Контакт

Македонија

Адвокатот на Јовановски: Боки 13, татко му и асистенката се невини

Објавено пред

Бојан Јовановски-Боки 13, неговиот татко Миле Јовановски и асистентката Христина Блажевска се невини, посочи адвокатот Сашко Дуковски пред судот. Тој рече дека има договор помеѓу Меѓународниот сојуз, кој бил склучен со две фирми, а Обвинителството сака да посочи дека тој е склопен за да биде направена измама и додаде: „Јас такво нешто немам видено“. Дуковски рече дека договорот е граѓанско-правен однос, а за негово неисполнување не може да се одговара кривично. Дециден е дека се неточни обвинувањата оти станува збор за измислен проект посочувајќи на одржани состаноци, ангажирани професори и асистенти од факултет, потпишани договори: „Тврдам дека нема ни ‘и’ од измама, а не, пак, перење пари“. Адвокатот рече: „Наместо да бидат општествено наградени, тие се обвинети“.

dobivaj vesti na viber

„Обвинението претставува законски недозволена компилација на правни наводи со цел, ако се нафрлат повеќе факти, тогаш да се смета дека обвинетите го извршиле кривичното дело. Прво, се вели дека Бојан Јовановски ги искористил документите на Меѓународниот сојуз, па потоа како физичко лице ги врши измамите. Или е едно или е друго. Не може дејството да биде стави сѐ што сметаш, па нешто ќе помине. Мене не ми е јасна една работа – зошто во ниту еден момент не беа споменати двата договора склучени со ‘Пелистер’ и ‘Дрим билдинг’, а мораа да бидат споменати. Ова е веројатно прв случај во историјата за ваква наводна измама, а прв е затоа што не може да има ваква измама“, посочи Сашо Дуковски.

Тој додаде дека речиси секој во државава го познава стопанственикот Силјан Мицевски, па посочи: „Бојан го измамил Силјан? Бојан? Кој може да ме убеди во тоа? А немал ни таква намера. Треба да имате докази за тоа, а не да кажувате имало средби, присуствувале други. Да добиел пренамена на земјиштето, сега таму ќе имаше објект за стари лица“. Дуковски додава: „Нека се обиде кој било од нас да му побара на Силјан Мицевски 70.000 денари, а не 700.000, па да видиме дали ќе ги добие“.

„Ардијан Амзоски не е ништо повеќе од полномошник во 2017 година на ‘Дрим билдинг’ и не може да биде оштетен. Кој е оштетен – Силјан Мицевски или ‘Пелистер’? Не знам дали Силјан е оштетен или сведок, а третиран е како сведок. Како тоа Силјан Мицевски е измамен од страна на Бојан Јовановски кога тој на расправа пред овој суд на 29.4. 2021 година наведува дека прочитал во дневен весник за овој проект и затоа пристапил и стапил во контакт со Меѓународниот сојуз сѐ со цел да се остварат тие проекти што се однесуваат на Меѓународниот сојуз, а тоа е изградбата на дом за стари лица. Од кога овој сведок почувствува дека е измамен? Дали почувствува во моментот кога даваше исказ пред Обвинителството во својство на граѓанин што дава известие? Па и тогаш, а и надвор, наведе дека не се чувствува измамен и дека верува во тој проект. И одеднаш се поставува измамен по финансовата контрола и беше под наводници да поднесе кривична пријава за измама. Судот не го прифати тој доказ за да се утврди тоа“, додаде Дуковски.

Нему не му е јасно како Агапи Дика, претседателка на Собранието на Меѓународниот сојуз, може да биде сведок, а не обвинет иако ги потпишувала сите одлуки на здружението со вака поставено обвинение: „Не ми е јасно ако е ваква состојбата, како Дика и Кухар не се обвинети“.

„За овој договор со ‘Пелистер’ има повеќе акциски планови, како и од самиот Силјан Мицевски биле ангажирани стручни лица, а од Меѓународниот сојуз биле ангажирани професори и асистенти од Градежниот факултет. Значи, имате разговори, договори, акциски планови – но, не, не е доволно тоа, Бојан измамил.

