Македонија
СДСМ: Интеграција во ЕУ или изолација, нема друга опција

Пред државата и пред сите граѓани е исправена историска шанса да се продолжи по европскиот пат, да оствариме уште еден стратешки национален интерес. Силната поддршка од ЕУ и од САД треба да ја искористиме. Преговорите со ЕУ течат, скрининг процесот се спроведува на македонски јазик успешно и наскоро ќе заврши, се вели во соопштението од СДСМ.
Во македонското Собрание потребен е глас за Европа за да можеме да продолжиме напред кон полноправно членство во ЕУ. Сега зависи од сите нас, велат од партијата и додавааат дека изборот пред секоја партија, пред секој пратеник е интеграција во ЕУ или изолација.
Според ССДСМ, нема друга опција, а интеграцијата во ЕУ носи подобар животен стандард, сигурна иднина, засилен економски раст и развој на секое поле, изолацијата значи враќање назад во темното минато на поделби и неизвесност.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Граѓаните да се пријавуваат на vakcinacija.mk за вакцинирање против сезонски грип

Во тек е дистрибуција на вакцините против сезонски грип низ јавните здравствени установи, граѓаните може да се пријавуваат на апликацијата vakcinacija.mk. Министерството годинава набави 80.000 дози четиривалентна вакцина од реномираниот производител „Абот“ од Холандија.
Министерството за здравство информира дека е во тек дистрибуција на вакцините против сезонски грип низ јавните здравствени установи, по што во текот на неделава граѓаните што се пријавиле за бесплатна вакцинација ќе бидат известени со СМС порака за терминот за вакцинација.
Вакцинацијата против сезонски грип ќе се спроведува на 35 вакцинални пункта низ државата, од кои пет во Скопје.
„Потсетуваме дека е во тек пријавувањето за бесплатна вакцинација против сезонски грип на ризичните групи население, кои може да се пријават со пополнување на апликацијата vakcinacija.mk на следниот линк: https://vakcinacija.mk/mk/registration-flu или преку својот матичен лекар. Со бесплатната вакцинација се опфатени ризичните категории население: повозрасни лица над 65 години, лица со хронични заболувања, здравствени работници, бремени жени, деца на возраст од 6 месеци до 5 години, како и лицата сместени во установи за социјална заштита на стари лица и вработените во овие установи“, информира Министерството.
Од таму велат дека вакцинацијата претставува најефикасна превентивна мерка за заштита на здравјето.
Македонија
Утре и в среда посебен сообраќаен режим во Скопје

Утре и в среда посебен сообраќаен режим во Скопје поради официјална посета на претседателот на Република Словачка, Пелегрини и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен
На 14/15.10.2025 година (вторник и среда) во официјална посета на Република Северна Македонија ќе присуствува претседателот на Република Словачка, Н.Е. Петер Пелегрини.
На 15.10.2025 година (среда) во официјална посета на Република Северна Македонија ќе присуствува претседател на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.
Од тие причини СВР Скопје – Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници.
Македонија
На полноќ завршува објавувањето резултати од анкети за локалните избори

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ги потсетува радиодифузерите дека согласно Изборниот законик, резултатите од испитувањата на јавното мислење во врска со Локалните Избори 2025, може да се објавуваат најдоцна пет дена пред датумот определен за одржување на првиот круг од изборите, односно најдоцна до 24:00 часот на 13 октомври 2025 година.
При објавување на резултатите од испитувањата на јавното мислење поврзани со учесниците во изборниот процес, медиумите се должни да наведат податоци за името на нарачателот кој го побарал и го платил испитувањето, институцијата што го извршила испитувањето, применетата методологија, големината и структурата на испитаниот примерок и периодот во кој е спроведено испитувањето.
Резултати од испитувања на јавното мислење спроведени на самиот ден на изборите не смеат да се објавуваат пред затворањето на избирачките места.