Македонија
СДСМ: Мицкоски е единствен опозиционер кој во време на криза работи против државата
ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски на дебаклот од митинг добија јасна порака од граѓаните дека не сакаат блокади и деструкции, велат од СДСМ.
Од владејачката партија посочуваат дека во време, како што велат, на најголема глобална економска и енергетска криза граѓаните очекуваат одговорност, конструктивност и посветеност од страна на сите политички партии.
„ВМРО-ДПМНЕ треба да ги прифати овие пораки од граѓаните, да го промени својот деструктивен начин на однесување и да го стави интересот на граѓаните на прво место.
Наместо да биде единствен опозициски политичар, кој и во време на криза работи против државата и граѓаните, Мицкоски да се повлече од деструкциите“, се навeдува во партиското соопштение.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Пронајдено безживотно тело на млада жена во Тетово, Обвинителството изврши увид
Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово вчера изврши увид на лице место на локацијата каде беше пронајдено безживотно тело на млада жена, како и во изнајмениот стан во кој таа престојувала.
„Се преземаат сите дејствија за испитување на причините за смртта со детални проверки и вештачења на местото, иако првичните сознанија и траги на лице место не упатуваат дека смртта е резултат на кривично дело.
Сепак, наредена е обдукција, ќе се вршат распити на повеќе лица, а обвинителството и сите истражни органи интензивно постапуваат за испитување на причините“, соопшти Обвинителството.
Македонија
Без струја денеска дел од Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД информираат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 14.00 часот, дел од корисниците од улиците Китка, Солунска Глава, Сердарот покрај каналот и Јустинијан Први, општина Кисела Вода.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека поради дефект во шахта од ф – ¾ на улицата Ацо Караманов бр. 10, без вода ќе останат дел од корисниците од улицата Ацо Караманов, како и објектот на Американската Резиденција, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 до 00.00 часот.