„Лилјана Тодоровска лаже, беше откриена неколкупати при директно испитување! Не може да му се верува на такво сведочење! Таа жена прима на сметката, каде што е единствен потписник, износ од 719.000 евра во денари и во врска со тој факт на моите прашања велеше: ‘Јас не видов кому и кој ги пратил парите’. Тие пари, јас ќе се согласам со обвинителот за една работа, тие пари се легални. Е, сега, не ми е јасно како тие исти средства, кои биле легални, а биле префрлени според договорот, сега се трансформираат во измама? Кога ќе го прочитате записникот, ќе видите дека дава одбрана бидејќи беше уплашена. Истото тоа го правеше и сведокот Кухар“, изјави Дуковски.

Нему не му е јасно како без доказ е посочено и прифатено дека некој ги зел тие 719.000 евра од Лилјана Тодоровска, која била автор на проектот, особено што таа рекла дека дејството се случило во банка среде град.

„Барем една снимка да имаше од надзорна камера. Не може вакво тврдење без никаков доказ. Тоа значи дека можеше да каже дека и од мене ги зела парите“, рече Дуковски.

Тој цитира и одредби од договорите со кои вели дека Обвинителството кажува дека е направена измама. Според тоа, за неисполнување на договорот се предвидени плаќање пенали.

„Се поставува прашањето каква е измамата? Во што се состои доведувањето во заблуда? Од чист облигациски однос правиме измама, а покрај тоа и перење пари, кое е омилено кривично дело на Обвинителството за гонење организиран криминал“, праша Дуковски посочувајќи дека имало состаноци, стручни лица.

Прв човек на Меѓународниот сојуз по функција е Агапи Дика бидејќи е претседател на Собранието што избира претседател на правното лице, односно го избира Бојан Јовановски, рече Дуковски кому не му е јасно како Јовановски е обвинет, а Дика е сведок против него.

За асистенката Христина Блажевска, рече дека не е докажано оти му дала пари на Бојан Јовановски ниту, пак, дека била во банка со Лилјана Тородовска за да ѝ ги земе парите што ги извадила од сметката.

„Ова да се случувало во Америка, за тој паричен износ, Лилјана Тодоровска би пријавила. Ако има навистина таков настан сигурно таа би реагирала, Комерцијална банка има обезбедување, тоа би реагирало. Блажевска не смее да биде обвинета. Каде е доказот за помагањето?“, објасни Дуковски.

Во врска со Миле Јовановски, адвокатот Дуковски рече дека докажале оти не перел пари, туку тие му се од продадени два стана и дуќан: „Доставивме доказ за потекло на парите. Доставивме решение за денационализација и најважно од сѐ, имотните листови во однос на семејното земјиште се од Преспа, каде што се занимаваат со одгледување јаболка. Тој продавал на сите пазари, во Македонија и Србија. Не е доволно да речете дека е без производи“.

Бизнисмените Ардијан Амзовски и Силјан Мицевски во својство на оштетени странки пред судот во случајот „Меѓународен сојуз“, каде што и сведочеа, си ги бараат парите што ги дале за изградба на старски домови. На рочиштето на кое се даваат завршни зборови во нивно име зборуваа адвокати што добија полномоштво да ги застапуваат.

„Се приклучувам кон кривичниот прогон, пред јавувам отштетно побарување. Пред јавувам и трошоци“, рече Маја Дојчиновска, адвокатка на Силјан Мицевски, кој е управител на „Пелистер“.

И адвокатката за која судијката рече дека е полномошник на Ардијан Амзовски најави дека си бараат отштета од обвинетите.

„Како полномошник на Ардијан Амзовски, останувам кон истакнатото побарување како и кон обвинителниот акт. Пред јавувам трошоци во постапката“, рече адвокатката.

