Македонија
СДСМ: ОЈО да отвори предмет за злоупотребата на парите од општините под капата на ДПМНЕ
Надлежното Јавно обвинителство да постапи и да ги истражи сомнителните јавни набавки со астрономски цени во општините под капа на ДПМНЕ, велат од СДСМ.
„Новата афера на градоначалниците на ДПМНЕ кои купувале неколкупати поскапи машини од реалната цена мора да се расчисти. Според јавно достапни документи општина Битола за речиси 50.000 евра набавила машина за бележење хоризонтална сигнализација. Иста машина набавила општина Велес по цена од 40.000 евра“, додаваат од СДСМ.
Според СДСМ, овие цени се 3 до 5 пати повисоки од реалните.
„Општина Илинден и многу други општини набавиле таква машина по три пати пониска цена од астрономските, кои се платени во општините Велес и Битола. Прашањето е во чии џебови завршила разликата? Одговорност за злоупотреба на парите на граѓаните мора да има“, завршуваат од владејачката партија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Земјотрес почувствуван во Македонија
Утрово во 7 часот и 20 минути беше почувствуван земјотрес на територијата на Македонија, објави ЕМСЦ.

Според ЕМСЦ земјотресот бил со јачина од 3.1 степени според Рихтер.
#Earthquake (#земјотрес) possibly felt 24 sec ago in #RepublicofNorthMacedonia. Felt it? Tell us via:
📱https://t.co/QMSpuj6Z2H
🌐https://t.co/AXvOM7I4Th
🖥https://t.co/wPtMW5ND1t
⚠ Automatic crowdsourced detection, not seismically verified yet. More info soon! pic.twitter.com/IaWrDzq6eR— EMSC (@LastQuake) December 15, 2025
Како што објави ЕМСЦ епицентарот на земјотресот бил на 35 километри од Приштина, на границата меѓу Косово, Србија и Македонија.
Македонија
Делови од Карпош и Чучер Сандево денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од село Горно Нерези (општина Карпош), како и корисниците од селата Глуво и Мирковци. (општина Чучер Сандево )
Македонија
Претпладне магла, во текот на денот сончево и претежно тивко
Сончево со мала до умерена облачност. Во утринските часови наместа ќе има појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 0, а максималната ќе достигне од 9 до 13 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
До крајот на неделата времето ќе биде сончево и претежно тивко. Во утринските и ноќните часови на одредени места ќе има појава на магла. Максималната температура ќе биде над просекот за овој период од годината.

