Македонија
СДСМ се обиде да прикрие убиство, обвинува ВМРО-ДПМНЕ
СДСМ се обиде да прикрие убиство. За Оливер Спасовски и Зоран Заев, бруталниот напад врз младиот Никола Саздовски беше само обично насилство. Иако неговиот живот беше доведен во опасност, провладините медиуми и новинарите од доверба на Зоран Заев ја манипулираа јавноста дека инцидентот бил измислен, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
Според партијата, Оливер Спасовски позираше пред автомобил изгребан од мачки, а се крие да соопшти детали зошто случајот е квалификуван како насилство и каде се другите сторители.
„Еден млад живот згасна благодарение на неспособноста на Спасовски и коалицијата на СДСМ со криминалот. Лицемерното изразување сочувство нема да го врати младиот Никола Саздовски, ниту ќе помогне за подобрување на безбедноста. Сè додека Заев и Спасовски се на власт, пајаци ќе претепуваат полициски службеници, а инцидентите ќе остануваат нерасчистени.
Сè додека Заев и Спасовски се на власт, млади како фудбалерот Мартин Јанушев ќе бидат брутално ликвидирани на улица, а по сторителите ќе се трага со месеци. Сè додека Заев и Спасовски се на власт криминалци ќе бидат пуштани на слобода, а политички ќе бидат прогонувани уметници, режисери и видни личности кои не ги делат истите гледишта со нив. Со Заев и Спасовски на власт, загрозени се животите на сите граѓани. Затоа не е време за лицемерие, туку за оставки“, се додава во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Непречен сообраќај по претежно влажни коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Скопје
Падна дрво во населбата „Автокоманда“ во Скопје
Преку Единствен повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК е добиена пријава за паднато дрво на булеварот „Александар Македонски“ близу паркингот на влезот на фабриката „Железара и Железарија Јоле“ во населбата „Автокоманда“.
Од ЦУК, веднаш по добиената информација од страна на Сектор за операции и координација, покрај МВР, беа известени ЈП „Паркови и зеленило“ на Град Скопје, коишто испратија екипи и истите интервенираа во расчистување на паданатото дрво.
Македонија
Променливо облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд
Променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд. Во јужните делови наместа врнежите ќе бидат пообилни, локално проследени со грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 13, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени.
Во Скопје променливо облачно со повремени врнежи од дожд и со слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 20 степени.
Во сабота ќе има преодно стабилизирање на времето, а потоа во следните денови во попладневните часови ќе има локална појава на краткотраен пороен дожд и грмежи. Дневната температура ќе биде во пораст.