Македонија

Николоски: На 8 мај потребна е масовна референдумска излезност за влада на ВМРО-ДПМНЕ која нема да е уценувана од никого, за СДСМ и ДУИ во опозиција

Објавено пред

„Во првиот круг му поставував прашања на Пендаровски, не одговори на ниедно. Наместо да одговара прашања, плаќаше ботови по социјални мрежи лично да ме навредуваат мене и моето семејство, народот му кажа што мисли за тоа. Но, морам да го прашам уште нешто затоа што се работи за злоупотреба на државни пари“, истакна носителот на ВМРО-ДПМНЕ во ИЕ 4 Александар Николоски на денешниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Општина Кавадарци.

dobivaj vesti na viber

Тој продолжи и додаде: „Пендаровски до денес не одговори дали ќе ги користи или нема да ги користи привилегиите кои ги следуваат поранешните претседатели, еднаш невешто одговори дека за тоа ќе се изјаснел во 2029 година, ама очигледно ќе треба да се изјасни на 12 мај затоа што тогаш и официјално му завршува мандатот, тоа е четири дена после изборите и мислам дека е чесно и кога ќе дојде тука во Кавадарци да каже дали ќе е пензионер со најголема пензија во Македонија и поранешен претседател кој најдолго ќе ги користи народните пари. А во меѓувреме е фер да каже уште вечерва ако може дали е вистина или не од пусти мерак за претседателствувања ама и за користење на привилегии дека побарал да му се отвори вилата во Охрид и ќе седел следни пет дена таму да искористи уште некој ден покрај охридското езеро, дали е вистина ова Стево Пендаровски и дали е вистина дека со цело друштво одиш таму да поседите уште некој ден на државен трошок, одговори пред граѓаните“, истакна Николоски.

Рече дека на 8 мај треба уште помасовно да се излезе, во уште поголем број и разликата во Кавадарци да е уште поголема и додаде дека е потребна масовна референдумска излезност на 8 мај за влада која нема да е уценувана од никого, за СДСМ во опозиција, за ДУИ во опозиција.

„Ве повикувам да ја прочитате нашата програма Платформа 1198, тие не размислуваа на проекти и не реализираа проекти, затоа ние ќе реализираме. Ќе реализираме и експресен пат од Кавадарци до Неготино и спојување на Кавадарци со автопатот. Ќе реализираме и отворање на граничен премин со Грција како би станало многу блиску да се патува помеѓу Кавадарци и Воден и да се спојат овие два дела на географска Македонија. Ќе ги помагаме земјоделците, за лозарите достоинствени цени за виното и рестартирање на Повардарие како би се срушил монополот во откупот на грозје и производството на вино подостоинствен живот за сите, повеќе субвенции и повеќе ред за сите. Затоа на 8 мај масовно да излезете“, дециден е Николоски.

Прикажи повеќе...

Македонија

Мицкоски од Кавадарци: Мобилизација и масовна излезност, колку повеќе гласаат, толку поголема ќе биде силата за промени

Објавено пред

Во првиот круг издвојувавме огромна победа, која покажа дека народот е свесен за тоа што се случува во нашата татковина. Ова е револуција на народот, пред се затоа што преовладува чувството дека во сопствената земја народот стана кираџија. И тоа токму поради дуото СДСМ-ДУИ, рече Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ на вечерашниот митинг во Кавадарци.

dobivaj vesti na viber

Мицкоски посочи како ништо не функционира и како институциите не се во корист на граѓаните.

„Институциите повеќе не служат на народот. Се чека за пасоши, лични карти, за документи кои му следуваат на народот. Овој проблем го препуштија да го решава ВМРО-ДПМНЕ и Панче Тошковски, додека во секоја друга сфера има подеднакво назадување. Во здравството докторите и медицинскиот персонал протестираат. Доколку сакате било која здравствена услуга или ќе мора да платите или да побарате врски. Ако не е така ќе мора да чекате по ходници, ќе ве маткаат со процедури, додека не се откажете. Животниот стандард е под секое ниво. Корупција насекаде, правда никаде“, кажа Мицкоски.

Мицкоски укажа дека проблемот е што ДУИ е газдата во државата.

„Нашите, вашите судбини зависат од стотина души на ДУИ кои контролираат се. Артан Груби и компанијата се господари на Македонија, но и одговорни за колективниот грабеж. Велат дека ДУИ никогаш немал подобар партнер за власт како СДС. Што и да им побарале, не добивале сто проценти, туку дупло двеста. И затоа е и сега нервозата во ДУИ, зошто знаат по овие избори ниту ќе имаат власт, ниту пак ќе имаат измеќари како СДС“, изјави Мицкоски.

