Македонија
СДСМ: Вирусот на деструкција е силно присутен во ВМРО-ДПМНЕ

Во време на најголемата здравствена криза, ВМРО-ДПМНЕ ќе остане запаметено само по очајни обиди за ширење на неоснована паника и вознемиреност меѓу граѓаните.Лагите на ВМРО-ДПМНЕ се и официјално демантирани од страна на Министерството за здравство кое соопшти дека заштитна опрема и средства за дезинфекција за здравствените работници има доволно, а во тек е набавка и на дополнителни колични.Но, тоа не ги спречува ВМРО-ДПМНЕ овојпат преку Игор Николов, да шири лажни вести и манипулации, се вели во реакцијата на СДСМ на изнесени ставови на Игор Николов од ВМРО-ДПМНЕ.
„Колку Игор Николов е загрижен за здравството најдобро покажува тоа што тој ја напуштил позицијата во Клиниката за нефрологија и станал економски промотор во Франција без никакво искуство во областа на економијата и маркетингот.Зошто Игор Николов по само неколку месеци ангажман како раководител на Одделот за трансплатација на Клиниката за нефрологија, наместо да му помага на јавното здравство, ја напуштил оваа функција за да со целото свое семејство замине за Париз
Колкава количина на заштитна опрема можеле да се набават со парите кои се потрошиле за Николов и за престојот на целото негово семејство во Париз? Колку и какви инвестиции донесе Николов додека се шетал по Франција пратен од неговиот шеф Никола Груевски?Состојбата со коронавирусот се држи под контрола, но тоа не е случај со вирусот на деструкција и лицемерие присутен а денес и силно видлив во белиот дворец на ВМРО-ДПМНЕ“, се додава во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Мицкоски: Завршен првиот дел од санацијата на хидросистемот Ѓавато, кој повеќе од 4 години беше со пробиени цевки

Заврши првата фаза на санирање на хидросистемот Ѓавато. Бунарскиот дел е комплетно завршен, пуштена е водата и нема никаде протекување, објави премиерот, Христијан Мицкоски.
Тој додаде дека останува уште една интервенција на цевката за испуст и со тоа ќе бидат дуплирани количините вода кои ќе се влеваат во Дојранското езеро.
„Каква беше состојбата пред интервенцијата? Повеќе од четири години пробиени цевки на двата функционални бунари. Потрошени повеќе од половина милион евра за електрична енерија, а ефектот минимален или никаков. Два функционални од десет направени бунари. Негрижа и срам. Во втората фаза ќе обезбедиме најмалку уште две бунарски пумпи за зголемен капацитет и побрзо полнење на Дојранското езеро. Владата во втората фаза ќе го задолжи ФОД при ЕСМ (поранешно ЕЛЕМ) да ги репарира постојните потисни пумпи. Конечно во последната трета фаза ќе инсталираме сончеви панели со батерии за акумулирање на електричната енергија и сопствено производство на електрична енергија. Нема трошење милиони евра од буџетот за електрична енергија“, напиша Мицкоски.
Македонија
СДСМ ги објави имињата на уште 11 кандидати за градоначалници

Попладнево се одржа седница на Извршниот одбор на СДСМ. Членовите донесоа одлука со која е дадена согласност за кандидатури за градоначалници во уште 11 општини низ државата:
1. Бутел – Оливера Ливриниќ
2. Велес – Маја Хеско
3. Гевгелија – Миле Атанасов
4. Делчево – Дејан Глинџарски
5. Демир Капија – Лазар Петров
6. Конче – Благој Илиев
7. Кратово – Влатко Спировски
8. Кривогаштани – Игор Каравиловски
9. Македонски брод – Ивица Стојковски
10. Ранковце – Даниел Крстевски
11. Старо Нагоричане – Далибор Трајковски
„СДСМ јасно ја потврдува својата подготвеност да понуди силни, чесни, квалитетни и докажани кандидати за претстојните локални избори кои ќе работат во интерес на граѓаните и напредок на општините’“, соопштија од партијата.
Македонија
Гужва на границите: на Богородица и Табановце се чека по 40 минути

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, поради летните одмори се бележи зголемена фрекфенција на возила, информира АМСМ.
На ГП Богородица времето на чекање за влез е околу 40 минути, на ГП Дојран времето на чекање за влез е околу 20 минути, на ГП Табановце времето на чекање за излез е околу 30 минути, додека пак на останатите граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Од денеска од 05:00 часот регионалниот пат Р-1106 Нова Брезница – Македонски Брод преку националниот парк Јасен ќе биде пуштен за сообраќај во термините од министерство за внатрешни работи. Се препорачува внимателно возење, почитување на сигнализацијата и прилагодување на брзината поради можни одрони на патот.