Македонија
СДСМ: Наместо зеленило, бетонизација за граѓаните на Лисиче
Граѓаните на Лисиче наместо зеленило добиваат бетонизација, наместо мега паркови – висококатници, реагираат денеска од СДСМ.
-Со новиот детален урбанистички план на општина Аеродром, ВМРО-ДПМНЕ и градоначалникот Тимчо Муцунски во Лисиче планираат изградба на десетина згради високи и до 10 ката. Со него, ниви купени од инвеститори пред носењето на планот, стануваат градежни парцели и тоа во делот на градот, каде аерозагадувањето континуирано урива рекорди, велат од СДСМ.
Според нив деталниот урбанистички план, кој се носи речиси зад грбот на граѓаните, отвора сомневања за корупција за тоа како инвеститорите знаеле кои парцели ќе добијат маркици за висококатници.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Претежно сончево и топло со мала до умерена облачност, температурата ќе се искачи до 36 степени
Сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне, претежно во планинските подрачја ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи.
Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност.
Вредноста на ултравиолетово зрачење (УВ) ќе биде 7.
Минималната температура ќе се движи во интервал од 10 до 19°C, а максималната од 27 до 36°C.
Македонија
Тошковски по предлогот да биде министер: Ја прифаќам одлуката која за мене е голема одговорност и обврска кон сите вас
Досегашниот министер за внатрешни работи во техничката Влада, Панче Тошковски, е предлогот за истата оваа функција во новата влада.
„Вечерва по предлог на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, Извршниот и Централниот комитет донесоа одлука со која сум предложен за министер за внатрешни работи во новата Влада. Со огромна чест ја прифаќам оваа одлука, која за мене претставува голема одговорност и обврска кон сите вас“, напиша Тошковски.
Тој се заблагодари на Мицкоски, како и на сите членови на Извршниот и Централниот комитет за довербата и поддршката која му ја укажаа.
„Ветувам дека ќе работам неуморно за подобрување на условите за живот на сите граѓани и за обезбедување на безбедна, просперитетна и праведна Македонија, дополни Тошковски.
Македонија
Во вторник на 18 јуни до Собранието ќе биде доставен официјалниот список со членовите на новата влада
Во вторник на 18 јуни до Собранието ќе биде доставен официјалниот список на членовите на новата влада, а мандатарот Христијан Мицкоски вечерва рече дека гласањето за новата влада очекува да биде во текот на следниот викенд, 22-23 јуни.
Мандатарот за состав на влада и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вечерва на прес-конференција ги соопшти имињата за кадровските решенија во новата влада од коалицијата „Твоја Македонија“, што вечерва беа потврдени од Извршниот и Централниот комитет на партијата.
Тој рече дека нивна работа е да се врати Македонија на народот и дека доаѓаат убави времиња за народот.
Тој ги соопшти имињата на новите министри во македонската Влада.
Министер за транспорт и потпретседател на Влада – Александар Николоски
Министер за одбрана – Владо Мисајловски
Министер за финансии – Гордана Димитриовска Кочоска
Министер за надворешни работи и надворешна трговија – Тимчо Муцунски
Министер за локална самоуправа – Златко Перински
Министер за информатичко општество и дигитална трансформација – Стефан Андоновски
Министер за спорт – Борко Ристовски
Министер за енергетика, рударство и минерални суровини – Сања Божиновска
Министер за земјоделие, шумарство и водостопанство – Цветан Трипуновски
Министер за култура и туризам – Зоран Љутков
Министер за внатрешни работи – Панче Тошковски
Министер за образование и наука- Весна Јаневска
Министер за политички систем – Љупчо Димовски
Министер задолжен за односи меѓу заедниците – Иван Стоилковиќ
Министер задолжен за интеграција и имплементација на Декадата на Ромите – Шабан Салиу
Мицкоски го доби мандатот од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на 6 јуни и има рок од 20 дена до Собранието да достави програма и предлог состав на владата.
Собранието закажува седницата за избор на нова влада во рок од 15 дена по добивање на предлогот, а расправата трае најмногу два дена.