Македонија
СДСМ по одложената седница во Собрание: Му даваме шанса на дијалогот
Владеjачкото мнозинство предводено од СДСМ по вчерашното одложување на седницата за Законот за јазици вели дека му дава шанса на дијалогот бидејќи, според нив, преку разговори со коалициските партнери и опозицијата ќе се најдело решение во интерес на сите граѓани. Собранието останува затворено една недела, по што, ќе се закаже седницата за носење на Законот за јазици. Засега не е прецизиран датумот на седницата.
„Очекуваме дека сите ќе ја препознаат важноста на моментот, ќе препознаат дека е неопходен дијалог во интерес на реформите, кои се неопходни и услов за нашиот интегративен пат во ЕУ и НАТО. Реформите што треба да ги спроведеме во краток рок и со определена динамика не дозволуваат блокирање на Собранието и на неговата работа. Пратеничката група на СДСМ останува на ставот дека е потребно заокружување на процесот на усвојување на Законот за употреба на јазиците. Тоа е во интерес на сите граѓани во Република Македонија. СДСМ цврсто верува во концептот едно општество за сите“, велат од СДСМ.
Седницата на која требаше да се расправа за Законот за јазиците вчера беше одложена од засега непознати причини. Претседателот на Собранието, Талат Џафери, за „Макфакс“ по одложувањето рече дека вината е кај партиите. Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Данев, рече дека не знаат зошто седницата е одложена.
Вчера првично седницата беше закажана за 12 часот, па беше презакажана за 15 часот. Во собраниската сала во 15 часот се појави единствено пратеникот Амди Бајрам. Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, кој кусо се појави во пленарната сала, не можеше да им одговори на новинарите дали денеска ќе има или не расправа за амандманите за Законот за јазиците.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
„Албанската опозиција денес наликува на стар шатор што се кине штом ќе задува ветер“, велат од „Влен“
„Албанската опозиција денес наликува на стар шатор што се кине штом ќе задува ветер. Она за што ВЛЕН предупредуваше долго време, денес стана реалност. Селотејп коалицијата наречена НАИ е најголемата политичка измама во последните години. Последователните заминувања и внатрешниот хаос јасно покажуваат дека овој проект не е изграден за Албанците, туку за лични амбиции спакувани со ПР трикот на „референдумот“ за фрлање пепел во очите на Албанците“, велат од „Влен“.
„НАИ не функционираше ниту еден ден како сериозна опозиција. Денес се распаѓа во очите на јавноста, камен по камен, бројка по бројка. Заминувањето на Мендух Тачи, заминувањето на Арјанит Хоџа, Кренар Љога и напуштањето на Зијадин Села се само симптоми на структура изградена врз интересите на поединците, а не врз интересите на граѓаните.
ВЛЕН не се радува кога другите се уништуваат, но е јасно дека опозицијата што се распаѓа на парчиња му штети на политичкиот систем и ги остава граѓаните без алтернатива. Албанците заслужуваат сериозност, а не неуспешни експерименти со селотејп“, соопштуваат од „Влен“.
Македонија
Дел од Кисела Вода денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 10.00 до 13.00 часот, корисниците од улиците Михаил и Ефтихиј и Георги Димитров. (општина Кисела Вода)
Македонија
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 30 l/m² за 24 часа), со услови за невреме со појава на грмежи и силен ветер. Во текот на денот ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 12, а максималната ќе достигне од 13 до 19 степени.
Во Скопје, променливо облачно, во делови од котлината со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 16 степени.
Времето во наредните денови
Во деновите од викендот ќе се задржи променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Во сабота наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 30 l/m² за 24 часа), локално со услови за невреме со силен ветер и појава на грмежи. Во недела поради продор на постудена воздушна маса на повисоките планини врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег. Во понеделник и вторник ќе има стабилизирање на времето, а утринската температура значително ќе опадне.

