Македонија
СДСМ: Колку во Скопје што има бесплатен превоз, толку ДПМНЕ и пензиите ќе ги качи
Од владејачката партија оценуваат дека со ДПМНЕ нема поголеми плати и пензии, има само споменици и стиропор за богатење на Белата палата, врз грбот на народот.
„ДПМНЕ во изминатите 2 години покажа како ја практикува власта во Град Скопје и во 40-тина општини низ државата, со нула резултати и бесконечни листи нереализирани ветувања. Јавноста одамна ги прочита нивните лаги. Колку во Скопје што има бесплатен превоз толку ДПМНЕ и пензиите ќе ги качи. Со СДСМ пензиите ќе продолжат да растат, а со новата методологија ќе се усогласуваат на секои шест месеци врз основа на растот на трошоците за живот и на просечната плата“, велат од СДСМ.
Додаваат дека тие ја зголеми просечната пензија за 40 отсто.
Според СДСМ, во време на ДПМНЕ, во 2016 година, просечната пензија изнесувала 13.754 денари, додека во март 2023 година просечната пензија е покачена на околу 20.000 денари.
„Во времето на ДПМНЕ минималната пензија беше 9.000 денари, денес е 13.200 денари.
Разликата е јасна и очигледна“, посочуваат од партијата на власт.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје
Денеска, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Н.Е. Марк Руте.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Македонија
Без вода делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· Поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на улицата Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија, општина Центар;
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во село Бојане, во наредните 4 дена (03.03 до 06.03.2026 година) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане, општина Сарај.
Македонија
Делови од Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од стопанските објекти во Индустриската зона – Момин Поток, општина Бутел;
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од ул. Јан Хус бр. 11а, општина Карпош.

