ќе продолжи и кон замена на јавното осветлување и на сите улици и паркинзи во општината.
„Овој проект ќе овозможи Енергетска ефикасност и заштеда на финансиски средства.
Затоа ве повикувам на 2 ноември да дадеме поддршка на концептот што ќе гради и создава иднина, а не коцнепт на кочење и не работа“.
Македонија
Трипуновски: Килограм свежо македонско овошје неделно ќе добива секое дете во детските градинките
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски ја посети детската градинка „Срничка” во општина Аеродром.
Согласно Програмата за поттикнување на потрошувачка на свежо овошје за 2025 година, објавена во Службен весник бр. 27/2025 од 07.02.2025 година, околу 38.000 деца од сите градинки во државата ќе добиваат домашно и квалитетно овошје.
Издвоени се 40 милиони денари за набавка на околу 880.000 килограми домашно овошје. Во текот на три месеци, секое дете ќе добива еден килограм овошје неделно, односно по два вида овошје неделно, кое ќе се консумира во градинките како дел од дневната ужинка.
За првпат се предвидени и количини на овошје од органско потекло, што претставува дополнителен квалитет во исхраната на најмалите.
Оваа програма претставува инвестиција во здравјето на најмалите, градење на навики за здрава исхрана од најрана возраст и конкретна поддршка за македонските земјоделци, велат од МЗШВ
Преку директната набавка на домашно овошје, Министерството придонесува за зајакнување на земјоделското производство и обезбедување стабилен пазар за земјоделците.
„Децата заслужуваат „Македонско најдобро“ од најмала возраст. Секое дете заслужува здрава исхрана, а секој земјоделец заслужува поддршка. Заедно градиме здрава иднина за децата и одржлив развој за македонското земјоделство”, истакна министерот.
Македонија
Потпишан меморандум меѓу МОН и ИНОФЕИТ за соработка во унапредувањето на дигиталните вештини на наставниците, со фокус на вештачката интелигенција
Центарот за трансфер на технологии и иновации ИНОФЕИТ при Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје се приклучува кон заложбите на Министерството за образование и наука за унапредување на дигиталните компетенции на наставниот кадар, поттикнување на иновативни педагошки практики и одговорна употреба на генеративната вештачка интелигенција во наставниот процес.
Двете страни денес потпишаа меморандум за соработка кој предвидува искористување на научно-стручните, професионалните, материјално-техничките и просторните услови за организирање на обуки за наставникот кадар, како и работилници за развој и примена на иновации во образованието со фокус на генеративната вештачка интелигенција.
МОН и ИНОФЕИТ заеднички ќе учествуваат во проекти и иницијативи од областа на дигиталната трансформација на образованието, а периодично на работни средби ќе дискутираат за прогресот на активностите, ќе договараат континуитет или изменување и дополнување на истите.
На потпишувањето на меморандумот, министерката за образование и наука Весна Јаневска, од една страна и деканот на ФЕИТ, Владимир Атанасовски и управителот на ИНОФЕИТ, Димитар Ташковски, од друга страна изразија задоволство што се воспоставува соработка за јакнење на најважната алка во образовниот процес – наставниот кадар, како и за полесно интегрирање на технолошките иновации во наставата. До крајот на годината ќе се организира и првата обука за наставници на тема одговорна примена на вештачката интелигенција за едукативни цели.

