Македонија
СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ во Скопје за 44% ги намали парите за борба против загадениот воздух
Скопјани дишат енормно загаден воздух а локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ ги намали средствата за заштита на животната средина во Скопје за дури 44 %. Во 2022 година во буџетот на Скопје беа предвидени 88 милиони денари. Оваа година ВМРО-ДПМНЕ ги намали паритена само 49 милиони денари, соопшти СДСМ.
„ Таков буџетот на Град Скопје со аплауз го изгласаа советниците на коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ и Левица. Ваквото намалување на средствата е сериозен удар врз капацитетите коишто се борат против загрозувањето на животната средина. Измина една година откако локалната власт е во рацете на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, заедно со Левица и нивната градоначалничка Арсовска.
Ги нема мерките кои за време на изборите ВМРО-ДПМНЕ и Арсовска ги ветуваа. Ги нема ниту 100 електрични автобуси кои Мицкоски ги ветуваше. Буквално една година е потрошена на кавги за тендери и провизии, а за загадениот воздух локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата не направи ништо“ велат од владејачката партија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Земјотрес почувствуван во Македонија
Утрово во 7 часот и 20 минути беше почувствуван земјотрес на територијата на Македонија, објави ЕМСЦ.

Според ЕМСЦ земјотресот бил со јачина од 3.1 степени според Рихтер.
#Earthquake (#земјотрес) possibly felt 24 sec ago in #RepublicofNorthMacedonia. Felt it? Tell us via:
📱https://t.co/QMSpuj6Z2H
🌐https://t.co/AXvOM7I4Th
🖥https://t.co/wPtMW5ND1t
⚠ Automatic crowdsourced detection, not seismically verified yet. More info soon! pic.twitter.com/IaWrDzq6eR— EMSC (@LastQuake) December 15, 2025
Како што објави ЕМСЦ епицентарот на земјотресот бил на 35 километри од Приштина, на границата меѓу Косово, Србија и Македонија.
Македонија
Делови од Карпош и Чучер Сандево денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од село Горно Нерези (општина Карпош), како и корисниците од селата Глуво и Мирковци. (општина Чучер Сандево )
Македонија
Претпладне магла, во текот на денот сончево и претежно тивко
Сончево со мала до умерена облачност. Во утринските часови наместа ќе има појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 0, а максималната ќе достигне од 9 до 13 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
До крајот на неделата времето ќе биде сончево и претежно тивко. Во утринските и ноќните часови на одредени места ќе има појава на магла. Максималната температура ќе биде над просекот за овој период од годината.