Мицкоски рече дека овие денови силно се ангажирани на две сценарија кои во суштина се завера против Македонија.
„Првото е сценарио на бојкот. Второто сценарио е пазарџиска делба со ДУИ на ресори и министерства, при што Ковачевски оставил на Ахмети сам да одреди колку министерства ќе му остави на СДСМ. И двете сценарија се губитнички за Македонија и удираат по нејзините основи“, кажа Мицкоски.

Мицкоски заклучи дека решението за сето ова е масовна излезност.

„Мобилизација и масовна излезност. Решението и за бојкотот и за пазарџиската поделба на ресори е само едно масовно гласање на избори. Колку повеќе гласаат, толку поголема ќе биде силата за промени“, рече Мицкоски.

Прикажи повеќе...

Македонија

Битиќи: На 8-ми мај да се спротивставиме на политиките на поделби, за сплотена и силна Македонија

Објавено пред

„Грешките во владеењето можеме да ги поправиме, но поделбите во општеството нема да ги залечиме доколку на 8-ми мај не се спротивставиме на политиките на раздорот, на национализмот, на сеењето страв. Социјалдемократскиот сојуз е единстваната обединувачка политичка партија за силна и сплотена Македонија – земја и европски дом во кој ќе има место за секого, независно од неговата етничка, религиозна, културна, политичка или социјална припадност“, порача на денешните средби со жителите на Топаана и Шуто Оризари, Фатмир Битиќи, потпретседател на СДСМ и ко-носител на листата на кандидати за пратеници на Коалицијата за европска иднина во Изборна единица 2.

dobivaj vesti na viber

Тој кажа дека резултатите од првиот круг на претседателските избори не треба да се прифатат со малодушност ниту пак да се обесхрабрувачки, туку треба да се перцепираат како предизвик кој во себе носи можност за сплотување на сите прогресивни сили во државата за двојните избори на 8-ми мај.

„Со нашата предизборна програма нудиме повеќе од економски раст и развој, повеќе од повисоки плати и пензии, многу повеќе од европски животен стандард, ние нудиме иднина во која секој граѓанин ќе биде прифатен, почитуван, градиме земја во која ќе владее дијалогот, меѓусебното разбирање, а не раздорот. Затоа на 8-ми мај, победата на СДСМ и коалицијата ќе значи пораз на стравот од различностите, на поделбите. Ќе зачекориме кон заедничка и споделена европска иднина“, порача Битиќи.

Зборувајќи за концептот на едно општество за сите, како суштинска политичка вредност на СДСМ, тој ја нагласи потребата граѓаните да го отфрлат национализмот како свој политички избор, затоа што тој е наметнат избор.

„Ве повикувам заеднички да го отфрлиме национализмот кој е надвиснат над Македонија, да кажеме НЕ на ксенофобијата, да се ослободиме од стравовите и да го прифатиме единството, единството во различностите бидејќи таму лежи нашата сила. Верувам во вас, во граѓаните, верувам дека тоа ќе го препознаете, дека ќе ги отфрлите политиките кои ви се наметнуваат од елити кои немаат што да ви понудат освен да ве туркаат кон минатото и поделбите“, рече Битиќи и додаде дека Македонија не е само ВМРО-ДПМНЕ, Македонија е многу повеќе, таа е на сите, на Македонци, Албанци, Срби, Турци, Роми, Бошњаци, Власи.

„Нашата сакана земја е на сите нас кои се бориме за европска држава, а кои сме повеќе, многу повеќе од тие што се прикажуваат како победници во првиот круг на претседателските избори. Затоа нема откажување, заеднички, едни покрај други, рамо до рамо, сите различни, продолжуваме и победуваме на 8-ми мај“, порача Битиќи.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет12 часа

Кинескиот претседател со предупредување до Блинкен: „Вашингтон едно кажува друго прави“

„Вашингтон мора да престане „да кажува едно, а да прави друго“, како и да престане да го третира Пекинг како...

Македонија15 часа

„Не е законски да не е осигурана Клиниката, за тоа треба да преземе одговорност менаџментот“, кажа Демири

Министерот за здравство Илир Демири кажа дека штетата на Токсикологија е покриена, откако имаше хаварија со цевката за парно. „Клиничкиот...

