Македонија
СДСМ: Муцунски да земе да работи, да ја коси тревата и да чисти, наместо да ги обвинува граѓаните
Неискосените тревници по метро и половина и расфрланиот шут и отпад низ урбаните делови на Аеродром се резултата од неработа на градоначалникот на ВМРО-ДПМНЕ, обвинуваат од СДСМ.
„ Тимчо Муцунски покрај тоа што не ја извршува својата работа и не се грижи за општина Аеродром, сега граѓаните ги обвинува дека шират лажни вести. Еве неколку фотографии од општина Аеродром. Или и за овие фотографии Муцунски и ВМРО-ДПМНЕ ќе тврдат дека се од Австралија?Дали ѓубрето и шутот од фотографиите се од Австралија, од Гугл или сепак се од Аеродром?
Неискосените тревници, неисчистениот шут, предизвикуваат појави на змии, за кои со право реагираат граѓаните затоа што се опасност пред се по децата кои секојдневно се во парковите и спортските игралишта низ Аеродром. Нашите сограѓани од општина Аеродром знаат со какви состојби се соочуваат во секојдневното функционирање низ населбите во општината.
Муцунски да се зафати со работа, да ја коси тревата и да ја одржува хигиената, наместо да ги напаѓа граѓаните дека манипулираат, не соодветен е ваквиот однос на општината кон своите сограѓани“ велат од владејачката партија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Топло со умерена облачност, температурата до 25 степени
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. На североистокот ќе има услови за појава на краткотраен дожд.
Ќе дува слаб до умерен, а по должината на Повардарието краткотрајно засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 20 до 25 степен.
Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 23 степени.
Ќе настапи преодно стабилизирање на времето со позначителен пораст на дневната температура. Од сабота кон крајот на денот повторно се очекува нестабилно време со локален пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме. Повремена претежно попладневна нестабилност со пороен дожд и грмежи, со променлив интензитет, ќе има сѐ до средината на следната недела.
Скопје
108 санкционирани возачи во Скопје
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
„На територијата на град Скопје изречени се вкупно 108 мерки, меѓу кои девет мерки за возење без возачка дозвола, четири санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло, седум мерки за користење мобилен телефон при возење, осум санкции за некористење на сигурносен појас…“, извести МВР.
Од таму додаваат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.
Македонија
Нема подолги задржувања за влез и излез од државата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.