Македонија
СДСМ: Заложништвото на Мицкоски кон Апасиев создаде феномен на политичката сцена
Заложништвото на Христијан Мицкоски кон Димиар Апасиев создава феномен на политичката сцена. Секогаш кога Мицкоски нешто ќе најави се случува сосема спротивното, соопшти СДСМ.
„ Мицкоски велеше дека енергетскиот систем на државата ќе колабира, дека ќе следуваат рестрикции на електрична енергија, а во реалноста домашното производство на електрична енергија бележи рекорди и не само што нема рестрикции, туку среде зима има извоз на електрична енергија.
Лажеше Мицкоски и дека цената на електричната енергија драстично ќе поскапи, а се случи сосема спротивното, цената за 72.000 компании е намалена за околу 20 отсто, а домаќинствата немаат зголемени сметки за струја.
На празниците Божиќ и Водици, Мицкоски ја уверуваше јавноста дека кон крајот на февруари Собранието ќе се распушти и ќе следуваат предвремени парламентарни избори во месец мај“ велат од владејачката партија.
Денес, како што додаваат, на два дена пред крајот на февруари, не само што нема распуштање на Собранието, туку има зголемено парламенарно мнозинство.
„ Сето ова покажува дека Мицкоски под заложништво на Апасиев е очаен а целото негово дејствување го темели на погрешни ветувања и проценки.
Затоа со години е во опозиција и уште долго таму и ќе остане“ порачаа од СДСМ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Следува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и снег
Времето утре ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни (над 25 l/m²), особено попладне и во текот на ноќта. На планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 10 до 17 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд, особено кон крајот на денот и во текот на ноќта. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска активност во следните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер во четврток врнежите ќе преминуваат во снег на повисоките и во некои од пониските места.
На планините во западните делови ќе се формира нова снежна покривка, а помала покривка се очекува и во пониските места. Во петок ќе има преодно стабилизирање на времето, а во деновите од викендот, особено во сабота повторно ќе има локални врнежи од дожд и снег, кои наместа ќе бидат пообилни. Температурите ќе бидат во опаѓање.
Македонија
(Видео) Николоски: 40 километри од автопатот Охрид – Кичево се веќе во функција
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил објави ноќно видео од автопатот Охрид-Кичево, каде истакнува дека 40 километри од автопатот се ставени во функција.
„Погледнете го ова прекрасно ноќно видео од делот од автопатот Охрид – Кичево. 40 километри се веќе во функција. Се надевам голем број македонски граѓани ќе возат по овој автопат на пат кон Балканскиот Ерусалим – Охрид за овој Божиќ. Честитки на сите вредни работници кои се посветија на неговата изградба! За многу години Божиќ и Бадник!“ порача вицепремиерот Николоски.
Македонија
(Фото) Мицкоски: Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни
„Во пресрет на Бадник, денеска поделивме пакети помош во Карпош, Гази Баба, Чаир, Аеродром, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Бутел и Центар со желба секое семејство да ја почувствува топлината на празникот на својата трпеза“, извести премиерот Христијан Мицкоски преку социјалните мрежи.
„Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни“, додаде Мицкоски.

