Македонија
СДСМ до ВМРО-ДПМНЕ: Заради чии интереси ја уназадивте земјата?

Новата влада ги отвора евроатлантските перспективи што ги блокираше ВМРО-ДПМНЕ, одговорија од СДСМ на нападите од доскорешната владеечка партија, која им испорача список на задачи што треба да ги остварат за да бидат рефорсмски.
„Европските перспективи на Македонија и на нејзините граѓани ги отвора новата реформска влада предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев, кои посветено и напорно започнаа да работат на деблокада на евроатлантските интеграции кои беа закочени од неразумните политики на пронашената режимска власт на Никола Груевски“, порачаа од СДСМ.
Според нив Никола Груевски и ВМРО ДПМНЕ им должат објаснување на граѓаните за која цел и за чии интереси единаесет години ја уназадуваа земјата во евроатлантските интеграциски процеси и со тоа ја оддалечуваа од цивилизираниот демократски свет.
„Со тоа Груевски изврши удар врз државните, национални и граѓански интереси“, порачаа од СДСМ повикувајќи ги „чесните членови, активисти и политичари во ВМРО ДПМНЕ да се оградат од криминалните политики на Груевски кои ја уназадија Македонија, ги заробија институциите и ги осиромашија граѓаните“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Се излеа Маркова Река кај Батинци

Маркова Река се излеа денес по обилните врнежи од дожд.
Во селото Батинци, водата е надојдена, излевајќи се на неколку места околу речното корито.
Ангажирана е механизација за санирање на штетата, а градоначалник на Студеничани, Азем Садики, објави дека забележана е материјална штета во дворовите од куќите кои се наоѓаат во близина на реката.
Засега, според градоначалникот, нема потреба од евакуација.
Фото: ТВ21/скриншот
Македонија
Тетово повика на јавна дебата за промена на имињата на улиците

Општина Тетово в петок, со почеток во 15:00 часот, организира јавна дебата за предлози за имиња на улиците.
„Ги повикуваме сите граѓани, здруженија, невладини организации и граѓанскиот сектор да учествуваат на оваа јавна дебата за именување на улиците“, велат од општината преку допис.
Додаваат дека секој предлог од граѓаните е важен и помага овој процес да биде инклузивен и успешен за граѓаните и градот Тетово.
Македонија
Тошковски: Припадниците на МВР денеска примија плата зголемена за 10 отсто

Припадниците на МВР денеска примија плата зголемена за 10 отсто, информира министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.
„Изминативе години сосема оправдано имаше критики дека платите во МВР се ниски, а очекувањата и одговорностите големи. Често се укажуваше на разлики во однос на некои сродни служби, а чувството на потценетост беше реално и оправдано. Ова зголемување не е доволно, но е еден од многуте чекори што ќе следат во насока на враќање на достоинството и угледот на полицаецот. Целта е јасна – да изградиме модерна, професионална и силна полиција која ќе биде вистински сервис на граѓаните. Продолжуваме понатаму кон обезбедување на подобри услови, поголема поддршка и вистинско вреднување на трудот што секојдневно се вложува“, напиша Тошковски во објавата на социјалните мрежи.