Македонија
СДСМ: Одговорноста за скандалот со медицинскиот отпад води до луѓе на ВМРО-ДПМНЕ
„Фактите за скандалот со медицинскиот отпад покажуват директна поврзаност со ВМРО-ДПМНЕ и криминалот на Никола Груевски, кој Христијан Мицкоски ревносно го брани. Одговорноста за овој огромен скандал води директно до луѓе блиски на ВМРО-ДПМНЕ, блиски до Груевски и неговиот извершител Христијан Мицкоски“, соопшти СДСМ.
Според партијата, обвинителката во предметот, која два месеца се немаше изјаснето за истражната постапка, е кадар на ВМРО-ДПМНЕ, поставена од Сашо Мијалков и Гордана Јанкулоска.
„Горан Ангелов долги години беше директор на Дрисла, го примал инфицираниот отпад да се депонира, е кадар на ВМРО-ДПМНЕ, поранешен градоначалник и кандидат за претседател од оваа партија во 2019 година. Затоа извршителот на Груевски, Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се обидуваат да го заташкаат случајот откако се потврди дека со години ги труеле граѓаните и природата.Кадрите на Груевски и извршителот Мицкоски кои со години терале бизниси на сметка на здравјето на луѓето и животната средина мора да понесат одговороност. Исто и оние кои го заташкувале случајот“, се додава во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило делницата од автопат А1 Велес – Градско е затворена
Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило, во 01:20 часот делницата од Автопат А1 Велес – Градско е затворена и возилата се пренасочуваат по експресниот пат Градсско – Дреново до локализирање и ликвидирање на пожарот, извести АМСМ.
Сообраќајот на магистралниот пат Прилеп – Градско се одвива наизменично.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Без струја делови од Петровец, Чаир и Гази Баба
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.30 до 11.30 часот, корисниците од селата Градманци, Летевци, Катланово и Брезница, општина Петровец;
– во периодот од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од улицата Ордан Чопела, улицата Петре Георгиев и улицата Челопек, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците од улицата Вера Вучковска Жезељ во населба Хиподром, општина Гази Баба.
Македонија
Делови од Центар и Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект во шахта од ф – ¾ на улицата Ацо Караманов бр. 10, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат дел од корисниците од улицата Ацо Караманов, како и објектот на Американската Резиденција, општина Центар.
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека исто така денеска поради уличен дефект на улицата Девол бр. 15, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат корисниците од улицата Девол, општина Карпош.

