Македонија
СДСМ: Прекинот на наставата е на штета на децата, СОНК да се врати на дијалогот
Дијалогот е единствен начин да се дојде до решенија, без какви било уцени. Сосема разбирлива е потребата од достоинствено вреднување на трудот на секој работник, секако и на наставниците, се вели во соопштението од СДСМ.
Од партијата наведуваат дека правото на штрајк е уставно загарантирано право, но исто така уставно загарантирано е и правото на образование.
Тие апелираат СОНК да се врати на дијалогот, да продолжат разговорите, наставниците да се водат од најдобрите интереси на учениците.
Да не се дозволи штрајкот да влијае на прекин на наставата или на продолжување на учебната година.
Прекинот на наставата ќе резултира со работни саботи или пролонгирање на учебната година и покус летен распуст затоа што наставната програма мора да биде целосно реализирана.
Ова негативно ќе се одрази и на уписите, полагањето на државната матура, но и на полагањето стручен испит за речиси петстотини наставници.
Тоа е на штета на воспитно-образовниот процес, на учениците, на матурантите.
Токму затоа и УНИЦЕФ предупреди дека децата не може да си дозволат прекин во наставата, се вели во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд
Времето денес ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд.
Наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 30 l/m² за 24 часа) со услови за појава на невреме со грмежи и силен ветер. Преку денот ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 13 до 19 степени, јавува УХМР.
Во Скопје, променливо облачно, со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен јужен ветер. Максималната температура ќе достигне до 18 степени.
Македонија
Дел од улицата Партение Зографски денес без струја
ЕВН Македонија извести дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од ул.Партение Зографски од раскрсницата со ул.Рилски Конгрес до Бул. Тодор Александров ( општина Центар )
Македонија
Поради сообраќајка во прекин сообраќајот на патот Битола-Државна граница со Грција
Во 20:00 часот на крак А-3 Битола – Државна Граница со Р.Грција во близина на крстосница за с.Бистрица и с.Оптичари, случена е сообраќајна незгода, поради што сообраќајот на патниот правец Битола – Држ. граница е во прекин и истиот ќе се пренасочи низ.с.Бистрица и с.Породин соопшти АМСМ.

