Македонија
СДСМ: ДКСК да ги истражи сомнителните договори на градоначалникот Орце Ѓорѓиевски
Целата јавност виде како Орце Ѓорѓиевски во време на економска и енергетска криза парите од Општината ги троши расипнички, обвинија од СДСМ.
„100.000 евра ќе потроши Ѓорѓиевски за исплата на хонорари преку авторски договори на негови блиски лица, роднини, сопартијци и медиумски гласници на ВМРО-ДПМНЕ. За ова расипничко трошење на парите на граѓаните од страна на Ѓорѓиевски, истрага треба да поднесе Државната комисија за спречување на корупцијата“, велат од партијата на власт.
Од таму бараат Државната комисија за спречување на корупција да постапи по допрен глас и да утврди дали преку овие договори е прекршен законот, дали има злоупотреба на службената положба и непотизам.
„Ѓорѓиевски исто како и сите градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ, наместо за граѓаните, општинскиот буџет го крчми на непродуктивни трошоци, на удомување партиски кадри. Градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ секојдневно покажуваат дека во опозициската партија ништо не се менува, дека тие немаат намера да работат за интересите на граѓаните, туку исклучиво за личните и партиските интереси“, се додава во соопштението на СДСМ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Центар, Чаир и Студеничани денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 07.30 до 15.00 часот, дел од улицата Никола Тримпаре 15 и дел од улицата Мирослав Крлежа бр.16-20 и дел од локали и влезови на згради на булеварот Климент Охридски бр,54, општина Центар;
– во периодот од 09.30 до 15.30 дел од улицата Мирослав Крлежа по старо Ѓуро Ѓакович бр.52.54.56.58.60.62, општина Центар;
– во периодот од 08.00 до 14.30 корисниците од Ретаил Поинт Парк во Чаир, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците на дел од село Студеничани кај Бурдем, општина Студеничани.
Македонија
Сончево со мала до умерена облачност, ќе дува повремено засилен северен ветер
Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец (локално до 50 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и сончево време со мала до умерена облачност и со пониски утрински температури. Во четврток ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.
Македонија
Дел од Автокоманда денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека за денеска имаат планирано неколку интервенции и тоа:
· поради промена на вентил од 2.5“ на улицата Јани Лукровски 12, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

