Македонија
СДСМ: Данска го ратификува протоколот за членство во НАТО
Парламентот на Данска, без ниту еден глас „против“, го ратификува протоколот за полноправно членство на Република Северна Македонија во НАТО, соопшти владејачкиот СДСМ.
„По Грција, Бугарија, Албанија, Црна Гора, Словенија, Хрватска, Романија и Литванија, Данска е деветта земја членка што даде зелено светло за влез на нашата земја во НАТО.
Се остваруваат врвните национални интереси, по деценија уназадување, Република Северна Македонија тргна напред, станува 30-та земја членка на НАТО.
Тешките одлуки што се донесоа се влог во иднината. Влезот во НАТО не значи само безбедност и стабилност, туку со себе носи и напредок, силна економија, подобар живот за сите и отворени перспективи за младите.
Како напредуваме во интеграциите, како се ближиме до членство во НАТО и ЕУ, така сè повеќе бенифиции ќе добиваат граѓаните и државата.
Затоа, не смееме сега да застанеме, Република Северна Македонија мора да продолжи напред, силна и обединета за вистинскиот пат, патот на интеграциите, развојот и напредокот“, додаваат од партијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Со која свест и со кое лице адвокатите на обвинетите за пожарот во „Пулс“ ќе се ситат и ќе земаат крвави пари, прашува таткото на загинатиот Андреј Стојанов
„Јас сум родител на трагично убиените деца изјави таткото на Андреј Стојанов, едно од загинатите момчиња во пожарот во дискотеката во Кочани на првиот ден на судското рочиште.
Момчето раскажува неговиот татко работело како програмер.
„Сега од Кочани доаѓаме како оштетени јас и сите родители на децата кои настрадаа во катастрофата во Кочани на судско рочиште кое започнува денеска. На самиот старт наидуваме на еден голем скептицизам и разработена игра, шема на претставници на авдокати и на обвинети кои манипулират на разни можни начини да ја продлабочат нашата болка. Ние сме направени како фигури. Нашите деца ги нема и нас да не однема на некој начин така кажано, за да нема ниту кој да оди на нивните гробови“.
Ме чуди, вели тој, со која свест и со кое лице адвокатите на обвинетите ќе се ситат и ќе земаат крвави пари и со која гордост ги даваат изјавите дека ова судско рочиште ќе трае 15-20 години.
„За нас 15 дена или 15 месеци се многу, веќе осум месеци поминаа, а тие од која појдовна отчка со разработени нивни математики. Ние родителите се чувствуваме изманипулирани и стравуваме дека нашата ситуација ќе излезе како „Ласкарци“, како автобусот во Бугарија, како „Модуларна болница“, а кога имавме средби со премиерот и со министерот за внатрешни работи ни беше кажано дека случајот во Кочани е врв на сите криминали и лоши настани што се случиле и дека мора да се направи рез и ако не се направи тој рез ние како државца не треба да постои“.
За нас родителите, додава таткото на Стојанов, ова е еден од најважните испити за државата.
„Но како минува времето нас не ставаат на страна заборавот (тие си имаат место кај да си плачат, нека си ги гледаат гробиштата, јавноста да не ја замараат). Се чувствуваме исцрпени и омаловажени а уште на самиот старт на судското рочиште гледаме како познати адвокати во македонската јавност сега бранители на обвинетите, со кои разработени шеми и математики дејствуваат и на кој начин сакаат нас оштетените начисто да не уништат. Нека им служи на чест“, истакна тој.
Македонија
Перински: Средбите со градоначалниците и советниците ми даваат јасна слика за потребите на општините
Во рамки на караванот „Каде што срцето е дома“, министерот за локална самоуправа, Златко Перински заедно со заменик министерот, Ерџан Селими остварија средба со градоначалникот на Општина Сопиште, Јане Мицевски и претставници на Советот на општината.
На средбата со градоначалникот Мицевски беше разгледана динамиката на спроведување на проектите одобрени во рамки на вториот јавен повик од потпрограмата АА за инфраструктурни проекти во општините. Општина Сопиште, преку двата јавни повика, доби поддршка за 11 проекти, со вкупна вредност од 54.016.646 денари.
На средбата со советниците се разговараше за клучните активности на Министерството како и за воспоставениот Ресурсен центар за поддршка на општините.
„Во рамки на центарот веќе се подготвуваат неколку прирачници кои ќе им ја олеснат работата на новоизбраните градоначалници“, нагласи министерот.
Перински го презентираше Прирачникот „Патоказ за ефикасно локално управување“, изработен како едно од првите продукти на Ресурсниот центар. Документот е осмислен да им даде јасна поддршка на новите градоначалници во почетниот период од мандатот преку конкретни чекори, препораки и насоки за клучните процеси и додаде дека ќе биде доставен до сите градоначалници низ државата.
Nајави и дека е во тек развојот на дигитална алатка преку која општините ќе можат лесно и брзо да побараат поддршка, да преземат корисни документи за секојдневната работа, да се информираат за новитети од нивен интерес и директно да комуницираат со Министерството за локална самоуправа.
„Она што го презентираше министерот само ја потврдува вредноста на прирачникот како документ кој ќе ни ја олесни работата и ќе нè води низ процесите“, истакна Мицевски.
Македонија
Почна доградбата на ООУ „Јоаким Крчоски“ во Ѓорче Петров, инвестиција од 42 милиона денари
Општина Ѓорче Петров денес официјално го потпиша договорот за доградба на ООУ „Јоаким Крчоски“, со што започнува реализацијата на инвестиција вредна 42 милиони денари.
Проектот опфаќа проширување на училиштето со современ, функционален и енергетски ефикасен простор со површина од околу 600 метри квадратни, целосно прилагоден на потребите на учениците и наставниот кадар.
Со доградбата, училиштето ќе добие осум нови училници на две нивоа, придружени со нови санитарни простории, современ скалишен простор и комуникациски ходници, како и нов влез кој ќе го поврзува проширениот дел со постојниот објект. Преку т.н. „топла врска“ ќе се обезбеди непречено движење и целосна интеграција на новиот дел со училиштето, што значително ќе го подобри функционирањето и ќе обезбеди подобри услови за сите.
Во новиот објект ќе биде инсталиран и модерен систем за греење и ладење со топлинска пумпа, кој ќе овозможи висока енергетска ефикасност и стабилна температура во текот на целата година, создавајќи пријатна и продуктивна средина за учење.
Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, истакна дека проектот е директна инвестиција во иднината на најмладите.
„За нас, најмладите се највисок приоритет. Со оваа доградба, создаваме подобри услови за работа, поголеми капацитети и современо училиште какво што им доликува на нашите деца – модерно, безбедно и подготвено за иднината“, рече Стојкоски.

