Македонија
СДСМ: Општествено обединување за европскиот пат е врв на патриотизмот
СДСМ, како државотворна политичка партија со поддршка на меѓународните партнери, ќе направи сè да ја постави државата на маса на новата геополитичка реалност. Подаваме рака секој да се приклучи во остварувањето на оваа државна цел, порачаа од владејачката партија.
„Нашата нова голема тема, голема идеја, е големо општествено и национално помирување и обединување за европскиот концепт, за европскиот пат на државата! Време е да се мобилизираат сите прогресивни сили што ги делат европските вредности.
Време е за целосен општествен консензус за европскиот пат и европската иднината на државата.
Да кажеме НЕ за нови делби, да кажеме НЕ за нови лажни пророци. Да кажеме ДА за обединување, за обединување во најширока смисла – национална, меѓунационална, политичка и државна! Тоа е врвот на современиот патриотизам“, се додава во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска дел од Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД информираат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 14.00 часот, дел од корисниците од улиците Китка, Солунска Глава, Сердарот покрај каналот и Јустинијан Први, општина Кисела Вода.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека поради дефект во шахта од ф – ¾ на улицата Ацо Караманов бр. 10, без вода ќе останат дел од корисниците од улицата Ацо Караманов, како и објектот на Американската Резиденција, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 до 00.00 часот.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, во вечерните часови повремен дожд
Променливо облачно со сончеви периоди. Во вечерните часови и во текот на ноќта во северните делови ќе има повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9, а максималната ќе достигне од 11 до 17 степени.
Во Скопје, променливо облачно, во вечерните часови и во текот на ноќта ќе има повремен дожд. Ќе дува слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на серија влажни воздушни бранови од утре во вечерните часови до понеделник следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни и во текот на 24 часа се очекува да наврне поголема количина дожд (над 30 l/m²).

