Македонија
СДСМ: Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ нема кредибилитет додека Вељановски, Милошоски и Димовски не поднесат оставки
СДСМ покажа дека се менува за напредокот на земјата да продолжи уште позасилено. ВМРО-ДПМНЕ покажува дека кај нив ништо не се менува, напротив, остануваат заглавени во матрицата на Никола Груевски, на одбрана на криминал, деструкција и антидржавно однесување, соопшти СДСМ.
„Оставката на Павле Богоевски од функцијата пратеник од морални причини е пример за висок морален чин и силно чувство на лична одговорност пред граѓаните.
Од друга страна, кај пратениците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, против кои се водат судски процеси за тешки кривични дела, нема ниту приближно чувство на морална одговорност.
Напротив, наместо одговорност тие го бранат криминалот, наместо морално однесување, тие пропагираат деструктивно однесување спротивно на интересите на граѓаните.
Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, Трајко Вељановски, Антонио Милошоски и Илија Димовски против кои се водат судски процеси и истраги за тешки кривични дела не треба да чекаат ниту ден повеќе, туку веднаш да си поднесат оставки од своите функции.
Тоа е најмалку што може да го направат за да се избегне каква било можност да ги попречуваат или влијаат врз судските процеси и истрагите против нив.
Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ немаат минимум кредибилитет сè додека во нивните редови седат пратеници против кои се водат истраги и процеси за сериозни дела, велат од партијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Апасиев: Семејното насилство да се казнува повеќе од обичното, итно е потребна радикална реформа на заостанатите Центри за социјална работа
„Како што дрска кражба се казнува повеќе, а не помалце од обична; како што убиство со умисла се казнува повеќе, а не помалце од убиство на миг; така и семејно насилство треба да се казнува повеќе, а не помалце од обично насилство – оти една од основните функции на семејството е заштитната! А каква “заштита” имаш ако дома маж ти те тепа секој ден?“, пишува претседателот на Левица, Димитар Апасиев на социјалните мрежи.
Тој порача дека „под итно е потребна радикална реформа на заостанатите Центри за социјална работа, кои се напикани со неспособни и нестручни партиски штабци! Под итно!!!“
Македонија
Максо е платеник на ВМРО кој за свои лични и бизнис интереси со ЗНАМ сакаше да го уништи СДСМ одвнатре, велат од СДСМ
Максим Димитриевски – Максо го гледаме како кука по телевизија, како да не е дел од криминалната власт, велат од СДСМ.
„Максо е платеник на ВМРО кој за свои лични и бизнис интереси со ЗНАМ сакаше да го уништи СДСМ одвнатре, но не му успеа.
Очигледно сега, кога граѓаните знаат дека бил кукавичко јајце и дека ЗНАМ како партија повеќе нема никаква поддршка од граѓаните, бара да си ги наплати своите „заслуги“ за ВМРО-ОКГ.
Дури Максо зборува и за Груби, дека е дома, во куќен притвор, а неговиот шеф Мицкоски стои позади тој дил.
Што глуми Максим Димитриевски?
Или не му дале некој нов тендер па мора малку да плаче по телевизија за да го добие?
Како оној во Пошта, од 1,2 милиони евра што го доби фирма блиска до ЗНАМ во време кога вработените не можат навреме ниту плата да поделат“.
Максим, додаваат од опозициската партија, е познат по тоа што јавно призна дека не живее од плата.
„Затоа не мисли тој на работниците и тоа што тој и неговата влада одбиваат да им ја покачат минималната плата на 600 евра.
За тоа не се жали Димитриевски, не знае што е плата и како е да се преживее од први до први во месецот, како што се мачат над 200 илјади работници.
Сè е приватен бизис во тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ, никој од нив не живее од плата, само од тендери“.
Македонија
Општина Аеродром објави јавен повик за доделување признанија за особени достигнувања
Општина Аеродром објави јавен повик за доделување признанија за особени достигнувања во областа на науката, уметноста, спортот, образованието и заштитата на животната средина.
Признанијата се доделуваат за остварувања во претходната и тековната година, како и за подолг период на работа и творештво, вклучително и постхумни награди.
„Кандидатите можат да се пријават лично или да бидат предложени од правни и физички лица.
Рокот за поднесување пријави е седум работни дена од денот на објавувањето на повикот.
Пријавите се доставуваат по пошта на адреса: Општина Аеродром, бул. „Јане Сандански“ 109Б, 1000 Скопје, или лично во архивата на Општината, секој работен ден од 9:00 до 15:00 часот.
Подетални информации и потребните обрасци се достапни на: http://aerodrom.gov.mk/vest/9566“.

