Македонија
СДСМ одлучи: Нема предвремени избори
Извршниот одбор на СДСМ вечерва на седница одлучи да не прифати предвремени парламентарни избори. Како што беше соопштено по состанокот, владејачката партија смета дека во моментов приоритет е да се спроведат реформите на патот кон ЕУ.
Портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов, рече дека државотворна партија на која на прво место и се интересите на граѓаните и државата не мисли на предвремени избори, дури и кога рејтингот и поддршката кај граѓните е многу повисок од оној на опозицијата.
„Економијата е раздвижена, платите растат, се зголемуваат инвестициите. Тоа е добра основа за посветување на резултат што го бараат граѓаните. Одговорна власт не би го загрозила датумот за преговори со ЕУ со предвремени парламентарни изборни“, изјави Костадинов.
Во однос на претстојните претседателски избори тој рече дека Република Северна Македонија ја очекуваат фер претседателски избори на кои ќе победи СДСМ. Владејачката партија најави консултации со сите партии, вклучувајќи ги и вонпарламентарните, за да дојдат до консензуален кандидат за претседател.
На состанокот не станало збор за преименување на името на партијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Илинден и Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09:00 до 13:00 часот, улица Бунарџик. (Општина Илинден)
– во периот од 09-00 до 15-00 часот, дел од корисниците на улиците: Мице Козар и Ѓуро Салај. (Општина Ѓорче Петров)
Македонија
Сончево и релативно топло со мала до умерена облачност
Сончево и релативно топло со мала до умерена облачност. Во утринските часови наместа ќе има зголемена облачност која во текот на денот ќе се намали. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 3, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има услови за појава на слаба магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредниот период
Продолжува период на стабилно и релативно топло време. Во текот на ноќите и во утринските часови ќе има појава на магла на одредени места и зголемена облачност која во текот на денот ќе се намалува.
Македонија
Сообраќајот на граничниот премин Евзони (ГП Богородица) се одвива нормално
Сообраќајот на ГП Евзони (ГП Богородица) се одвива нормално, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

