Македонија
СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ нема кредибилитет да зборува за патриотизам и државност, бидејќи не го почитува Денот на независноста и историјата

На големиот државен празник, Денот на независноста, ВМРО-ДПМНЕ не испрати делегација, не положи цвеќе пред почивалиштата на поранешните претседатели на државата, Киро Глигоров и Борис Трајковски, изјави Гордан Шутаров, организационен секретар на СДММ.
„Со таквиот потег ВМРО-ДПМНЕ покажа непочит кон државата, кон националниот празник, минатото и двајцата први претседатели на државата. Ништо не се менува во ВМРО ДПМНЕ, манифестира делби и на национален празник.
ВМРО-ДПМНЕ докажа дека ги интересира само одбрана на криминалот, одбрана на криминалците и тајкуните во сопствените редови. Посветени на одбрана на криминалот, во ВМРО-ДПМНЕ очигледно немаат време да оддадат почит на 8 ми септември и претседателите Глигоров и Трајковски.
ВМРО-ДПМНЕ нема кредибилитет да зборува за државност и патриотизам бидејќи не го почитува Денот на независноста, не ја почитува историјата и не ја почитува државата“ порачаа Шутаров.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Муртезани во Брисел на состанок на ГАК за владеење на правото

На покана на Данското претседателство со Советот на ЕУ, министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, утре во Брисел ќе учествува на состанок на Советот за општи работи на Европската Унија (ГАК), кој ќе биде посветен на владеење на правото.
Ова е второ учество на министри од земји-кандидатки за членство во Унијата, заедно со земјите-членки да бидат дел од формалниот ГАК на кој ќе се дискутира за овогодинешниот Извештај на Европската комисија за владеење на правото.
Во тој контекст, предвидено е да се разговара за состојбите во четирите области опфатени со Извештајот на ЕК за владеење на правото 2025: судскиот систем, антикорупција, медиумски плурализам и слободата на медиумите и за други институционални прашања поврзани со контролните механизми.
Македонија
Делови од Ѓорче Петров и Карпош денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 14.00 часот, корисниците село Волково – улицата пред последна автобуска станица 22, општина Ѓорче Петров;
· во периодот од 09.00 до 14.30 часот, корисниците на улицата Будимпештанска околу бр.25., општина Карпош.
Македонија
Утрово нестабилно време на исток, преку денот сончево и ветровито

Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), во раните утрински и претпладневни часови во источните делови од земјата ќе има нестабилно време со локален пороен дожд и услови за ретки грмежи.
Во текот на денот ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, локално со брзина над 60 километри на час. Минималните температури ќе се движат од 11 до 19, а максималните ќе достигнат од 24 до 31 степен.
Во главниот град ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Облачноста ќе се намали во текот на денот, а ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 16, додека максималната ќе достигне до 30 степени.
Од вторник ќе преовладува претежно сончево и ветровито време, со умерен до засилен северен ветер кој ќе биде најизразен долж Повардарието.