Македонија
СДСМ: Нема повисоки плати за работниците, но има за бизнис-класа од 20.000 евра за Мицкоски

Според СДСМ, додека трошоците за живот интензивно растат, животот на граѓаните станува се потежок, Мицкоски вели нема пари за поголеми плати за работниците.
„Иако им ветуваше поголеми плати пред изборите сега создава алиби дека нема да го исполни ветувањето.
Кога треба да се покачи минималната плата за работниците Владата на Мицкоски нема пари. Само кога треба тој, Мицкоски и неговите министри да патуваат тогаш има пари и за луксузирања, и за скапи карти од 20.000 евра, и за бизнис класи, за бројни делегации…
Не е дека нема пари, има пари доволно, прашањето е на приоритети“, истакнуваат од СДСМ.
ВМРО-ДПМНЕ, како што додаваат во нивното известување, го потценува трудот на работниците и ги смета за евтина работна сила.
Затоа како што оценува СДСM, со оваа власт нема да има поголеми плати.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Нема подолги задржувања за влез и излез од државата

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Утрово ведро и посвежо, преку денот ќе биде сончево и потопло

Во поголем дел од земјава утрово ќе биде ведро и посвежо, во источните делови променливо облачно со услови за слаб локален дожд. Преку денот времето ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, долж Повардарието и во источните делови засилен ветер од северен правец (над 70 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 11, а максималната ќе достигне од 16 до 24 степени.
Во Скопје, сончево и потопло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 24 степени.
Времето во наредните денови
Во следните денови времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а дневните температури ќе бидат во постепен пораст.
Македонија
Дел од општина Ѓорче Петров денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 11 до 13 часот, корисниците од викенд населба село Кучково, општина Ѓорче Петров.