Македонија15 часа

„Не е точно дека со ДУИ подготвуваме сценарио за бојкот на вториот круг на претседателските избори“, кажа Ковачевски

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски кажа дека не е точно дека подготвуваат со ДУИ сценарио за бојкот на вториот круг...

Топ18 часа

Во тешка сообраќајна несреќа загина 20-годишник од Прилепско

Вчера во 12.16 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на регионалниот пат Македонски Брод–Прилеп, кај село Новоселани, се случила...

Македонија18 часа

Маскиран со „фантомка“ влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: притвор за 28-годишник

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 28-годишен жител на Непроштено, осомничен за...

Свет20 часа

Јенс Столтенберг: Украина се уште може да ја добие војната против Русија

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека Украина се уште може да победи во војната против Русија, но дека...

Свет20 часа

Израел е подготвен да прифати ослободување на помалку од 40 заложници, пишуваат медиуми

Израел е подготвен да го ублажи барањето од Хамас и да ослободи 40 заложници во замена за привремен прекин на...

Македонија21 час

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска за ВМРО-ДПМНЕ Македонија повторно да ја врати на народот

180.000 гласа разлика во корист на Силјановска Давкова и ВМРО-ДПМНЕ пред Пендаровски и СДС е порака дека народот сака промени...

Свет21 час

Америка и испраќа на Украина скап пакет оружје, откриeно што може да има во него

Веќе во петок, САД би можеле да објават нов пакет оружје за помош на Украина во вредност од шест милијарди...

Регион21 час

Лекари во Загреб вградиле мозочен стимулатор на маж со Паркинсонова болест : „Може да вози велосипед, да плива“

Уште еден голем успех на хрватските лекари. Тим хирурзи во болницата Дубрава прв во овој дел од Европа вгради мозочен...

Свет21 час

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Двајца руски војници се приведени под сомнение дека убиле пет лица во окупираниот дел од областа Херсон. Александар Осипов и...

Македонија1 ден

Ковачевски: Ќе продолжиме да се бориме за секој граѓанин и за европската иднина на Македонија

„Вчера граѓаните нѝ пратија силна порака и ние таа порака ја слушнавме. Но, се лажат сите кои мислат дека ќе...

Македонија1 ден

Јакимовски до Муцунски: Прв излегов и го признав поразот, а тие во алкохолизирана состојба едвај го прочитаа тоа што го напишале

„Колегата Тимчо Муцунски се подбивал со мојот резултат на овие претседателски избори, притоа обидувајќи се малку да биде вицкаст. Иако...

Македонија1 ден

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Мириса на промени, бранот започна и нема запирање. Она што го говорев кога дојдов тука пред некоја недела, стана вистина....

Македонија1 ден

Позитивна оценка за првиот круг од претседателските избори, забелешки за острата и негативна реторика од страна на ОБСЕ/ОДИХР

Првиот круг од претседателските избори беше конкурентен и гласачите можеа да направат информиран избор. Меѓународната набљудувачка мисија на ОБСЕ/ОДИХР во...

Македонија2 дена

Во прв круг за претседател е избран само Киро Глигоров со освоени 715.087 гласа, Силјановска-Давкова и Пендаровски вторпат одат во втор круг

По вчерашниот прв круг од седмите претседателски избори, Киро Глигоров остана единствениот претседател избран во прв круг од осамостојувањето до...

Топ2 дена

Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче

Радовишанец со месеци силувал малолетничка Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од...

Македонија2 дена

Таткото на Вања ќе оди во куќен притвор, Врховниот суд му ја уважи жалбата

Врховниот суд ја уважи жалбата на таткото на убиената Вања Ѓорчевска. Со тоа укинат му е притворот и определени се...

Македонија2 дена

Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата

Колку и да е убедлива, победата нема да биде комплетна доколку ДУИ не биде срушена од власт, вели претседателот на...

Македонија2 дена

Стевчо собра повеќе потписи од гласови – поразот на Јакимовски главна тема на социјалните мрежи

Кандидатот за претседател на ГРОМ и актуелен градоначалник на скопската општина Карпош, Стевчо Јакимовски, на вчерашниот прв круг од претседателските...