Македонија
СДСМ: Парламентарното мнозинство на СДСМ се зголемува, чекор напред за поддршка на членството во ЕУ

Парламентарното мнозинство предводено од СДСМ се зголемува како чекор напред за проширување на сојузот за поддршка на членството во ЕУ. Извршниот одбор (ИО) на СДСМ едногласно одлучи да продолжат разговорите со Алијансата за Албанците за влез на оваа партија во владината коалиција, соопшти СДСМ.
„Соработката со Алијансата ќе биде додадена вредност за граѓаните и државата во реализацијата на европската агенда. Ова истовремено претставува јасна диференцијација од ВМРО-ДПМНЕ и Левицата, двете политички партии во Собранието што се против ЕУ. На Мицкоски повторно му се изјаловија плановите за парламентарно мнозинство, кое го најавуваше на почетокот на годинава.
Мицкоски нема 61 пратеник, нема распуштање на Собранието, напротив, парламентарното мнозинство на СДСМ расте. И пред една година Мицкоски велеше дека има ново парламентарно мнозинство и тогаш владиното актуелното мнозинство се зголеми. Во период кога се најреални шансите за членство на државата во Унијата до 2030 година, сите политички партии имаат одговорност во градењето консензус за влез во ЕУ.
СДСМ, по 17 години од кандидатскиот статус, ги отвори преговорите во Европската Унија со целосно заштитен македонски идентитет и рамноправно признаен македонски јазик. Наша одговорност пред граѓаните е да ја обезбедуваме европската иднината на државата, економскиот стандард, за подобар живот за сегашните и идните генерации“, порачаа од владејачката партија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози

Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози, извести АМСМ.
На патниот правец Тетово – Попова Шапка се уште е активна забраната за тешки товарни возила, а за останатите видови на возила задолжителна е употреба на зимска опрема (ланци).
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Според известување од Виадукт Треј Дооел – Гостивар од 09.04.2025 година(Среда), ќе се врши реконструкција на дилатациони спојки на дел од автопатот Неготино-Велес (клучка Неготино), каде сообраќајот ќе се одвива во една сообраќајна лента во правец од Неготино кон Велес во времетраење од 15 дена, соопшти АМСМ.
Македонија
Посебен режим на сообраќај во Скопје

Од денеска до 11 април во официјална посета на Македонија ќе присуствува Н.Е. Уршка Клакочар Зупанчиќ, Претседател на државниот збор на Словенија.
Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на подрачјето на град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите што ќе ги даваат полициските службеници.
Македонија
Неколку скопски општини денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– 09:00 до 11:00 часот, корисниците од С.Чајлане (Општина Сарај);
· Oд 09:30 до 11:00 часот, дел од ул 2 .(Општина Сопиште).
· Oд 09:30 до 11:00 часот, дел од ул 4 .(Општина Сопиште)
· Oд 09:30 до 14:00 часот Рилски Конгрес, Славејско Арсов Христо Чернопов.(Општина Центар)
– Oд 12:30 до 14:30 часот Дел од корисниците на ул. Мечкин Камен ул.Петко Јанчевски од бр.32 до бр,60(Општина Ѓорче Петров)