Македонија
СДСМ: Однесувањето на Ковачки е последниот во низата примери дека ништо не се менува во ВМРО-ДПМНЕ
„Драган Ковачки, со секој негов јавен настап во Собранието го открива најгрдото лице на неговата партија, ВМРО-ДПМНЕ и потсетува на таа нечовечност пред се во редовите на ВМРО ДПМНЕ од времето на Груевски“, велат од СДСМ преку соопштение.
„Клеветењето и нечовечноста во редовите на ВМРО-ДПМНЕ го достигна својот зенит, а особено омразата, злобата која ја манифестира Ковачки кон министерката за одбрана, но и на пратеници од ВМРО-ДПМНЕ кон други пратенички од парламентарното мнозинство.
Токму таквите методи на психичко и физичко насилство кон противниците беше одлика на 11-годишниот режим и токму таквото однесување резултира со насилството и обидот за убиство по влегувањето во Собранието на топлите организирани од ВМРО-ДПМНЕ на 27 април 2017 година.
Тој модел на однесување и тоа насилство во политиката ВМРО-ДПМНЕ никогаш јавно не го осуди и не се огради од него. Јавноста, граѓаните, со право реагираат, Собранието не е и никогаш повеќе нема да биде место за омраза, навреди и омаловажувања.
Однесувањето на Ковачки е последниот во низата примери дека ништо не се менува во ВМРО-ДПМНЕ предводена од Христијан Мицкоски“, порачаа од партијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од општината Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 16.00 часот корисниците на улиците Борис Сарафов и Атанас Иљоски (општина Ѓорче Петров).
Македонија
Магла на два патни правци, најавен собир на регионалниот пат Берово – Струмица, сообраќајот ќе биде блокиран
Поради појава на магла се бележи намалена видливост од 50 – 60 магла има на патните правци Неготино – Градско и Неготино – Демир Капија, извести АМСМ.
Најава за прекин на сообраќај: На 19.12.2025 година во 10.00 часот од страна на Месно население на село Двориште, најавен е јавен собир на Регионален пат П-1302 (Берово – Струмица) на место викано „Студенецо“, при што сообраќајот ќе биде блокиран, а возачите кои сообраќаат по патен правец Струмица – Берово, да ги користат алтернативните патни правци, соопшти АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, претпладне магла
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне наместа ќе има појава на магла. Во југоисточниот дел од земјата ќе дува слаб ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 1, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, променливо облачно и тивко. Во делови од котлината ќе има појава на магла. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на стабилна воздушна маса до понеделник ќе се задржи стабилно и тивко време. Наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност. Во вторник кон крајот на денот ќе има услови за локален слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

